Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Српскиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ Стефан ќе служат литургија на помирување на 19 мај во црквата Свети Сава во Белград, соопштија од Патријаршијата за Танјуг. Литургијата ќе започне во девет часот, а ќе чиноначалствуваат сите епископи на двете цркви. Патријархот Порфириј ги повикува верниците да присуствуваат на архиерејската литургија во што поголем број, информира Танјуг. Српскиот православен црковен парламент вчера соопшти дека го прифаќа статусот на најширока можна автономија за Македонската црква, односно целосна внатрешна независност, која и беше доделена во 1959 година. Последната синодска одлука на црковен Белград иницира дилема дали од одлуката на СПЦ сега произлегува постоење…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, информирајќи дека при крај биле анализите за најголемата реформа на тарифниот систем за електрична енергија, на прес-конференција изјави дека во ниската тарифа ќе има само една цена независно од потрошувачката на струјата, во високата, односно скапата тарифа, ќе имало различни цени. Новиот тарифник ќе стартувал на почетокот на јули заедно со новиот ценовник на струјата. Компаниите веќе доставувале пресметки, а ќе се внимавало за домаќинствата кои се грееле исклучиво на струја и немале друга можност. „Дури и да е во највисоката тарифа, потрошувачот ќе си плати најниска цена за оние киловати што влегуваат…
Партијата за Демократска обнова на Македонинја (ДОМ) алармира дека над 500 деца во општина Ѓорче Петров имаат потреба за згрижување во градинка и бара сите трошоци што биле планирани на општинско ниво за градење, да се пренаменат за изградба на сместувачки капацитети за децата. „Според информациите од јавноста повеќе од 500 деца чекаат ред за прием во градинките во Ѓорче Петров. Граѓаните секојдневно видно загрижени упатуваат пораки до нас и известуваат за проблемите со кои се соочуваат за згрижување на своите деца. ДОМ Ѓорче Петров апелира за итно довршување и пуштање во употреба на новата градинка во Волково, изградба на…
Порталот „Сакам да кажам“ објави информација дека на нивната новинарка Соња Делевска во саботата на куќна адреса и била доставена покана од полиција да се јави на разговор во полициската станица „Беко“, врз основа на добиена поплака од раководителка на Министерството за правда за напишан текст од страна на Делевска. Како што се наведува во текстот, иако од страна на полицијата и било укажано на раководителката/пријавителка во случајов, дека не се надлежни и дека таа област е од делокругот на граѓанското право, сепак по нејзино инсистирање, новинарката била повикана со образложение дека полицијата мора да постапува по секоја пријава од…
Откако го доби актот на Светиот архиерејски синод на „Македонската православна црква – Охридска архиепископија“ со кој го прифаќа општопризнатиот канонски статус што му беше доделен во 1959 година од Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, таа се надева дека Српската православна црква ќе го реши канонскиот статус, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, Светиот архиерејски Синод одлучи; – Со благодарност кон Господа и со радост, Собранието го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година; – бидејќи со…
„ На Извршниот комитет ќе се расправа за новата фаза од блокадата, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кои се следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ по однос на најавената блокада, при денешната посета на општина Ѓорче Петров. „Ние кажавме се што е за интересот на граѓаните, се што е за интересот на народот, се што е за интересот на Македонија, повисоки плати, повисоки пензии, субвенции за земјоделците, помош за стопанството ќе го поддржиме. Се она кое што цениме дека е спротивно на интересите на народот и граѓаните ќе го блокираме и така ќе се однесуваме во иднина, рече…
Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“. Така е решен спорот, кој датира од 1967 година, кога таканаречената Македонска православна црква се одвои од СПЦ, наведува српски Курир. Како што во објавата наведува порталот, пред ваквата одлука на Собранието, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирие и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност. По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и непризнатата МПЦ, на истото место за…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит. соопштуваат од Регулаторната комисија. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг. Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на …
Во очекување на официјален став на Српската православна црква (СПЦ) во контекст на признавањето на Вселенската патријаршија на нашата Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија, (МПЦ ОА) , медиумите од соседството веќе најавуваат „агенда“ на активности на поглаварот на МПЦ ОА , г.г. Стефан. Бугарскиот весник „ Дневник“ во текст посветен на црковните состојби по канонското признавање на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, која ја повика црквата од Скопје да го бара решението за автокефалност низ дијалог со Српската православна црква (СПЦ), објави дека „на празникот Св. Тројца на 5 јуни годинава, поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) г.г Стефан…
Според податоците кои научниците ги споредиле, ерупцијата на вулканот во Тонга, која се случи во јануари оваа година, била најсилна во последните 140 години. Најголемата вулканска ерупција што се случила порано била во 1883 година, а станува збор за ерупција на вулканот Кракатау, велат научниците. Ерупцијата на вулканот во Тонга беше „рекордна атмосферска експлозија“ и беше потврдена како најголема експлозија досега забележана во атмосферата со современи инструменти. Тоа е далеку поголема ерупција од кој било вулкански настан во 20 век, што е посилно од секое ослободување енергија, како онаа за време на тестовите на атомските бомби, спроведени по Втората светска…
Српската православна црква денеска ги продолжува активностите поврзани со дневниот ред на пролетната сесија на саборот. По Сремски Карловци вчера, каде се одржа централната прослава по повод стогодишнината од воспоставувањето на Српската патријаршија, денеска свештените лица ќе одат во Белград. Според српски Курир, кој се повикува на извори од СПЦ, една од темите на саборот е и признавањето на МПЦ ОА од страна на Вселенската патријаршија, поточно една од темите е ставот што треба кон ова прашање да го заземе СПЦ, дополнително што за тоа веќе било преговарано изминативе месеци на ниво на поглаварите на двете цркви, на почетокот на…
Движејќи се низ уличките зад Т.Ц. Буњаковец, камион откорнал дрво. За среќа нема повредени. Повеќе детали за настанот се очекува откако полицијата ќе изврши увид , кој би требало да покаже дали станува збор за невнимание на возачот или поради премногу паркирани возила било тешко да се изврши маневар со камионот и да се избегне ваква случка. (М.Т.)