Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во рамки на првата балканска турнеја по стапувањето на должноста, германскиот канцелар Олаф Шолц, претпладнево престојува во неколкучасовна официјална посета на земјава. Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија беа дочекани од премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија со највисоки државно-воени почести. Според агендата, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува средба на двете делегации. Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со македонскиот премиер. Шолц во Скопје доаѓа од Белград а претходно ја посети и Приштина, а по разговорите со македонската влада, тој ќе замине за Софија, a…
Општина Центар стопира градежни дејствија на вкупно 8 парцели кои се дел од ДУП Ј07 кој го опфаќа локалитетот Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно во кои припаѓа и градежната парцела на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ во парк шумата Водно до која нема пристапен пат, се наведува во општинското соопштение. На денешната редовна 11-та седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски побарал дополнување на дневниот ред со точка за стопирање на сите градежни дејствија во ДУП Ј07 за кои во изминатиот период имаше многу полемики и незадоволство од граѓаните на Водно. „Со оваа одлука на денешната…
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по денешните разговори во Софија, изјави дека се надева оти од разговорите што ги водел во Скопје и во бугарската метропола ќе произлегло решение. Тој не избегна да каже дека во Брисел постои фрустрираност зашто сеуште немало решение , но дека нивните очекувања биле до претстојниот Самит на ЕУ на 23 јуни , да се постигне договор. „Се надевам дека од сите овие разговори во Софија и Скопје конечно ќе произлезе решение, за конечно евро-перспективата на Северна Македонија да биде, не само потврдена, туку и зајакната. Веќе сме јуни, а јунскиот Самит е круцијален датум,…
Настанот се случил вчера (08.06.2022) во претпладневните часови кога во 10.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“, патничко возило „Опел Астра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(52) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од Л.М.(46) од Гостивар, информираа од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., кои и биле констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.
Според извештајот на ОН, околу 180 милиони луѓе во 41 од 53 земји за кои се достапни податоци се предвидува да се соочат со кризи со храна или влошување на условите оваа година, а уште 19 милиони се очекува да се соочат со „хронична неухранетост“ на глобално ниво. во 2023 година“. Последиците од војната во Украина го зголемуваат страдањето на милиони луѓе поради зголемените цени на храната и енергијата и влошената финансиска криза, со влијанието на пандемијата на Ковид-19 и климатските промени, се вели во новиот извештај на ОН. Околу 1,6 милијарди луѓе во 94 земји се тешко погодени од…
Од почетокот на годината во САД имало 650 оружани престрелки – убиени се над 730 лица од кои 91 дете
Две недели по масакрот во училиште во Тексас во кој беа убиени 21 лице, меѓу кои и голем број деца, бранот вооружено насилство во земјата изгледа се зголеми. Пукање со трагичен исход имало во 43 од 50 сојузни држави во САД. До 24 мај, 730 луѓе се убиени во повеќе од 650 инциденти, покажуваат официјалните податоци. Меѓу загинатите има 23 деца, како и 66 тинејџери. Овие бројки се длабоко загрижувачки, особено откако во последните недели во САД започна дебатата за употреба на оружје. Во повеќето инциденти, едно лице беше убиено, најмногу по ескалација на улични тепачки, семејно насилство или пресметка…
Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска потврди дека навистина има записи од средбите на Кирил Петков со европските дипломати на тема Северна Македонија. Генчовска за БТВ коментира дека белешките се класифицирани и се чуваат во министерството. На овие средби се разговарало како да се заобиколи бугарското вето за Република Северна Македонија. БГНЕС потсетува дека Тошко Јорданов од Има Таков Народ, изјавил дека Кирил Петков бара начин да го заобиколи коалицискиот договор за РСМ. ПП сега истражува дали се дозволило да се одржуваат состаноци и да се прават разговори што не требало да се случат, па – не, не сме мирни.…
Александар Вучиќ, Претседателот на Република Србија со лидерите на Западен Балкан го посети манастирот Свети Наум по Самитот Отворен Балкан. По тој повод, Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил. „На крајот на успешниот ден го посетуваме манастирот Свети Наум, еден од најважните православни храмови, изграден во 905 година и местото каде што е напишана кирилицата, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ.
Двомоторен авион „Бичкрафт“ со две лица синоќа без дозвола прелетал над воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија, соопшти романското Министерство за одбрана. – Пилотот не реагирал на радио повиците и визуелните сигнали на воените авиони кои го придружувале леталото во согласност со меѓународните правила – се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана, пренесува Тас. Според достапните информации, авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен вчера околу 17.30 часот, без одобрение и план за лет и со исклучени транспондери. Два унгарски воени авиони го придружуваа леталото во унгарскиот воздушен простор. На авионот околу 19 часот му…
Лидерите на „Отворен Балкан“ со денеска потпишаните документи од областа на туризмот им овозможуваат на граѓаните на трите земји да се одмараат во Саранда, Охрид или Копаоник по поубави цени. Во меѓувреме, претпријатијата на Македонија, Србија и Албанија одговорни за патарините веќе работат на развивање на систем кој со користење електронска картичка ќе ги „ препознава“ граѓаните од овие земји за да се избегнат гужвите, изјави премиерот Димитар Ковачевски на завршната прес конференција на самитот на „Отворен Балкан“ кој овие два дена се одржуваше во Охрид. „Час поскоро, нашите граѓани од Отворен Балкан да почувствуваат нови економски и други…
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска престојува во Анкара каде се сретна со колегата од Туркије, Мевљут Чавушоглу. По средбата беше одржана прес-конференција на која рускиот министер беше изнервиран од еден украински новинар. Според Ројтерс, на Лавров му било поставено многу непријатно прашање. НОВИНАР: Украинска телевизија. Јас се викам Муслиман Умеров. Имам прашање – што е украдено од Украина, освен пченица? А што успеа Русија да продаде? ЛАВРОВ: Извинете? Кажи го тоа повторно. НОВИНАР: Што е украдено од Украина, освен пченица, а што успеала да продаде Русија? ЛАВРОВ: А вие зборувате за … Вие (Украинците) секогаш сте преокупирани со…
(Во Живо) Церемонија на потпишување на документи и прес конференција на лидерите на „Отворен Балкан“
Активностите поврзани со самитот на „Отворен Балкан“ кој се одржува во Охрид, привршуваат. Како што е најавено следува церемонија на потпишување на заеднички документи и тоа: Договор за соработка на Западен Балкан во областа на меѓусебното признавање на дипломите и научните звања издадени на високообразовните и други институции, Меморандум за разбирање за соработка во областа на туризмот, Меморандум за разбирање за културна соработка во Западен Балкан и Меморандум за разбирање за соработка меѓу даночните администрации на Западен Балкан. По потпишувањето следува прес конференција на лидерите на оваа иницијатива Ковачевски, Вучиќ и Рама.