Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во новиот извештај на 40 страници, Меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешенл ја документира наводната употреба на касетна муниција и други неселективни средства за напад од страна на Русија. „Повторените бомбардирања на станбени населби во Харков се неселективни напади во кои загинаа и се повредени стотици цивили, и како такви претставуваат воени злосторства“, се вели во извештајот на меѓународната организација. „Ова се однесува и на нападите со касетна артилерија и на оние извршени со употреба на други видови ненаведувани проектили и ненаведувани артилериски гранати, кои се неселективни кога се користат во близина на места со концентрација на цивили, пишува…
Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, кој учествуваше како набљудувач на Самитот Отворен Балкан во Охрид, рече дека границите треба да се отворат за Отворениот Балкан и дека не сака да види стоки и камиони од БиХ како стојат на границите а непречено да поминуваат камионите од земјите членки на иницијативата Отворен Балкан, рече Тегелтија. „Никој во БиХ нема право да ги доведе нашите граѓани и нашата бизнис заедница во таква ситуација“, изјави Тегелтија во интервју за „Политика“. „Претседателот Вучиќ предложи заеднички да формираме тим кој ќе се справува со проблемите и ќе нуди заеднички решенија за…
Со предлог-ребаланс на буџетот треба да се постигнат две цели: да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија и да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, како и одржување на социјалната сигурност на граѓаните. Ова го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими во своето експозе на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се разгледува предлог ребалансот на Буџетот. „Цели кои треба да се постигнат со овој документ се таргетираната поддршка за граѓаните и фирмите за надминување на предизвиците кои ги донесоа новите светски кризи. Ова ќе се…
Кисинџер: Зеленски е случаен претседател кој направи историска мисија-Путин? веќе не ја знае мерката
Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер наполни 99 години на 27 мај. Британскиот Сандеј Тајмс објави големо интервју со него, направено од историчарот Ниал Фергусон, инаку автор на книгата за Кисинџер. Поранешниот американски дипломат оди со бастун и зборува побавно, но неговиот ум е остар како и секогаш, пишува Тајмс, пренесува Јутарњи лист. Бидејќи државниот секретар Кисинџер беше мразен поради неговата улога во војната во Виетнам, денес неговиот наследник Ентони Блинкен инвестира милијарди во украинската војна. Фергусон не гледа значајна разлика помеѓу тогашната војна во која загинаа млади Американци и денешната војна во која Америка испраќа оружје за да убие…
Сепак, се предвидува дека кандидатите на Макрон ќе победат во поголем број изборни единици од левичарските ривали, што ќе му даде мнозинство на сојузот на Макрон, пренесува новинската агенција Асошиејтед Прес. Според проекциите, врз основа на делумните изборни резултати, се очекува центристичката алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон да го задржи парламентарното мнозинство. Според истите прогнози, партијата и сојузниците на Макрон освоиле меѓу 25 и 26 отсто од гласовите, што значи дека се речиси еднакви по бројот на гласови со новата левичарска коалиција составена од поддржувачи на тврдокорните левичари, социјалисти и Партијата на зелените.
Во фокусот на самитот во Сингапур за сајбер безбедност се тензиите меѓу Кина и САД и војната во Украина, но претставник на Фиџи укажа на опасноста од климатските промени потсетувајќи дека циклони повеќепати го погодиле Фиџи и другите островски земји на Пацификот. Климатските промени се поголема закана за Пацификот од воените тензии , децидно порачуваат претставниците на Фиџи. „Митралези, борбени авиони..не се нашата примарна безбедносна грижа. Најголема закана за нашето постоење се климатските промени , изјави министерот за одбрана на Фиџи Инија Серуирату, пренесува Би-Би-Си.
Поради обилните врнежи од минатата ноќ во Србија причинета е штета на инфраструктурата во реонот на општините Горњи Милановац, Чачак и Пожега. Реката Каменица го оштети мостот во Богданица, го однесе патот на неколку домаќинства во Мршељи, кои во моментов се отсечени. Жителите од краишта околу Чачак велат дека се поплавени и куќите, а оштетени се неколку патишта. Мостот на реката Чемерница, кој ги поврзува месните заедници Миоковци и Горња Горевница, е урнат и сообраќајот е во прекин. Во регионот на Ужице, водостајот на надојдената река Ѓетиња опаѓа. Поради огромните врнежи, реката Каменица се има излеано на повеќе локации, изјави за Нова.рс Братислав Зечевиќ од Цивилната заштита на…
Перуанската полиција заплени 2,2 тони кокаин, кој по морски пат требало да биде пренесен во Холандија. Дрогата била скриена во конзерви со аспарагус. Уапсени се седум Перуанци, а по двајца Албанци биле распишани потерници, објави Еј Би Си њуз. Шефот на Управата за борба против дрога, Цезар Ечеварија, рече дека организацијата за шверц на дрога ја воделе двајца албански државјани.
Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов во интервју за приватното радио „Дарик“ вели дека ја напуштил владејачката коалиција поради Македонија, додавајќи дека е прекршен коалицискиот договор. „Ја напуштам владата поради Македонија, изјави Трифонов по повеќе од еден час разговор, изразувајќи ја својата иритација поради ова прашање. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Трифонов, додека локалните Бугари не бидат дел од уставот на Северна Македонија и не започне имплементацијата на Договорот од 2017 година и доколку тоа зависи од него, Скопје не би ги започнало преговорите за членство во ЕУ. Тој беше дециден дека излегувањето од владејачката…
Честитки до сите православни верници во Република Северна Македонија, денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја, објави на фејсбук претседателот на државата Стево Пендаровски. Денеска, Архиепископ г.г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиереите на вселенската патријаршија. Нашата црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Благодарност до Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, пишува во објавата на претседателот.
Благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за приемот на Охридската Архиепископија во канонско единство со другите православни цркви, изрази попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Со ваквиот чекор, додава тој, се отстранува повеќедецениската изолација и се отвара патот за добивање автокефалност во периодот што следи.
Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во периодот 16-18 јуни, во Охрид ќе се одржи втората едиција на Преспа форумот за дијалог, насловен „Градење на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“. Преспа форумот за дијалог 2022, ќе ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан, со посебен осврт на импликациите на војната во Украина врз севкупните меѓународни, политички, безбедносни, економски прилики во Европа и пошироко. Дискусиите ќе бидат поделени по сесии и панели, на кои активно ќе земат учество претседатели на држави, премиери,…