Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски на работен состанок во Брисел со Директорот на канцеларијата на ЕК за борба против измама Вили Итала

0
By Mirjana on September 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 17, 2021 14:49
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска во рамки на работна посета на Брисел, Белгија, одржа работен состанок со директорот на канцеларијата на Европската комисија за борба против измама (OLAF), Вили Итала.
Ова е прв официјален состанок на вицепремиерот Николовски и директорот Итала, на којшто Николовски ја презентираше улогата на кабинетот пред се во процесот на координација и заедничко дејствување на институциите во борбата против корупцијата, како и тековните и идни мерки за сузбивање на корупција.
Воедно беше посочено значењето на соработката со ОЛАФ како единствен и главен орган на ЕУ, кој е овластен да открива, истражува, застанува на патот на измамите поврзани со фондовите на ЕУ, да ја истражува корупцијата и прекршувањето на законите од страна на персоналот на ЕУ и членовите на институциите на ЕУ. Вицепремиерот Николовски посочи дека проактивната борба против организираниот криминал и корупцијата останува фундаментална во сузбивањето на криминалната инфилтрација на политичките, правните и економските системи.
„За нас, како земја кандидат за членство во ЕУ, е од особена важност поддршката и соработката со сите органи на Европската Унија, особено со ОЛАФ, со цел ефикасно исполнување на препораките во делот на политиките и мерките за борба против корупција и организиран криминал. Водејќи се од основните вредности на ЕУ кои вклучуваат владеење на правото и почитување на човековите права, како Влада остануваме силно посветени на трасираниот пат за искоренување на корупцијата и криминалот, во што од огромно значење се препораките и искуствата што ги добиваме од Европската Унија и органите во нејзин состав“, рече вицепремиерот Николовски на средбата со директорот на ОЛАФ.Генерaлниот директор на ОЛАФ, Итала, го запозна вицепремиерот Николовски со новите регулативи на ОЛАФ за Европско јавно обвинителство (ЕППО)  како и за Заедничката Програма на Европската Унија за борба против измами. Посочи дека ОЛАФ максимално ја цени и подржува заложбата на државата особено на вицепремиерот во борбата против корупцијата со сите системски и превентивни мерки. На средбата се потенцираше дека соработката ќе продолжи и ќе се зајакне.

Директорот на ОЛАФ, Итала порача дека Северна Македонија во 2022 година ќе може да аплицира и  да биде дел од најновата Заедничка Програма на Европската Унија за борба против измами (2021-2027), која за овој период има буџет од околу 181 милион евра. Целта на оваа Програма е заштита на финансиските интереси на Европската унија преку поддршка на акциите за борба против нерегуларностите, измамите и корупцијата што влијаат врз буџетот на ЕУ, поддршка на меѓусебна помош помеѓу административните органи во земјите членки на ЕУ и обезбедување правилна примена на законот за царински и земјоделски прашања преку поддршка на соработката помеѓу административните органи во земјите членки на ЕУ и Европската Комисија.

Програмата обезбедува финансирање, особено за опрема за техничка и оперативна истрага, специјализирани активности за обука и истражување, за поддршка на заштитата на финансиските интереси на ЕУ. Финансирањето е обезбедено во форма на грантови и набавки.
Брисел Николовски средба Итала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.