Author: Mirjana

Развојот на регионалниот енергетски проект Александруполи отвора можности за сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи. Диверзификација на изворите и пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни е една од клучните можности кои се отвораат со развојот на овој проект, се согласивме со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз на денешната средба, напиша Ковачевски на својот ФБ профил. Како што соопштија од владата, на средбата со фокус на енергетско-економските иницијативи, премиерот Ковачевски изрази благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од…

Read More

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ (Qantas) објави дека има намера, до крајот на 2025 година, да го спроведе најдолгиот непрекинат комерцијален лет – од Сиднеј до Лондон којшто би траел 19 часа. По пет години планирање, компанијата објави дека нарачала 12 авиони „Ербас А350-1000“ за така долги летови, како дел од програмата „Проект изгрејсонце“. Овие летови ќе почнат од Сиднеј до крајот на 2025., а подоцна, можеби, и од Мелбурн. – Новите типови на авиони овозможуваат нови работи. „А350“ и „Проџект Санрајз“ ќе го поврзат секој град со само еден лет од Австралија, изјави директорот на „Квантас“, Алан Џојс,. Тестирањето долги летови…

Read More

Повеќе од половина од возрасните во Европа се премногу дебели, според Регионалниот извештај за дебелината за 2022 година претставен од Светската здравствена организација (СЗО) денеска. Околу 59 отсто од возрасните во европскиот регион на СЗО се со прекумерна тежина или дебели, покажуваат податоците. Проблемот погодува повеќе мажи отколку жени, при што 63 отсто од мажите имаат прекумерна тежина во споредба со 54 отсто од жените. Едно од три деца е засегнато – 29 отсто од момчињата на возраст меѓу 7 и 9 години со прекумерна тежина или дебели, и 27 отсто од девојчињата во иста возрасна граница. Процентот се зголемува…

Read More

Русија истражува кривично дело за развој на биолошко оружје за масовно уништување, кое го финансирало Министерството за одбрана на САД, како и други организации поврзани со него. Рускиот истражен комитет утврди дека САД инвестирале повеќе од 224 милиони долари во развој на биолошко оружје во Украина од 2005 година, изјави претседателот на Истражниот комитет Александар Бастрикин во интервју за Раша тудеј. „Утврдено е дека од 2005 година американските инвестиции во биолошки програми во Украина изнесуваат повеќе од 224 милиони долари“, изјави Бастрикин за РТ, пренесува ТАСС.

Read More

Почнува изградбата на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас во Александруполи, преку кој се очекува за помалку од 20 месеци да потечат првите кубни метри течен природен гас (ЛНГ) од Азербејџан односно од САД и други земји. Со проектот кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија која ја одобри грчката мерка за поддршка вредна 166,7 милиони евра за изградба на терминалот, се очекува Република Северна Македонија да ги зголеми капацитетите за дотур на гас во земјава  што би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените. Договорот …

Read More

Попладнево во скопски Аеродром на локација кај Тобако, бил повреден човек од залутан куршум кој засега не се знае кој го истрелал и од кој правец. 32 годишниот Т.Ј. во моментот кога бил погоден разговарал со вработениот во Тобако,  со кого заедно го слушнале пукањето, по што се пожалил на болка и била повикана Итна медицинска помош. Лекарот констатирал повреда од куршум, по што ранетиот бил однесен во Градска болница.  Полицијата работи на расчистување на случајот откако извршила увид на местото на настанот.

Read More

Граѓаните на Куба денеска на улиците за прв пат по избивањето на пандемијата на корона вирусот за да го одбележат Меѓународниот празник на трудот, носејќи знамиња, фотографии на поранешниот кубански водач Фидел Кастро и извикувајќи „Куба живее и работи“ . Актуелниот претседател  на Куба Мигел Диаз-Канел и поранешниот лидер Раул Кастро, со бели маски на лицата и облечени во воена униформа , го надгледуваа собирот од бина свртена кон плоштадот „Plaza de la Revolucion” во Хавана.

Read More

Евакуацијата на цивилите од деловите на Мариупол кои не припаѓаат на челичарницата Азовстал е одложена за утре, соопшти денеска Градскиот совет. Како што беше наведено, евакуацијата е одложена поради безбедносни причини, јави Би-Би-Си. Покрај борците и цивилите опколени во Азовстал, во јужниот дел на градот останаа околу 100.000 жители. Новиот обид за транспорт на цивили во Запорожје од разурнатиот пристанишен град, кој главно е под руска контрола, ќе се случи утре наутро, соопшти градскиот совет на Запорожје. Запорожје е под руска контрола. Тоа е дестинација за претходните операции за евакуација. Во посебна мисија координирана од меѓународните хуманитарни групи денеска, околу…

Read More

Илјадници луѓе денеска учествуваа на првомајските протести ширум Франција, кои во главниот град Париз ескалираа во повремени судири меѓу полицијата и одделни групи демонстранти, објави „Монд“. Учесниците на првомајските собири во Франција денеска побараа социјална правда и зголемување на платите, како и претседателот Емануел Макрон да се откаже од планот за зголемување на старосната граница за пензионирање, објави Ројтерс. Според проценки на полицијата во протестите ширум Франција учествувале над 100 илјади демонстранти а само во главниот град Париз околу 24 илјади. Имало околу педесетина повредени полицајци и голем број приведени демонстранти. https://t.co/PgcPEU5tPQ Ben.. le mec lui a pas fait 1…

Read More

Едно лице е повредено во пожар што избувна во воен комплекс во јужниот руски град Белгород, на границата со Украина, соопшти гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков кој рече дека локалниот жител се здобил со полесни повреди и не е во животна опасност. Тој, исто така, рече дека седум згради биле оштетени во пожарот. Од Министерството за одбрана не се изјаснија за инцидентот, а причината за пожарот не е позната. Ројтерс не беше во можност да ја потврди вистинитоста на оваа информација. На фотографии и видеа на твитер објавени на социјалните мрежи се гледа облак од чад кој се издига…

Read More

Денеска  мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 92 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.   Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат…

Read More

Обвинителите во Украина минатата недела посочија десет руски војници осомничени за воени злосторства во Буча. Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека нејзината канцеларија отвора нови случаи против припадниците на руските сили кои наводно извршиле воени злосторства, со вкупно 9.158 кривични предмети во кои „вклучени се исклучиво воени злосторства“. „Веќе идентификувавме конкретни воени злосторници“, изјавила  Бенедикт, пренесува CNN.

Read More