Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски од Кичево:Лага е дека Македонците и Албанците се мразеле меѓу себе,потребен ни е нов патриотизам на 21 век

0
By Mirjana on October 11, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 11, 2021 18:36

-Оваа наша борба мора да биде заедничка, ова не е борба само на Македонците, или само на Албанците, ова е борба на народот против корумпираната власт. Против бандитите кои направија пакт со политичарите од власта. Токму затоа ова е битка на народот против бандитизмот. За народот, на власта и текнува пред избори, и нивните гласови смета дека ги има во џеб исто како и гласовите на дел од Македонците, и така смета дека ги има гласовте и на сите останати, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево.

„Тие мислат дека не им треба ниту програма, ниту план, туку едноставно ќе излезат на избори ќе се заканат, ќе уценат, ќе ги злоупотребат инстутициите, тука најмногиу полицијата која е директно под чизмата на гласвниот слуга на Заев тоа е Оливер Спсасовски, ќе поделат малку од украденото и работата е завршена. Но, овој пат на 17 така нема да биде, народот гласно ќе зборува и ќе заокружи број 7 и потоа следи ново мнозинство и потоа јас ви ветувам одговорност за се што се случуваше“, кажа Мицкоски.

„Лага е дека Македонците и Албанците се мразеле меѓу себе. Ниту јас, ниту било кој околу мене мрази некого. Обичните Македонци и Албанци, исто како и Турците, и Србите и сите останати одлично се разбирале меѓу себе. Ѕидовите биле поставувани од оние политичари кои во тоа гледале бизнис и лични интереси. И мене ми се гади од таквите луѓе. Треба да градиме заеднички патриотизам, модерен, нов, обединувачки, патриотизам на 21 век“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кичево.

„Затоа драги пријатели, браќа и сестри ве повикувам сите заедно да се обединиме околу човекот кој што пред мене говореше на оваа говорница и кој што рече дека нема да зборува ниту за градинки, ниту за реновирање на училишта, водоводи, канализации бидејќи тоа е основна и елементарна работа која на што сите нас ни следува во 21 век. Но, тој го има тоа во својата програма“, рече Мицкоски за кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски. Мицкоски посочи дека секој градоначалник кој што е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ има реална програма и остварлива. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ содржи вкупно 14.835 проекти се предвидени за Македонија, повеќе од 2.000 асфалтирање на нови улици, градба и реконструкција на 100 градинки, 150 училишта, инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Предвидени се дури и инвестиции во 60 објекти во културата, 90-тина во спортски сали за млади, гасификација, дигитализација и уште многу други работи.

На митингот се обрати кандидатот за градоначалник Александар Јовановски.„Ви го честитам 11-ти Октомври денот на народното востание против фашистичките окупатори на нашата заедничка татковина Република Македонија! Чест ми е да се претставам пред вас на овој светол и многу значаен ден во историјата на Република Македонија, бидејќи херојските подвизи и саможртвите на Мирко Милески, Исеин Акиоски, Реџо Рушит Зајази и огромен број знајни и незнајни јунаци наши сограѓани се уште одекнува и ни остава аманет да живееме слободно, среќно и сплотени заедно“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски на митингот.

Јовановски додаде дека од досегашното долгогодишно владеење на градоначалникот, задоволен е само тој и уште десетина негови пајташи со кои заедно ги множат и делат буџетските пари на општината.

 

Кичево Мицвкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.