Author: Mirjana

Најмалку 48 лица загинаа, вклучително и една пратеничка, а 108 се повредени вчера кога двајца бомбаши самоубијци извршија напад во регионалната престолнина Беледвејн во централниот дел на Сомалија. Пратеничката Амина Мохамед, која беше во Беледвејн во рамки на нејзината предизборна кампања, е меѓу убиените во самоубиствениот бомбашки напад, заедно со други политичари и припадници на безбедносните сили, изјави за ДПА портпаролот на полицијата Хасан Диисоу. Според извештаите, мета на првиот напад била Мохамед, додека, неколку минути подоцна, вториот бомбаш-самоубиец кој управувал автомобил ги нападнал воените возила со жртвите од првата експлозија. Одговорноста за нападот ја презеде исламистичката терористичка група Ал…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Владата денеска донела одлука за испорака на 27.000 тони пченица и брашно во Албанија, како и значителни количини пченка, како и дека во рамките на Отворен Балкан, според договореното, ќе и биде испорачано и на Сверна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Бидејќи во Албанија не можат да примат 35.000 тони пченка, според Вучиќ, еден дел останува во складиште во српските магацини. -Тие се од Отворен Балкан, а барања добивме и од Северна Македонија. Ќе испорачаме се во согласност со договорот. А потоа ќе доставиме до БиХ и Црна Гора. Добивме барања…

Read More

САД денеска наметнаа нови санкции поради руската инвазија на Украина, во списокот се додаваат 328 претставници на Државната дума, рускиот Парламент, што е, исто така, санкциониран како институција, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  Во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент се наведува дека САД, сојузниците и партнерите „сакаа да нанесат удар во срцето на руската способност да води војна и прави агресија против други земји, вклучувајќи ја Украина“.   -Претседателот Путин продолжува да нанесува хорор и огромни страдања на народот во Украина. Во меѓувреме, Државната дума продолжува со употреба на својата законодавна моќ за напад на неистомислениците и фундаменталните…

Read More

По веста дека Владата го повлекла Предлогот на  законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција на ден пред да биде разгледан од собрaниската комисија за политички систем,  националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес конференција на која изрази незадоволство заради ваквата одлука  за која сметаат дека се случила во време кога паралелно на медиумите се ширеле голем број лажни вести и се споделувале изјави од политичари кои не се базирале на точни информации. – Загрижува фактот што најгласните противници на овој закон очигледно го немаат прочитано предлог-законот. Доколку истите го прочитале, одговорите на нивните прашања и…

Read More

Стратешките проекти кои се приоритетни за Владата на РС Македонија и кои имаат придонес во економскиот развој и можностите за нивно финансирање и унапредување на соработката со Обединетите Арапски Емирати, се теми на дводневните состаноци на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставници на инвестициски фондови од Обединетите Арапски Емирати, кои, иако планирани да се одржат во Абу Даби,  се одржуваат онлајн согласно антиркризните мерки за рационализација на трошоците. По вчера одржаниот состанок со директорот за инвестиции во Фондот за развој на Абу Даби Мохамед Саиф Ал Суади, денеска министерот за финансии Фатмир Бесими одржа состанок со Калифа Алмхеири, извршен…

Read More

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе донесло Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од гостиварско, за сторено кривично дело – Трговија со луѓе, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од оваа институција. Како што се објаснува во дописот до медиумите а според пријавата, осомничениот во периодот од средината на март минатата година, па сè до неделата во Гостивар, во угостителски објект со кој управувал,  со употреба на сила и закана, како…

Read More

АВТОР : НАНО РУЖИН  Во 1915, во екот на Првата светска војна,  сатиричниот магазин на германски јазик „Kривата патка“ ја отпочнал новата епоха на пропагандната војна кога  ги прикажала војниците на Антантата слаби, грди, изнемоштени, страшливи,повредени и инвалидизирани губитиници на војната. Наспроти тоа жртвите и страдањата на германските војници биле минимизирани и представени како персонификација на пруската храброст и достоинство, со шармантен и строг изглед, со ореол на апсолутни победници. Историските лекции за однесувањето на  државите за време на воените судири подучуваат дека военото водство и хиерархија постојано настојувале да го контролираат наративот и пропагандата околу воените дејствија  и да…

Read More

Москва ја предупреди официјална Софија дека ќе трпи последици поради како што го нарече „непријателскиот чин“ прогласувањето на 10 руски дипломати за персона „нон грата“ на 18 март. Демаршот без преседан, по обемот е осми по ред во низата на бугарските протерувања на руски дипломатски лица од 2019 година, пишува на својот Твитер профил портпаролот на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова. Како и претходните акции и оваа е под изнуден изговор и во атмосвера на хистерија која ги поттикнува земјите на НАТО и ЕУ поради нашата „специјална воена операција на заштита на цивилите на Донбас, демилитаризација и…

Read More

Руското министерство за  одбрана ги повика националистите во Мариупол да го положат оружјето и им понуди безбеден излаз од тој крајбрежен град  утре 21. март, јавува агенцијата Тасс. Како што се наведува, Украина има неколку  часа да даде одговор за предавањето на  Мариупол. Според руските податоци, за три дана се евакуирани 59.000 луѓе од тој град, а Москва наведува дека  нуди отворање  на хуманитарни коридори кои ќе водат и на исток и на запад.

Read More

На Владата ѝ се на располагање дополнителни автономни мерки и ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените откако ќе се направат потребните анализи ќе бидат донесени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши во гостување на ТВ Сител, досега се направени над 1.100 контроли од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи и се изречени соодветни казни, но мерките главно се почитуваат. Мерките што се во сила како таа за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи и таа за утврдување на маржите на трговците на големо и…

Read More

– Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол, јави Би-Би-Си. Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол, кој е целосно под опсада и каде во моментов се водат најтешките борби. Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте. Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден кој наредната недела е на Европска турнеја, нема да ја посети Украина потврди Белата Куќа преку портпаролката Џен Псаки. „ Патувањето ќе се фокусира на продолжување на зближување на светот како знак на поддршка кон украинскиот народ и против инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина, но нема план да ја посети Украина, напиша Псаки на својот твитер профил. We will have additional details of @potus trip to Europe to announce later today. The trip will be focused on continuing to rally the world in support of the Ukrainian people and against President Putin’s invasion…

Read More