Денеска е завршниот ден од првата цивилна НАТО вежба во Северна Македонија по зачленувањето на земјава во Северно Атлантската Алијанса. Вежбата која е во организација на НАТО-Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и на Центарот за управување со кризи (ЦУК) , координира над 700 луѓе од 27 земји.

Се изведоа многу заеднички координирани активности  а една од нив беше реализацијата на вежбовното сценарио „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ на терен,  и поврзаноста оперативно и со НИКС – Нато командниот систем за инциденти (NICS).

 

Од вежбите , се организираа пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести што влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга.

Еве што за дел од активностите вели Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.