Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зарем не е човечки и врвен хуман гест да отвориш врата на бегалец ?!

0
By Mirjana on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
Burqa-clad Afghan refugees arrive at the United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) repatriation center in Torkham, as they cross through the main border between Afghanistan and Pakistan to return to their home country after fleeing civil war and Taliban rule. / AFP / NOORULLAH SHIRZADA (Photo credit should read NOORULLAH SHIRZADA/AFP/Getty Images)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 12:20

Македонскиот премиер Зоран Заев, вчера изјави дека  Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и дека како влада ги известила нашите стратешки партнери САД, дека сме на располагање за помош во согласност со нашите можности и потреби. Подготвени сме да го прифатиме цивилното население на Авганистан кое работело на мирот во таа земја последните 20 години и кое било локална поддршка на сојузничките сили на НАТО, вклучувајќи ја и нашата војска  

Редовна појава на било кој вооружен конфликт се бегалците. Онаа исплашена река невини луѓе кои со бовчи на рамената, со лица и очи натечени од плачење, со тап поглед од престрашеност од немилите сцени или загубата на некој близок свој кој го задржале како последна слика од роднокрајот, тргнуваат на пат најчесто без крајна одредница и кој води кој знае на каде..

Таква, или можеби слична е состојбата и со луѓето од Авганистан кои под налетот на Талибанците очајно бараат помош. Само што овој пат овие луѓе како свој сојузник ги имаат Соединетите Американски Држави или земјата која никогаш нема да ве остави на „цедило“ доколку сте се „ бореле“ рамо до рамо за човековите права, демократијата, а против корупцијата, недозволената трговија, режимите, насилството, тероризмот и узурпаторите на светскиот мир општо.

Деновиве земјите како Република Северна Македонија, Албанија и Косово, излегоа и пред сопствената јавност соопштија дека  биле известени од САД, дека им треба помош за привремено сместување на луѓето кои побарале да бидат извлечени од налетот на  талибанците, се додека не им го органзираат престојот кај себе.

И пред да почнат да се ,,кршат“ политичките копја околу тоа дали сме требале да примиме бегалци или не и пред оваа хуманитарна криза да се префрли на политички терен, да се потсетиме колку пати досега  Македонија ги отворила своите врати и ги понудила своите скромни економски и социјални ресурси за да им овозможи мир и уточиште на илјадници бегалци, и тоа независно дали на власт била десната или левата опција, а за воља на вистината и двете најголеми партии кога биле на власт, искусиле што значи тој момент.

И да не мора да се враќаме многу во минатото, само за репер да ги земеме последниве три декади или целата наша самостојност, на земјава ова ќе и биде трет пат да биде во улога на згрижувач на бегалци со тоа што цехот го плаќаат САД  и што однапред се знае дека нивниот престој овде ќе биде со ограничен временски рок.

Првиот пат,им укажавме гостопримство на граѓаните од Босна и Херцеговина по крвавиот распад на екс Југославија во 1996 година кога се организираа директни хуманитарни летови Сараево- Скопје.

Вториот пат, во 1999 година на луѓето од Косово, кога во еден наплив беа меѓу 350.000-400.000 илјади бегалци, за по распределбата во странските држави, во Македонија да останат нешто над 120.000 илјади. Се проценува дека тој бран процентуално изнесувал од 17,5% -18% од вкупното населението и како таков бил со потенцијал да ја промени демогравската структура на населението во општеството. Од тие бегалци од Косово, во земјава останаа околу илјада Роми кои побараа и траен останок односно статус на македонски државјани.

И третиот пат се бегалците од блискиот и средниот исток кој откако беше одлучено да се движат во западноевропските земји, нашата држава како и државите од регионот ги третираат само како транзитна рута.

Така што, македонското гостопримство за бегалците не само што го искусиле тие, туку го почувствувале и странците, на кои земјава во даден период им послужила како логистика, додека овие не се организираат и не се договорат за бројчаната квота кој колку да преземе. Ова особено беше изразено и со бегалците од Босна и Херцеговина но и со бегалците од Косово.

Кога сме кај Косово, претседателката Вјоса Османи како причини за давањето согласност за примање на бегалци од Авганистан , ги наведе принципите на човечност и почитувањето на Меѓународното право и дека не им затвора врата на бегалци.

Албанскиот премиер Еди Рама информирајќи за барањето да прими одреден број бегалци додаде дека „Нема да речеме не и не само поради тоа што САД се наши големи сојузници, туку зашто сме Албанија“.

Македонскиот премиер Зоран Заев, вчера изјави дека „ Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и како влада ги известивме нашите стратешки партнери САД, дека сме на располагање за помош во согласност со нашите можности и потреби. Подготвени сме да го прифатиме цивилното население на Авганистан кое работело на мирот во таа земја последните 20 години и кое било локална поддршка на сојузничките сили на НАТО, вклучувајќи ја и нашата војска, како и активистите од демократските и хуманитарните организации за човекови права во Авганистан“, изјави премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Мирјана Трпческа

 

 

Авганистан бегалци рсм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.