Стејт Департментот и службите на Одбраната го потврдија потегот , додека Талибанците го продолжуваат маршот кон авганистанската метропола Кабул, која наскоро би можела да биде совладана

САД испраќаат илјадници војници да помогнат во евакуација на голем број цивили од американската амбасада во Кабул, потврди Стејт департментот во четвртокот, потег што доаѓа додека Талибанците маршираат низ Авганистан и ги заземаат клучните градови со изненадувачка брзина, пишува угледниот бриселки портал POLITICO.

Иако американските власти инсистираа дека амбасадата останува отворена и дека овој чекор не значи напуштање на земјата,сепак тоа беше застрашувачки знак за тоа колку бргу Авганистан се разоткрива по повлекувањето на борбените трупи од страна на претседателот Џо Бајден и поради пропаѓањето на мировните преговори.

Министерството за одбрана потврди дека испраќа два пешадиски баталјона со морнарица и една армија да помогнат во операцијата на аеродромот во главниот град на Авганистан. Тоа се приближно 3.000 војници.

„Очекуваме да го намалиме дипломатското присуство во Авганистан во следните недели на основното ниво, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс за новинарите, на вчерашниот попладневен брифинг. „За да се олесни намалувањето, Министерството за одбрана привремено ќе распореди дополнителен персонал на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, изјави тој притоа не конкретизирајќи околу бројот на луѓе што се евакуирани и планираат да бидат евакуирани како и што значи во број нивото„основно дипломатско присуство“.

U.S. State Department Spokesman Ned Price speaks during a news briefing at the State Department in Washington, Thursday, Feb. 25, 2021. (Nicholas Kamm/Pool via AP)

 

На почетокот на јули, околу 4.000 луѓе работеа во амбасадата, вклучително и локал став-от, односно авганистански вработени, дипломати и преведувачи. Околу 1.400 од нив се Американци, изјави тогаш висок претставник на американската амбасада во Кабул. Тие бројки  воедно одразуваа наредно заминување во април на некои работници чие присуство на лице место се сметаше за непотребно. Државниот секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин разговараа со авганистанскиот претседател Ашраф Гани претходно „за да го координираат нашето планирање“, изјави Прајс. „Дозволете ми да бидам многу јасен за ова: Амбасадата останува отворена и планираме да ја продолжиме нашата дипломатска работа во Авганистан“, рече Прајс. „Соединетите држави ќе продолжат да ги поддржуваат конзуларните услуги, а тоа вклучува обработка и работа на програмата за специјална имигрантска виза“, додаде тој. „И ние ќе продолжиме да се занимаваме со дипломатија со авганистанската влада и авганистанскиот народ. Дополнително, ќе продолжиме да се фокусираме на антитероризмот “. Иако Прајс нагласи дека амбасадата ќе остане отворена, тој не одговори дали мисијата ќе продолжи да работи на сегашната локација. „Ние секогаш ја прегледуваме животната средина и особено сложените работни средини, и секако тоа го вклучува и Кабул“, рече тој. За физичката локација на амбасадата, вклучително и за нејзиното потенцијално преместување на аеродромот, Прајс откри дека евакуацијата на амбасадата всушност била непредвидена ситуација, и дека нема повеќе да одговара на хипотетички прашања, поврзани со оваа тема. Во услови на евакуација на амбасадата, рече Прајс, Соединетите држави ќе ги интензивираат своите напори за побрзо пренесување на толкувачите/преведувачите и другите Авганистанци надвор од земјата, кои помогнаа во дведецениските американски воени напори а биле вработени  преку американската програма SIV. „Нашите напори за преместување на заинтересираните и квалификувани кандидати за авганистански  SIV ќе продолжат да се зголемуваат“, рече Прајс, известувајќи дека повеќе од 1.200 Авганистанци биле донесени во САД преку операцијата „Сојузнички бегалци“. „Дополнителни летови ќе почнат да слетуваат секој ден и ќе видите дека вкупниот број расте многу брзо во наредните денови и следните недели“, рече тој.

Пред објавувањето, POLITICO како што пишува, добил „чувствителна но некласифицирана“ информација од врвниот американски дипломат во Авганистан за проблемите на мисијата. Амбасадорот Рос Вилсон напишал дека Авганистанците кои служеа заедно со САД за време на 20-годишната војна не беа во можност да ја напуштат земјата додека напредуваа Талибанците. Тој го охрабри Стејт департментот да разгледа можност, за  евакуација на поголема група Авганистанци од земјата.

„Вработените во амбасадата и блиските контакти кои се под закана поради нивната работа со американската влада мора да го напуштат Авганистан за да започнат со процесирање на нивните барања за бегалци, но не можат да излезат“, напишал Вилсон преку каналот за комуникација, за кој првпат извести Си -Ен -Ен. „Соседите на Авганистан во голема мера ги затворија вратите за Авганистанците кои бегаат, а Талибанците ги контролираат повеќето копнени премини“.

Сега има сериозни повици од Капитол Хил, Бајден да го смени курсот во Авганистан, го завршува текстот угледниот бриселски портал POLITICO.