Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
„Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството” е темата на Европскиот самит за дигитализација на судството кој од денеска во наредните три дена ќе се одржи во Охрид во организација на Министерството за правда, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски. На самитот, како што информираа организаторите, предвидени се поздравни обраќања на претседателот Стево Пендаровски, министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Клеменс Која и Георг Става од Федерално министерство за правда на Австрија. Првиот панел е насловен „Градење на политичка волја и овозможување одржливи извори…
Во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул денеска во 08:00 часот по македонско време, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан ќе ја почнат првата заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква. На литургијата предводена од поглаварите на двете цркви ќе присуствуваат и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ и…
Возачи во Полска денеска ги блокираа бензинските пумпи во знак на протест поради поскапувањето на горивата. На социјалните мрежи беше објавено дека се организирани блокади на бензинските пумпи во различни региони на Полска. Во мај годинава горивото за приватните потрошувачи е за 35,4 отсто поскапо од лани и пет отсто повеќе од април годинава. Сегашната просечна цена за литар безоловен бензин од 95 октани е околу 1,86 долари, пишуваат тамошните медиуми. Блокадите се одвиваа така што оние што наточиле гориво на пумпите потоа ги оставале возилата да стојат на истите при што се создавале редици зашто тие со наполнето гориво…
Цела Европа е мета на Русија, а Украина е само првата фаза во оваа агресија, предупреди украинскиот претседател Зеленски на заедничката прес конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во Киев. „Одлуката на Брисел за кандидатурата на Украина ќе ја одреди иднината на Европската унија, рече Зеленски. „Сега се утврдува каква ќе биде иднината на обединета Европа и дали воопшто ќе ја биде. „Позитивен одговор на Европската унија на украинската апликација ќе значи позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект воопшто има иднина“, изјави Зеленски, пренесува Гардијан. Претседателката на ЕК рече дека до крајот на наредната недела Брисел…
Како што соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев, тој на германскиот канцелар му рекол дека Северна Македонија требало да ги почитува и Копенхашките критериуми меѓу кои се човековите права и недискриминацијата. Тоа се услови што земјава требало да ги исполни пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, му рекол Радев на Шолц. Радев инсистирал кај Шолц Европската унија да биде гарант за почитување на правата на македонските Бугари во Македонија. „Потребни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Северна Македонија. Бугарскиот…
Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања во интервјуто за Фронтлајн, дадено во рамки на одржувањето на Самитот на „Отворен Балкан“, рече дека „Отворен Балкан“ е иницијатива којашто е автохтона, искрена и отворена за сите, со намера, државите од Западен Балкан да направат нешто повеќе за граѓаните од нивните држави, олеснување на протокот на луѓе и добра, капитал и иницијативи и проекти коишто ќе го поврзат регионот и ќе покажат едно ново лице на Балканот. „Оваа иницијатива има за цел да ги зближи луѓето, сите отворени прашања да ги стави на маса и со прагматични чекори, со олеснување на…
Денеска, во доцните дневни часови – пред стемнување, (со пронаоѓање во 19.15 часот), успешно се реализираше акција на спасување изгубени семејства, од странство во два автомобила, 5 возрасни заедно со 4 дечиња залутале во нашата држава и заглавиле со возилата заради лошите временски и патни услови во планина. Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион.…
Портпаролот на украинскиот претседател Сергеј Никифоров денеска изјави дека не се точни тврдењата на американскиот претседател Џо Бајден дека Владимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина. Никифоров изјави дека американскиот и украинскиот лидер се слушнале неколку пати пред да се влоши ситуацијата и дека Киев побарал воведување превентивни мерки против Москва, јави порталот „Известија“. „Затоа треба да се разјасни фразата „не сакаше да слуша“. Дополнително, ако се сеќавате, претседателот на Украина ги повика партнерите да воведат пакет превентивни санкции со цел да ја поттикнат Русија да ги повлече своите…
Најголемата држава во средна Америка, Никарагва дозволи распоредување на руски војници, авиони и бродови на своја територија. Во декретот издаден неделава, што Русија го потврди пред два дена, претседателот Даниел Ортега им дозволува на руските војници да извршуваат должности за спроведување на законот, „хуманитарна помош, спасувачки мисии и пребарување во итни случаи или природни катастрофи“. Владата на Никарагва, исто така, одобри присуство на мали контингенти руски војници за „размена на искуства и обука“. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека одлуката на Никарагва, што се носи двапати годишно, е „рутинска“ бидејќи законот, исто така, овластува војници…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, утре (недела), 12.06.2022 година ќе предводи делегација на Владата која што во рамките на работната посета на Туркије ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослушуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј. Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света…
Италијанските спасувачи денеска ги лоцираа телата на седум лица, меѓу кои четворица турски и двајца либански бизнисмени, кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во шумска, планинска област во Италија за време на невреме, соопштија властите. Полковникот Алфонсо Ципријано, кој ја предводи единицата за координација за спасување, која ја водеше потрагата од четвртокот, рече дека спасувачите биле донесени на местото на несреќата откако човек кој трчал во планините пријавил дека видел нешто што мислел дека е дел од оштетениот хеликоптер за време на престојот утринава на Планината Кусна, пренесе Асошиејтеде Прес. Хеликоптерот полетал од градот Лука во Тоскана во четвртокот…
Австрија никогаш нема да и одобри на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на сметка на земјите од Западен Балкан, изјави претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка. -Австрија никогаш нема да го поддржи тоа, нагласи Соботка во интервју за агенцијата АПА. Тој посочи дека за Австрија е важно сите земји од Западен Балкан не само да имаат европска перспектива, туку и да им се покаже начинот на кој можат да влезат во ЕУ. Тој потсети дека австрискиот канцелар Карл Нехамер јасно ставил до знаење дека нема да има брз пристапен процес за Украина. За австрискиот предлог за пристапниот…