Author: Mirjana

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија користи „фабрика на тролови“ за да шири дезинформации на социјалните мрежи за војната во Украина и за политичарите во голем број земји, вклучително и Велика Британија и Јужна Африка. Во истражувањето финансирано од Велика Британија се наведува дека мети на „троловите“ биле британски министри и други светски лидери, а трагите од операцијата биле откриени на осум социјални мрежи, меѓу кои Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок. Во соопштението на британското МНР се посочува дека истражувањето открило дека кампањата за дезинформации на Кремљ била дизајнирана да манипулира со меѓународното јавно мислење за руската инвазија…

Read More

Годинава како никогаш досега македонските работници се понижени и обесправени, а нивниот труд воопшто не е вреднуван. Наместо подобри услови за работа, повисоки плати, работниците во Македонија трпат секојдневни притисоци и добиваат откази во услови кога нивните трошоци за живот вртоглаво растат. Животот кој им се ветуваше, се претвори во беда и безнадежно секојдневие, мислејќи како до крајот на месецот да заврзат крај со крај, се наведува во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Мицкоски обвинува за тоа дека работниците биле под притисок и уцени и не можеле да си го искористат…

Read More

Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Павле Беловски за Денот на трудот 1 Мај порача, „ борбата продолжува“. https://www.youtube.com/watch?v=RQoCj28G1ck

Read More

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија сака да им го честита 1ви Мај, меѓународниот ден на трудот на сите работници! А, борбата за работничките права се води секој ден… Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, затоа што сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна. Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална,енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден…

Read More

Синоќа од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода 14 лица сите од Скопје, поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Притоа, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23), А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33), И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја. Лицата се приведени во полициска станица и…

Read More

Пишува: Нано Ружин По двете исцрпувачки години на Корона Пандемијата, исполнети со бугарското вето,  војната во Украина и реизборот на Емануел Макрон, двата аспиранти за добивање датум за почеток на преговорите (Северна Македонија и Албанија) сеуште тапкаат во место. Во таквите премрежија, со некоректноста на Софија, и егоцентроизмот на Тирана која настојува да се одвои од балканската двојка,  се загрозија и амбициите за добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.  Дали новиот мандат на Макрон ќе ги материјализира амбициите на Скопје и Тирана? Засега прашањето останува хипотетичко, бидејки францускиот старо-нов претседател уште од Самитот на ЕУ во Брисел…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски им го честиташе Денот на трудот – 1 мај, на сите работници и работнички во земјата. Во неговата празнична порака, премиерот Ковачевски истакнува дека тие во него и во Владата имаат сојузник за секое прашање и дека заедно со работниците и синдикатите ќе бидат надминати сите предизвици. „Работниците се движечката сила на економијата и општествениот развој. Затоа оваа Влада и јас како премиер го препознаваме и вреднуваме нивниот труд. Меѓународниот ден на трудот годинава го славиме во услови на глобална економско-енергетска криза. И покрај сите предизвици, останавме посветени на подобрување на…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со видео обраќање го честиташе  1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. За Владата и Министерството за труд и социјална  политика, унапредувањето на работничките права остануваат  високо на агендата на приоритетни цели.Ветивме зголемување на минималната плата и денес, и денес нема плата пониска од 18.000 денари. Нашата посветеност на работничките права ја потврдуваме со започнатиот социјален дијалог, за изготвување на општ колективен договор, за сите вработени во јавниот сектор. Работиме на решението кое ќе е системско и солидарно за сите. Линеарно покачување од 2806 денари, за сите вработени во јавниот сектор. Во рамката за преговори,…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во Киев се сретнал со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. „Веруваме дека доаѓаме во посета за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода… Вашата борба е борба за сите. Наша обврска е да бидеме со вас додека не заврши борбата“, изјавила Пелоси, пренесе Зеленски во видеото што го објави на Твитер. Зустріч зі спікером Палати представників Конгресу США @SpeakerPelosi в Києві. Сполучені Штати є лідером потужної підтримки України в боротьбі з агресією РФ. Дякуємо, що допомагаєте захищати суверенітет і територіальну цілісність нашої держави! pic.twitter.com/QXSBPFoGQh — Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May…

Read More

Со надеж дека ја испраќаме пандемијата во заборав, денеска, им го честитам Меѓународниот ден на трудот на сите граѓани, работници и борци за подобро утре. Како и во екот на кризата, така и денеска, оддаваме почит на сите работници без кои тешко ќе успеевме да ја надминеме здравствената и економско-социјалната криза.  Како држава, да вложуваме постојано напори за унапредување на правата на сите работници. Да се бориме за вистинска валоризација на секој работник и работничка во земјата, на секој поединец кој преку својата дејност, со својот труд и пожртвуваност придонесува за заедничкото добро, се наведува во честитката на претседателот Пендаровски…

Read More

За енергетските гиганти БП и Шел првиот квартал од годинава е посебно успешен и компаниите поради војната во Украина имаат зголемен профит, објави Гардијан. БП и Шел се две од вкупно седумте нафтени гиганти во светот. По прекинот на врските со Кремљ, двете компании додадоа вкупно 24 милијарди фунти на нивната вредност. Шел се очекува да добие дополнителен профит од 3,5 милијарди фунти поради одлуката да го напушти заедничкото вложување со руската државна компанија за гас Газпром, вклучувајќи го и нејзиниот удел во гасниот проект Сахалин Два. БП поседува 20 проценти од акциите во руската државна нафтена компанија Роснефт, која минатата година имаше профит…

Read More