Author: Mirjana

Денешнава показна вежба на нашата Специјална антитерористичка единица – Тигар, како круна на завршената речиси едно месечна обука што ја спроведоа експерти припадници на италијанските карабинери, односно на нивната Специјална единица за интервенции (ГИС), за “Зајакнување на капацитетите за превенција /спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам“, а во рамки на проектот ИПА 2016 – “Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“, е дополнителен доказ за решеноста на Министерството да истрае во својата визија за институција што навистина ќе биде непробоен бедем за сите прекршители на законите за сите закани по безбедноста на…

Read More

Бруто домашниот производ, во првата половина од оваа година, оствари раст којшто речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка, поттикнат и од кредитната поддршка од банкарскиот сектор. Се очекува натамошно постепено закрепнување на економијата, што во голема ќе зависи од закрепнувањето на нашите најзначајни трговски партнери, што, пак, е условено главно од ризиците поврзани со епидемиолошката состојба. За ова беше разговарано на работната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов и со генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Димитар Иванов. На средбата стана збор за општата…

Read More

Министерството за надворешни работи почна проект за ставање во функција на имоти наследни од поранешна СФРЈ во нашата дипломатско-конзуларна мрежа, при што ќе бидат реновирани повеќе објекти кои се користат како дипломатско-конзуларни претставништва, а ќе се градат и нови згради на амбасадите во Атина и во Анкара, за што се одобрени средства од Владата, најави на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој информира дека со одлуката од пред две недели на заедничкиот Комитет за сукцесија на листата на имоти кои претходно ги доби државата од сукцесија на имотот на поранешна Југославија е потврден имотот во Бразилија, Њу…

Read More

42-годишна жена со иницијали Љ.И. од гостиварското село Градец вчера се обратила до полициската станица во Гостивар, каде пријавила случај на физички напад со дрвен стап од 31-годишната золва со иницијали Л.И., односно од сестрата на нејзиниот маж. Настанот се случил во дворот од семејните куќи , кој им бил заеднички. Полицијата постапила по пријавата, и на местото на нападот пронашла дрвен предмет, се наведува во билтенот. Случајот е документиран и се работи на негово расчистување.

Read More

Маѓепсан круг што го поврзува исцрпувањето на природните ресурси со насилни конфликти можеби ја надминал границата без враќање назад во некои делови на светот и најверојатно ќе се влоши со климатските промени. Ова е посочено во најновиот извештај на Институтот за економија и мир (ИЕП). Несигурноста во храната, недостигот на вода и влијанието на природните катастрофи, заедно со високиот раст на населението, го разгоруваат конфликтот и ги раселуваат луѓето во ранливите области, предупредува Институтот за економија и мир. Институтот користи податоци од ОН и други извори за да ги предвиди земјите и регионите со најголем ризик во својот „Регистар на…

Read More

Хрватски Хвар е прогласен за најдобар и најубав остров во Европа, од читателите на познатото и ценето списание „Cоndе nast traveler“. Зад него се грчките острови Миконос, Закинтос, португалска Мадеира и италијанската Искија. Написот истакнува дека Хвар е одлична дестинација преку целата година, особено поради топлите лета и благите зими, посочувајќи ја добро познатата статистика за Хвар – дека ова е најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно. Со вкупна оценка од 96,56 / 100, Хвар е избран и за шести најдобар остров во светски рамки. Ова светски престижно списание го нагласува и богатото историско наследство…

Read More

НАСА првпат ќе ја тестира одбраната на Земјата од потенцијално опасни астероиди. Според „Вашингтон пост“, американската вселенска агенција планира да лансира ракета со специјална сонда – „ДАРТ“, којашто ќе се судри со астероид за да ја промени неговата насока. Почетокот на мисијата е закажан за 24 ноември. Во 2016 година, НАСА ја формираше Канцеларијата за координација на мерки за заштита на Земјата. Со оваа програма, се пребаруваат астероиди и комети кои би можеле да бидат закана за Земјата на 48 милиони километри од неа, се собираат податоци за нивната големина, насока и хемиски состав, како и анализа на можните последици…

Read More

На самитот што беше приказ на дволичност и двоен разговор, соништа и негодување, и исклучување на вистинските намери и суровата реалност, лидерите на ЕУ прогласија поддршка за шест нации од Западен Балкан да се приклучат на нивниот клуб, истовремено признавајќи дека влезот, процесот е ефективно заглавен. Очекувањата за самитот, централниот дел на словенечкото претседателство со Советот за ЕУ, беа толку слаби што лидерите на ЕУ и националните претставници од Западен Балкан успеаја да останат релативно расположени и покрај тоа што речиси и да не постигнаа напредок и бројни медиуми јавија дека Брисел не успеал да ги исполни ветувањата. Во знак…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на официјалната посета на Хеленската Република денеска го посети музејот Бенаки. При посетата на музејот Бенаки претседателот Пендаровски ја разгледа  архивата на еден од најзначајните грчки и светски архитекти Константинос Доксијадис. Доксијадис учествувал во креирањето на основниот урбанистички план за реконструкција на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во музејот, претседателот Пендаровски имаше можност да види и стари фотографии од разурнатото Скопје кои Доксијадис ги направил во градот. Исто така, во музејот изложена е и благодарницата којашто градот Скопје му ја дал на Константинос Доксијадис за неговиот придонес во реновирањето на градот. Со…

Read More

По повод Светскиот ден на лицата со церебрална парализа денеска Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ организираше работна средба на која присуствуваа Спасе Додевски, советник на претседателот на Владата и претседавач со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации, за правата на лицата со попреченост и  советникот на премиерот, за труд и социјална политика Милан Живковиќ. На средбата се разговараше за актуелната состојба, можностите и потребите на лицата со телесен инвалидитет, при што беше истакнато дека Владата сериозно пристапува и со исклучителен интензитет ќе продолжи да работи на сите процеси за остварување на правата на…

Read More

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека учесниците на самитот ЕУ-Западен Балкан се согласиле дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на Европа, но дека таа не поддржала давање фиксен датум на државите од Западен Балкан за нивно пристапување кон Унијата. – Не поддржав да им се даде фиксен датум на земјите од Западен Балкан за нивно пристапување во Европската унија, истакна Меркел на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

Read More

По изминати десет дена од почетокот на изборната кампања за локалните избори 2021, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош – Душко Весковски е со најголема доверба меѓу граѓаните. Анкетата изработена од страна на агенцијата за испитување на јавното мислење и истражување на пазарот „Рејтинг“, спроведена врз 700 испитаника преку непосредно теренско истражување, покажува дека 35,7% проценти од граѓаните на Општина Карпош, ја даваат довербата на Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Истата анкета покажува дека кандидатот за градоначалник на Општина Карпош предложен од опозициската ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се…

Read More