Author: Mirjana

Поранешниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика почина на 84-годишна возраст по долго боледување. Тој управуваше со земјата речиси две децении. Поднесе оставка во 2019 година, откако неговата кандидатура за петти мандат доведе до масовни улични протести. Бутефлика одигра клучна улога во Алжирската војна за независност во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, потсетува Би Би Си. Тој стана претседател во 1999 година по крвавата граѓанска војна, во која загинаа речиси 200.000 луѓе. Поранешниот алжирски претседател ретко се појавуваше во јавноста по 2013 година, кога доживеа мозочен удар и имаше потешкотии при движење и зборување.

Read More

Состојбата во училиштата во државата е безбедна и засега нема интерна трансмисија на вирусот во училишните објекти. Денеска и здравствените власти информираа дека нема зголемен број на позитивни случаи на деца во болниците, како што дел од медиумите сакаа лажно да претстават. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на синоќешното гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. -Епидемиолозите заедно со Комисијата за заразни болести ја следат детално состојбата во училиштата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и имаме извештај на дневна основа во колку школи се направени контроли и согласно…

Read More

Во Русија почна вториот ден од гласањето на тридневните парламентарни и регионални избори. Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија. Изборите за 450 пратеници во Думата се одржуваат до утре, 19 септември. Пратениците се избираат за петгодишен мандат според мешан изборен систем: 225 пратеници се избираат од партиските листи и уште 225 од едномандатни изборни единици во еден круг. Истовремено, девет руски региони избираат гувернери, 39 региони избираат законодавни тела, а гласачите во 11 градови избираат нови градски собранија.

Read More

Франција соопшти дека одлучила да ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, откако Австралија постигна договор со САД и Велика Британија, со кој заврши спогодбата за набавка на подморници од Франција вредна 40 милијарди долари. Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан нагласи во соопштението дека ретката одлука донесена од францускиот претседател Емануел Макрон се должи на сериозноста на случувањето. САД, Австралија и Велика Британија одлучија да достават нови нуклеарни подморници за Австралија. Трите земји објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Индо-пацифичкиот регион и во таа смисла ќе и помогнат на Австралија да набави американски подморници…

Read More

Соединетите Американски држави маркираа членови на финансиска мрежа со седиште во Либан и Кувајт, кои ја финансираат Хезболах, како и членови на меѓународна мрежа на финансиски олеснувачи и фронтовски компании кои работат како поддршка на Хезболах и Иранската Исламска револуционерна гарда. -Заедно, овие мрежи испраа десетици милиони долари преку регионални финансиски системи и спроведоа операции за размена на валути и тргуваат со злато и електроника во корист и на Хезболах и на Иранската Исламска револуционерна гарда, соопшти американскиот државен секретар Ентони Блинкен. -Хезболах ги користи приходите генерирани од овие мрежи за финансирање терористички активности и за продолжување на нестабилноста во…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени. Променливо облачно ќе биде и утре претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

На попладневниот протест во Тетово, за жртвите од пожарот во модуларната болница, попладнево дошло до судир меѓу луѓето што учествувале во протестот и полицијата. Како што јавува Тв 24, протестирачите се упатиле кон партиското седиште на ДУИ во Мала Речица , каде биле спречени да влезат од полицијата. Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР, јавува Телевизија 24, во своето директно вклучување од теренот, од каде известуваат дека засега немало информации за повредени. Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната…

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека не може да потврди дали жените и младите се изложени на поголем ризик од ретко згрутчување на крвта со ниски тромбоцити по вакцинирањето со вакцината на Астра Зенека против Ковид-19. Поради ограничувањата во начинот на собирање податоци, ЕМА не успеала да идентификува специфични фактори на ризик што доведуваат до поверојатна појава на тромбоза со тромбоцитопенија, објави европскиот регулатор. Европската комисија претходно оваа година побара научно мислење од ЕМА по извештаите за тромбоцитоза проследена со тромбоцитопенија (ТТС) по примањето на вакцината произведена од Астра Зенека, поради што некои земји во ЕУ во еден момент престанаа…

Read More

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска во рамки на работна посета на Брисел, Белгија, одржа работен состанок со директорот на канцеларијата на Европската комисија за борба против измама (OLAF), Вили Итала. Ова е прв официјален состанок на вицепремиерот Николовски и директорот Итала, на којшто Николовски ја презентираше улогата на кабинетот пред се во процесот на координација и заедничко дејствување на институциите во борбата против корупцијата, како и тековните и идни мерки за сузбивање на корупција. Воедно беше посочено значењето на соработката со ОЛАФ како единствен и…

Read More

Во холанскиот град Алмело денеска е изведен вооружен напад, во кој две лица загинаа, а едно е повредено. Осомничениот е уапсен, откако претходно бил ранет, јавија локалните медиуми. РТВ Оост објави снимка на која се гледа полугол маж со самострел на балконот, додека во заднина се слуша истрел од огнено оружје. Мажот наводно од балконот со самострелот пукал во минувачи. Полицијата испукала неколку куршуми обидувајќи се да го уапси осомничениот. Очевидци велат дека слушнале повеќе истрели. Полицијата на Твитер прво објави дека ситуацијата е под контрола, но потоа објави дека се работи за ситуација означена со кратенката ГРИП 3, што…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 42. Издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Како покровител на оваа значајна манифестација, претседателот Пендаровски истакна дека благодарение на фестивалот, Битола и Република Северна Македонија се присутни на светските филмски мапи и се посакувана дестинација за кинематограферите и останатите филмски работници од сите светски меридијани. -Јасно е дека живееме во време/невреме што ги забави, дури и замрзна нашите животи, во кои сликите од различните модели на комуникација, на едно симболично, но, и на фактичко ниво, престанаа да бидат подвижни. Сведочиме за…

Read More