Цела Европа е мета на Русија, а Украина е само првата фаза во оваа агресија, предупреди украинскиот претседател Зеленски на заедничката прес конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во Киев.

„Одлуката на Брисел за кандидатурата на Украина ќе ја одреди иднината на Европската унија, рече Зеленски.

„Сега се утврдува каква ќе биде иднината на обединета Европа и дали воопшто ќе ја биде. „Позитивен одговор на Европската унија на украинската апликација ќе значи позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект воопшто има иднина“, изјави Зеленски, пренесува Гардијан.

Претседателката на ЕК рече дека до крајот на наредната недела Брисел ќе донесе одлука за тоа дали на Украина да и се даде кандидатски статус.