Учесниците на овогодинешната Парада на гордоста прошетаа на главните улици во Белград и испратија порака “Љубовта е закон”, што је и главно мото на Прајдот. Прошетката помина без инциденти. Силни полициски сили, јавуваат српските медиуми, биле распоредени во градот.

Учесниците направиле круг во центарот на српската метропола и застанале пред републичкото собрание каде ги истакнале барањата, пред се за носење Закон за  истополови заедници.