– Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол, јави Би-Би-Си.

Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол, кој е целосно под опсада и каде во моментов се водат најтешките борби.

Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте.

Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“