Author: Mirjana

Од ноќеска на полноќ за 2 денари поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 а за 2,5 денари бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%, информираат од Регулаторната комисија.  Еве колку ќе изнесуваат цените со најновата корекција која стартува вечерва…

Read More

Пред малку од САД пристигна заедничката изјава од стратешкиот дијалог со Северна Македонија. Изјавата може да ја проследите во продолжение во интегрална форма: На 2 јуни 2022 година Владите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија одржаа Стратешки дијалог во Вашингтон  насочен кон продлабочување на билатералното партнерство. Стратешкиот дијалог го предводеа министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи и Помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, др. Карен Донфрид. Тие ги потврдија цврстите односи меѓу двете држави и со нетрпение очекуваат унапредување на заедничките приоритети за безбедност и просперитет билатерално, на европскиот континент и низ…

Read More

Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, кој се одржува во Вашингтон, наидува на позитивни одгласи во јавноста како нешто кое не само што ќе ги зацврсти билатералните односи туку и ќе испрати добри сигнали за нас, на трети земји и инстанци. Поранешниот  македонски  амбасадор во САД Васко Наумовски за НОВА изјави дека овој дијалог е форма за зацврстување на билатералните односи со цел да се нагласи стратешкото партнерство, особено во моменти кога е потребна натамошна стабилизација на Балканот, како дел од приоритетите на американската надворешна политика. Секако , вели Наумовски, овој процес треба да се анализира и…

Read More

Од направени 1.124 тестови, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови изгледа вака:  Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово – по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија – по 1. Од 72-та регистрирани 20 биле реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до…

Read More

Како што е наведено на сајтот на Европол, откриени биле 916 случаи на шверц и претресени 151 куќа, а запленети биле разновидни средства со вкупна вредност од приближно 900.000 евра. Работната група (ОТФ), предводена од германската федерална полиција и координирана од Европол, разби една од најопасните групи на шверцери на мигранти низ ЕУ, се наведува на сајтот на европската полиција.. Во акцијата биле вклучени и полициите на Австрија, Германија, Унгарија, Романија, Србија и Холандија, што довело до отворање на 39 нови истраги, соопшти Европол.

Read More

Една од најдраматичните хајки во историјата на Тексас заврши доцна синоќа  кога осудениот убиец кој избега од затворски автобус минатиот месец, беше убиен во престрелка со полицијата, неколку часа откако стана главен осомничен за убиството на петте лица во домот, соопштија властите, пренесува Њујорк Тајмс.  Осудениот, Гонзало Артемио Лопез, беше главниот осомничен за убиствата на четворица малолетници и едно возрасно лице чии тела беа откриени во четвртокот во домот во близина на местото каде што тој избега во мај. Надлежните рекоа дека тој од домот зел возило, бел Шевролет Силверадо, за да избега од областа. Доцна синоќа, полицајците во Џордантон,…

Read More

Со децении тоа беше симбол на слободата на кинеско тло. Секој 4 јуни, дожд  или сонце, десетици илјади луѓе се спуштаа во паркот „Викторија“ во Хонг Конг за да им оддадат почит на жртвите од масакрот на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, 1989 година. Атмосферата одеднаш стануваше „тешка“ и мрачна. Говорниците ќе побараа одговорност од Кинеската Комунистичка партија за наредбата за крвава воена акција што ги чинеше живот  стотици, ако не и илјадници, невооружени продемократски демонстранти на тој кобен ден во Пекинг. Во спомен на загинатите, во 20 ч. секоја година паркот се претвора во море од свеќи, држени високо од…

Read More

Кандидатот за претседател на НСДП Горан Мисовски пред раководствата на општинските организации на НСДП од Изборните единици 1 и 2 ја презентираше кандидатурата за претседател на НСДП. Истакна дека неговата програма „ВИЗИЈАТА ЗА НСДП 2022-2026“  ќе донесе клучни промени во делувањето на НСДП во насока на отвореност, транспарентност, отчетност на функционерите и партија блиска до граѓаните. Се работи за сеопфатен документ кој ќе ја демократизира и модернизира партијата и ќе ја отвори за нови лица и прогресивни идеи. НСДП е партија со автономни и препознатливи политики кои се докажаа како визионерски во минатото. Такви политики ќе бидат и во иднина,…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од 1.06.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Од ноќва на полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин                ЕУРОСУПЕР БС – 95     …

Read More

Првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на прес конференција за пожарот во тетовската фабрика „Пофикс“, говореше за алармантната состојба  во која се наоѓа територијалната противпожарна единици од овој град која не е многу поразлична од останатите територијални единици. Поради тоа рече Ангелов дека се размислува повторно да се централизираат овие служби зашто децентрализацијата покажала лоши резултати со оглед на слабата финансиска кондиција на одделни општини кои се впрочем надлежни за функционирањето на противпожарните единици. „Тетовската противпожарна единица брои 60 лица на околу 40 години. Располагаат со две цистерни стари по 25 години, потребни се уште…

Read More

Седум пратеници гласаа „против“ предлогот на Антонио Милошоски, а пет „за“ лично претставување пред пратениците на кандидатите за уставни судии и поради тоа овој предлог не помина на Комисијата за избори и именувања. Претходно, пратеникот Антонио Милошоски образложи дека ако им се даде на предложените кандидати можност да излезат на собраниската говорница и да одговорат и на поставените прашања ќе се отстранат сите сомнежи дека ќе бидат избрани уставни судии кои не ја заслужуваат довербата. „Не знам од што се плашите, ако кандидатите излезат пред јавноста па таа нека суди која е поистакната правничка Тања Васиќ или професорката Родна Живковска,…

Read More

Министерството за финансии денес ги појасни мерките што ќе бидат преземени за ублажување  на ценовниот шок кој настана по одмрзнувањето на цените на некои од стратешките прехранбени производи и враќање на акцизата на енергенсите и на ДДВ. Во насока на едновремено насочување на мерките кон ранливите категории на граѓани, но и постепена фискална консолидација, новите антикризни мерки ќе бидат таргетирани, информираат од Министерството за финансии. Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење  фискална политика, која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок, се наведува во соопштението до јавноста.…

Read More