Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Електроинженерот и вработен во Елем, Идри Истрефи од Велешта влегува во трката за освојување на локалната власт во Струга, како предлог кандидат на албанската опозициона коалиција Алијанса на Албанците/Алтернатива. Во неговата биографија стои дека е член на Централниот одбор на АА, а од 1996 до 2005 година бил и претседател на Советот на Општина Велешта, јавува Либертас. Боите на ДУИ, во општината продолжува да ги брани по трет пат актуелниот градоначалник Рамиз Мерко.
„Отворањето на училиштата е препорака и на УНИЦЕФ. Подготвени се потребните протоколи за заштита. Училиштата исто така. Искуството од минатата година со наставата за учениците од прво до трето, покажа дека училиштата имаат капацитет да го спроведат образовниот процес и во вакви услови и нема сомнение дека така ќе биде и годинава“ Тие соопштија дека од први септември наставата почнува со физичко присуство во сите училишта и истакнаа дека најдобар начин за да го заштитиме и менталното здравје и да се одржи нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците е тие да се во училница и тоа ќе…
Најдобар начин да се спроведе целата оваа процедура е да се направи електронски попис, кој што ВМРО-ДПМНЕ цело време го бара. Со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, ќе се спречи заразата да се шири Одговарајќи на новинарски прашања при посетата и средбите со граѓаните во Драчево-Општина Кисела Вода заедно со кандидатот за градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, потпретседателот на Вмро Дпмне, Александар Николоски истакна дека неговата партија цело време барала да се спроведе електронски попис со што би се избегнало физичко посетување на граѓаните во домовите, така што би се спречило ширење на заразата и би се заштитело…
– Националната и универзитетска библиотека носи премногу големо име на кое мора да сме му достојни и благодарни – „Свети Климент Охридски“. Таа е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во 1944-та. Децениската негрижа кон оваа ризница зборува за сите нас. Ги повикуваме медиумите, а со тоа и јавноста, не за да бараме изговор за лошата слика таму туку да замолиме за поддршка во процесот на зацелување и заживување на просторот кој го чува нашето национално богатство и кој бил дел од нашето студентско минато – изјави министерката за култура, Ирена Стефоска, при денешната работна посета…
Министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети како и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска извршија увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините. Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари. Министерот Бектеши истакна дека со реализација на овие проекти во сите општини Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните. “За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидовме средства. Во соработка со компанијата ТАВ беа избрани проекти кои што…
Вкупниот долг на општините во 2018 година изнесуваше 4 милијарди и 998 илјади денари. Истата година од државниот буџет им беа префрлени 3 милијарди и 32 илјади денари. Во моментов долгот на општините е над 3 милијарди и 800 илјади денари, што значи за три години се генерирал нов долг од милијарда и 866 илјади денари. И во предвечерието на овие локални избори живи се дискусиите за долговите на општините и колку се тие солвентни и „ способни“ да ги покриваат милионските суми евра кои некаде се влечат со години и што станува со генерирањето нови долгови. Дополнително па…
Саемот на книга годинава ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот кај А1 Арена – СЦ Борис Трајковски, од 8. до 14. септември. Саемот на книга ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки. Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња. Мотото и оваа година е „безбедни саеми“.
Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор. По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот и ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа. Почнувајќи од мај…
Претседателката на партијата “Стани БГ. Доаѓаме”, Маја Манолова, за БТВ изјави дека „би било добро со третиот мандат во новиот владин кабинет да нема политичари, а такви лица има во редовите на „Има таков народ“. Се надевам дека Слави Трифонов ќе ја преиспита својата позиција“. – На третиот истражувачки мандат, што ќе го даде претседателот Румен Радев, треба да се гледа како за втор обид за прв мандат – ИТН да учествуваат во него, да номинираат премиер и клучни министри, но и да водат разговори без наметнување сила, без едноличен притисок и со јасни приоритети, рече Манолова. Според неа, во…
Во однос на вакцинацијата потенцираме дека таа е најефикасното решение за заштита од вирусот, која значително ги намалува шансите за да настане инфекција како и компликации од болеста. Научните докази ги потврдуваат овие сознанија, затоа не треба да постои дилема, туку секој кој нема апсолутни контраиндикации верификувани од стручно лице поврзани со вакцината треба да се имунизира што поскоро, бидејќи така ќе се заштити себеси и своите блиски Четвртиот бран на Ковид-19 зема сериозен замав, расте притисокот врз здравствениот систем за обезбедување на потребен третман на зголемениот број на новозаболени. Во такви услови Лекарската комора на РСМ се обраќа до…
Додека САД продолжуваат со авионски превоз на американски државјани и авганистански сојузници од Авганистан до претстојниот рок до 31 август, директорот на ЦИА Вилијам J. Бернс се сретна лице в лице со највисокиот талибански лидер во Кабул во понеделникот објави Си Ен Ен, повикувајќи се на информации од двајца неименувани американски официјални претставници. Администрацијата на Бајден беше во редовен контакт со талибанските службеници во текот на процесот на евакуација, како на терен во Авганистан, така и во Доха, Катар. Но, тајниот состанок, првпат објавен во вторникот од „Вашингтон пост“, помеѓу Бернс и коосновачот и заменик-лидерот на Талибанците, Абдул Гани Барадар,…
Франција оваа недела ќе ја прекине евакуацијата од Авганистан, кој е под контрола на талибанците, доколку САД се придржуваат кон планот за повлекување на своите војници до крајот на август, изјави претставник на Министерството за надворешни работи во Париз. – Ако САД извршат целосно повлекување на 31 август, како што беше планирано, за нас тоа значи дека нашата операција завршува во четврток вечерта. Значи имаме уште три дена, изјави Никола Рош, шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан. Франција евакуираше речиси 2.000 француски државјани и Авганистанци во изминатите денови преку воена база во Абу Даби, откако…