Електроинженерот и вработен во Елем, Идри Истрефи од Велешта влегува во трката за освојување на локалната власт во Струга, како предлог кандидат на албанската опозициона коалиција Алијанса на Албанците/Алтернатива.

Во неговата биографија стои дека е член на Централниот одбор на АА, а од 1996 до 2005 година бил и претседател на Советот на Општина Велешта, јавува Либертас.

Боите на ДУИ, во општината продолжува да ги брани по трет пат актуелниот градоначалник Рамиз Мерко.