Author: Mirjana
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, формираше работна група која ќе има задача за приклучување на Република Северна Македонија кон програмата на САД Visa Waiver, односно укинување на визите за државјаните на нашата земја. „Формирав работна група во рамки на Министерството за надворешни работи што има за задача да работи на приклучувањето на Република Северна Македонија кон Visa Waiver Програмата на САД. Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за…
Авганистанската влада денеска им нареди само на машките ученици и наставници да се вратат во училиштата. Со ова Талибанскиот режим покажа дека воопшто не „омекнал“ по ова прашање, кое исто вака го третираше за време на претходното владеење од 1996 до 2001 година кога на девојчињата им беше забранувано да се едуцираат а на жените да одат на работа. Ова е уште еден доказ во низата дека новата власт во Авганистан е закана за женските права. Министерството за образование доцна вчера соопшти дека од денеска се отвораат училиштата и медресите за сите машки, без да ги спомене учителките и девојчињата.…
Учесниците на овогодинешната Парада на гордоста прошетаа на главните улици во Белград и испратија порака “Љубовта е закон”, што је и главно мото на Прајдот. Прошетката помина без инциденти. Силни полициски сили, јавуваат српските медиуми, биле распоредени во градот. Учесниците направиле круг во центарот на српската метропола и застанале пред републичкото собрание каде ги истакнале барањата, пред се за носење Закон за истополови заедници.
Министерот за информатичко општество и администрација, д-р Јетон Шаќири учествуваше на вториот состанок во рамките на процесот на подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година, под раководство на Министерството за финансии и членови на меѓуресорната работа група за подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година. На оваа средба, меѓу другото, се разговараше за предлогот за реформски мерки што ќе бидат вклучени во Програмата 2022-2024 и ќе бидат во насока на зелена транзиција и дигитална трансформација. Тука МИОА спроведува и поддржува мерки како што се зголемување на електронските услуги на јавните институции и нивно интегрирање во националниот портал за…
Талибанците воведоа „Министерство за спречување пороци и промовирање доблести“ на местото на досегашното Министерство за жени, а промената има за цел да го наметне ригидното толкување на исламот. Потегот на талибанците е последен во серијата што го прикажува нивното враќање на политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, што ја спроведуваа и кон крајот на 90 -тите години кога владееја со Авганистан, пренесува Н1. Кога на 7 септември ја соопштија привремената влада талибанците не го спомнаа Министерството за жени, но не кажа ниту дека ќе го укинат. Денеска и персоналот на Програмата за…
Основното јавно обвинителство Тетово, по поднесена пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 5 лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 2 од КЗ. За четворица од нив постапка се води и за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Поради потребата од непречено водење на кривичната…
И покрај тоа што е родена во земја со долга историја на дискриминација врз нејзините ЛГБТИ луѓе, семејството на Балки ја прифати како лезбејка. Сега Балхи вели дека реткото прифаќање им го ставило целиот живот во опасност, бидејќи новото талибанско раководство во Кабул предизвикува бран физичко насилство и страв врз авганистанската геј, лезбејка и трансродова популација. Штом Талибанците го вратија Кабул во август, Балки и нејзиното семејство се сокрија. Имињата на Балки и пет други ЛГБТИ лица во Авганистан, кои зборуваа за Си -Ен -Ен за оваа приказна, се сменети од безбедносни причини – Балки избра да го користи името…
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов со објава на својот ФБ профил, сподели фотографии од рушење на една од галиите во Вардар. -Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата !!! Скопје, една поинаква приказна.., напиша Шилегов на ФБ профилот.
Министерот за здравство Венко Филипче во гостување во дневникот на Телевизија Сител, уште еднаш ја алармира јавноста за потребата за што помасовно вакцинирање како единствен излез од ситуацијата која станува сериозна. Прашан дали последната донирана транша вакцини Фајзер од Бугарија , ќе има време да се аплицира до крајот на нивната трајност-крајот на септември, истакна дека очекува тие дози да се потрошат во наредните 4-5 дена ако се има предвид дека бројот на вакцинирани на ден е околу 10.000 лица. Министерот нагласи дека нема да се откажат од мерката од октомври, на луѓето во затворените простори, при учество на настани,…
Вчерашниот инцидент во Тетово меѓу полицијата и учесници на протестот за поддршка на жртвите во пожарот на модуларната болница, резултира со пет приведени лица. Тие се соочија и со кривични пријави под сомнение за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, а тројца од нив се сомничат и за делото „напад на службено лице во вршење на работи за безбедноста“. Приведените и против кои има кривични пријави се: 31-годишник од кичевско Туин, 52-годишник од Мала Речица, 33-годишник од тетовско Вешала и двајца тетовци на возраст од 33 и 30 години. Судирот со полицијата се…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 18.00 до 23.00 часот, поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје, на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по…
Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме кое по членството во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата. Знамето симболично го открија министерката Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер. Посочувајќи дека членството на Северна Македонија во НАТО го зацврсти мирот и стабилноста на регионот, Купер и се заблагодари на министерката Шекеринска за нејзиното лично залагање за членството во НАТО и за огромниот придонес во развивањето на македонско-американските односи. На церемонијата присуствуваше и американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз која во…