Author: Mirjana

Ги информираме сите редовни студенти запишани за прв пат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во Скопје дека имаат право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз. Процедурата за издавање на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП Скопје. Неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет, лична карта и индекс на увид и 200 ден, еднократен надомест за изработка на персонализирана картичка „Скопска“. На бруцошите, билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година. Останатите студенти, за да…

Read More

И во време на економска и здравствена криза од која беа погодени сите држави во светот,  не само нашата, успеавме редовно да ги исплаќаме пензиите на 325.000 пензионери, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Утрински брифинг. Таа посочи дека преку пензиската реформа пензиите ќе се усогласуваат и ќе растат бидејќи пензискиот фонд е во стабилна состојба. Според неа економијата постепено ќе закрепнува и со порастот на БДП – за кој постојат сериозни анализи дека ќе биде над 4.1%, пензиите ќе продолжат да растат. „При крајот на годината ние ќе отвориме расправа за усогласување на…

Read More

Индексот на отвореност што бил предмет на истражување на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис во рамки на проектот на УСАИД , за граѓанско учество, покажал дека Единиците на локалната самоуправа применуваат  ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење. Истражувањето на Индексот на отвореност  за кој биле користени 139 индикатори поделени во 4 области и 9 подобласти и кое било спроведено  од први јуни до 15 јули 2021 година во сите 80 општини и Градот Скопје, покажало дека има разлики во отвореноста на општините помеѓу планските региони. Па така во југоисточниот плански регион просечната отвореност на…

Read More

Луксузната модна куќа „Валентино“ претстави специјален дизајн на дуксер со кој повикува на вакцинација, со нивното лого – буквата „V“ и натпис „вакцинирани“ со црвени букви. Ова парче облека чини 690 долари, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за УНИЦЕФ. Идејата потекна од социјалните мрежи, а меѓу првите поддржувачи на оваа иницијатива беа дизајнерот Пјерпаоло Пичиоли, стилистката Зерина Акерс, Емануела Фарнети, поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, пејачката Лејди Гага и други. Средствата ќе ја поткрепат и програмата „Ковакс“ на Светската здравствена организација, чија цел е да достави вакцини во земји каде што тие сѐ уште не се широко достапни.

Read More

Денеска е завршниот ден од првата цивилна НАТО вежба во Северна Македонија по зачленувањето на земјава во Северно Атлантската Алијанса. Вежбата која е во организација на НАТО-Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и на Центарот за управување со кризи (ЦУК) , координира над 700 луѓе од 27 земји. Се изведоа многу заеднички координирани активности  а една од нив беше реализацијата на вежбовното сценарио „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ на терен,  и поврзаноста оперативно и со НИКС – Нато командниот систем за инциденти (NICS). Од вежбите , се организираа пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави,…

Read More

Mерките и политиките спроведени од страна на Народната банка, како и централните банки воопшто, ги дадоа посакуваните резултати во ублажувањето на ефектите од корона-кризата. И покрај пандемијата, кредитната активност во земјава и натаму расте, a непречениот пристап до капитал на меѓународните пазари овозможи зајакнување на девизните резерви и финансирање на антикризните мерки, оценува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска. Во својата презентација на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од ковид-19“, организирана од Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Митреска посочи дека од самиот почеток на корона кризата,…

Read More

Речиси 84 проценти од населението во Истанбул веќе се вакцинирани против Ковид-19, објави денеска на Твитер гувернерот на турската метропола Али Јерликаја, пишува весникот „Милиет“. До 22 септември, 83,8 проценти од населението во Истанбул е вакцинирано (со барем првата доза вакцина), а 67,5 проценти се целосно вакцинирани, нагласи гувернерот. Тој прецизира дека од почетокот на кампањата за вакцинација во државата досега во метрополата со првата доза вакцина веќе има над 9,6 милиони луѓе, со две дози се 7,6 милиони, а со трета доза се 1,3 милиони граѓани. Истовремено, бројот на новозаразени со Ковид-19 во Турција продолжува да се зголемува, со…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со својот американски колега Џо Бајден за кризата што се случи меѓу Париз и Вашингтон поврзана со раскинатиот договор со Австралија за набавка на подморници, објави портпарол на француската Влада. Се очекува во телефонски разговор да ги разјаснат условите во кои беше објавено формирањето на новиот сојуз, како и условите за новиот американски ангажман со сојузниците, изјави портпаролот по владиниот состанок. Разговорот се води „на барање на претседателот на САД“, потсети Елисејската палата. САД, Велика Британија и Австралија на 15 септември објавија ново стратешко партнерство во индо-пацифичкиот регион, но тие земји не ја…

Read More

Голем број граѓани на велосипеди се вклучија во големото велосипедско дефиле што денеска се возеше по улиците на Скопје, по повод Денот без автомобили – 22 септември и крајот на Европската недела на мобилност 2021. Дефилето во кое учествуваше и градоначалникот Петре Шилегов тргна од паркот „Ибни Пајко“ и се движеше низ градските улици до целта на Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг. Градот Скопје годинава по 11.пат се придружи на градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста со богата агенда исполнета со квалитетни содржини за промоција на пешачењето, велосипедизмот и користењето на…

Read More

Цените на европскиот природен гас се зголемија толку високо што стотици милиони луѓе може да се соочат со студени домови или „надуени“ сметки за енергија во текот на зимата. Исто така, постои страв од ценовен удар, бидејќи јаглерод диоксидот што се користи во производството на храна, исто така може да ја поскапи и храната, пишува Ангела Деван од секцијата за Бизнис на Си-Ен-Ен. Додека светот се буди од пандемијата, зголемувањето на  побарувачката за природен гас предизвика пораст на цените.Кон тоа придонесе и прекинот  во снабдувањето со енергијата од ветер, поради летниот дефицит на ветрови кои беа потребни за нејзино производство.…

Read More

Бројот на нови случаи на Ковид-19 во светот и во текот на изминатата недела продолжи да опаѓа, кога на глобално ниво беа пријавени 3,6 милиони нови инфекции, во споредба со четири милиони новозаразени претходната недела, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Минатонеделниот пад на новозаразените случаи е прво значително намалување за повеќе од два месеци. Бројот на нови случаи на Ковид-19 е намален во секој регион во светот. Во најновиот извештај за пандемијата објавен вчера, СЗО соопшти дека најголем пад на бројот на нови случаи е забележан во два региони – 22 проценти на Блискиот Исток и 16 проценти во…

Read More

И покрај сите препреки и предизвици со кои се соочивме во изминативе неколку месеци, вечерва можам конечно да кажам и покрај се успеавме да ја продолжиме магијата и да ја отсонуваме нашата приказна до розов хепиенд. Искрено би сакал да ви заблагодарам вам за тоа. Зошто се чини дека токму со доаѓањето во вашето и наше пристаниште Битола, како да запреа сите бури коишто дотогаш жестоко ни се закануваа и му се закануваа на нашиот фестивалски брод. По 16 септември нашата пловидба одеднаш стана мирна и потоа со вас, битолската публика, со вашите и наши прекрасни лауреати и со извонредниот…

Read More