Во фокусот на самитот во Сингапур за сајбер безбедност се тензиите меѓу Кина и САД  и војната во Украина, но претставник на Фиџи укажа на опасноста од климатските промени потсетувајќи дека циклони повеќепати го погодиле Фиџи и другите островски земји на Пацификот.

Климатските промени се поголема закана за Пацификот од воените тензии , децидно порачуваат претставниците на Фиџи.

„Митралези, борбени авиони..не се нашата примарна безбедносна грижа. Најголема закана за нашето постоење се климатските промени , изјави министерот за одбрана на Фиџи Инија Серуирату, пренесува Би-Би-Си.