Author: Mirjana
Одлуката на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО и сите активности кои Општина Охрид ги презеде за зачувување на уникатните аспекти на Охридскиот регион беа тема на дискусија на средбата на градоначаликот на Охрид, Константин Георгиески, и амбасадорката на Сојузна Германија Анке Холштајн која е во посета на Охрид. Амбасародката на средбата ги поздравила посветеноста и заложбите на градоначалникот Георгиески за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеење на правото, а се запознала и со плановите на Општина Охрид за уредување и стопанисување со крајбрежјето на Охридското Езерo, како и за сите идни активности кои треба да…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска испрати реакција во врска со неделниот протест поттикнат од новите мерки против коронавирусот . АВМУ ги осуди навредите и вулгарните пораки кои беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана. -Ги осудуваме сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелираме да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци. Потенцираме дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање,…
Американскиот претседател Џо Бајден , во синоќешниот прв јавен говор за состојбата во Авганистан по повлекувањето, уверливо потенцира „Не жалам за мојата одлука“. И додека оваа негова изјава и говор, многу од светските водечки медиуми ја карактеризираат како пораз на американците, по две децениски напори од Авганистан да направат колку-толку демократско општество, други исто така влијателни медиуми и претставници на аналитички центри веќе објавуваат текстови за улогата на Русија и на Кина во целата ситуација и која од нив двете има поголем интерес да го „ загриза“ парчето Авганистан кое американците им го оставија по повлекувањето. Талибанците, барем на хартија,…
Министерството за Надворешни работи за претпладнево најави прес конференција на која се очекува да извести за процесот на евакуација на македонските државјани, кои се затекнаа во Авганистан,а вчера беа сместени во воениот дел на аеродромот во Кабул, на кој евакуацијата беше отежната поради метежот од луѓе кои сакаа да го напуштат градот.. Станува збор за 75 македонски државјани кои биле распределени во групи од по 25 мина. Сите три групи се извлечени од Кабул а две од нив се наоѓаат во Доха и во Дубаи. Како што е познато во вчерашните нереди загинаа најмалку 7-мина, од кои тројца на бизарен…
На седницата ќе бидат разгледани заклучоците и препораките од четириесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, одржан на 16 август 2021 година и ќе бидат донесени соодветни одлуки за заштита на колективното здравје на населението од заразната болест КОВИД-19. Согласно Дневниот ред, на седницата ќе се дискутира и за неколку предлог-закони меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, како и повеќе информации за спроведени и планирани…
„Минуваме низ тешки часови, дојде до домино ефект по повлекувањето на силите. Ова е одлука на Вашингтон донесена и од внатрешно-политички причини“ изјави германската канцеларка Ангела Меркел по денешниот состанок на нејзината Христијанско-демократска унија, посветен на состојбите во Авганистан по повлекувањето на американската војска и повторното инсталирање на Талибанците. Таа се осврна и на можниот бран бегалци од Авганистан, додавајќи дека сега од Талибанците и ситуацијата на границите зависи дали Авганистанците ќе можат да ја напуштат својата земја. „ Интерес на Германија е Авганистанците да бидат згрижени и снабдени на лице место и укажа на потребата од потесна соработка со…
Три лица од Гостиварско ќе се соочат со пријави бидејќи ја напуштиле земјава, а имале решенија за изолација. Од СВР Тетово информираат дека во вчерашните контроли со кои се опфатени лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат имало прекршувања. – Констатирано е дека Ш.Д.(48) од гостиварски Сенокос, Х.А.(25) од Дебреше, Л.Ј.(33) од Дебреше не се придржувале на решенијата, односно ја напуштиле државата, посочуваат од СВР Тетово. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидата поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик. Изминативе две недели со вакви пријави се соочија…
Македонскиот премиер Зоран Заев, вчера изјави дека Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и дека како влада ги известила нашите стратешки партнери САД, дека сме на располагање за помош во согласност со нашите можности и потреби. Подготвени сме да го прифатиме цивилното население на Авганистан кое работело на мирот во таа земја последните 20 години и кое било локална поддршка на сојузничките сили на НАТО, вклучувајќи ја и нашата војска Редовна појава на било кој вооружен конфликт се бегалците. Онаа исплашена река невини луѓе кои со бовчи на рамената, со лица и очи натечени од плачење, со тап…
Во Црна Гора се спроведува робусна акција на апсење на криминална група за која имало сомненија дека планирала убиства на функционери.Ова го објави националната телевизија која се повика на неофицијални извори. Весникот Вијести пак отиде чекор понатаму и објави дека групата била составена од шест члена, и припаѓала на шкаљарскиот клан, и дека повеќе месеци го следела движењето на судијката Билјана Ускоковиќ и дека биле со план да ја нападнат. Таа била следена и во црногорскиот главен град Подгорица но и во неколку приморски места. Неколкуте членови на групата се уапсени со исклучок на двајца кои биле во затвор во…
„Бранденбуршката порта е затворена”, тоа беше ударната вест со која новинската агенција Асошиетед прес, во раните утрински часови на 13 август 1961година , го извести светот дека почна градењето на Берлинскиот ѕид, потсетува Дојче Веле Жителите на Берлин гледаа со неверување на она што се случи на 13 август 1961 година. Безбедносните сили на ГДР ја оградуваа границата околу нивниот сектор. Народни полицајци и граничари, членови на борбени групи го рушат тротоарот и поставуваат барикади од камени блокови и ги поврзуваат со бодликава жица. Само неколку контролни пунктови останаа отворени, а речиси сите трамвајски и железнички линии се прекинати. Берлин…
Стејт Департментот и службите на Одбраната го потврдија потегот , додека Талибанците го продолжуваат маршот кон авганистанската метропола Кабул, која наскоро би можела да биде совладана САД испраќаат илјадници војници да помогнат во евакуација на голем број цивили од американската амбасада во Кабул, потврди Стејт департментот во четвртокот, потег што доаѓа додека Талибанците маршираат низ Авганистан и ги заземаат клучните градови со изненадувачка брзина, пишува угледниот бриселки портал POLITICO. Иако американските власти инсистираа дека амбасадата останува отворена и дека овој чекор не значи напуштање на земјата,сепак тоа беше застрашувачки знак за тоа колку бргу Авганистан се разоткрива по повлекувањето на…
Согласно Уредбата, право на додаток на плата до 30% од редовната плата може да се оствари заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа Владата на Република Северна Македонија на 95-та седница одржана на 5 август 2021 година, донесе Уредба за начинот и критериумите врз основа на кои може да се исплати додаток на плата до максимум 30% од редовната плата за дел од вработените од централните институции на извршната власт. Измените и дополнувањето на Законот за извршување на Буџетот за 2021 година стапија на сила на 5 август и затоа тогаш се донесе Уредбата. Законот…