Author: Mirjana

Зад потписот на овој препев стојат еден архитект, еден ортопед и еден претприемач односно украинскиот панк бенд  „Бетон“. Со овој чин сакаат да и помогнат на својата земја и да соберат средства преку слушањето на You Tube a кои средства  би ги искористиле за помош на  отпорот на руската воена агресија. Перформансот го снимале во едно студио во украинскиот град Лавов . https://www.youtube.com/watch?v=WLCiA38No3Y

Read More

На 19.03.2022 во Прилеп од полициски службеници од Полициска станица Прилеп е лишен од слобода 56 годишен жител на градот затоа што во 20,45 часот во ОВР-Прилеп 47 годишна жена  (негова сопруга) пријавила дека тој ја допирал по телото нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Read More

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со возило комби бил илегално внесен од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Северна Македонија. Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец. Возилото и товарот се запленети…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати преку видеоконференциска врска пред израелскиот Парламент, објави Би Би Си. Тој веќе разговараше и со други пратеници низ светот, вклучително во Велика Британија и САД, барајќи поддршка. Зеленски повлече паралели меѓу руската инвазија врз Украина и Втората светска војна. Тој истакна дека инвазијата „не е воена операција“. – Тоа е војна од целосен обем чија цел е уништување на нашиот народ, уништување на нашите деца, семејства, државност, градови, култури и се што ги прави Украинци. Затоа имам право да ја повлечам оваа паралела во историјата. Нашите војни за опстанок и Втората светска војна,…

Read More

Концертот го посветувам на Горјан Тозија-Медо, на тој прекрасен човек кој, за жал, прерано замина,рече синоќа пред битолската публика Раде Шербеџија. На целовечерниот концерт доминираа нумери од последниот музички албум „Не свртувај се сине“ на Шербеџија и „Западни колодвор“, но и старите добро познати хитови „Инес“, „Барбара“, „До последен здив“, македонската народна песна „Елено ќерко“ и други. Шербеџија не пропушти јавно да ја осуди војната што во моментов се води во Европа и изрази жалење за жртвите од војните во кои најчесто страдаат деца. Гостувањето на Раде Шербеџија и „Западни колодвор“ во Битола предзвика голем интерес во јавноста, а домаќинот…

Read More

Синџирите супермаркети „Колорајт“ и „Лидл“ во Белгија ја ограничија продажбата на брашно, масло и конзервиран зеленчук поради големата побарувачка. Додека двете компании напоменуваат дека станува збор за „превентивна мерка“ и дека „нема недостиг“, потрошувачите во „Колорајт“ засега можат да купат најмногу две пакувања од секаков вид масло и брашно, додека во „Лидл“ е ограничена и продажбата на конзервиран зеленчук, на само две конзерви. Истовремено, од белгискиот трговски синџир „Делез“ наведуваат дека е забележлива зголемена продажба, но нема да воведат ограничувања за потрошувачите. Полиците во белгиските продавници се преполни, а продавачите апелираат до граѓаните да не паничат и да не создаваат…

Read More

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ денеска ја презема функцијата претседавач, која ќе ја извршува во следните осум месеци. Џаферовиќ ќе ја преземе должноста претседател на Претседателството на БиХ од хрватскиот член Жељко Комшиќ. Џаферовиќ доаѓа на функцијата претседавач по принципот на ротација, кој е дефиниран со Уставот на БиХ и Деловникот за работа на Претседателството на БиХ

Read More

Наредната рунда преговори на официјалните делегации на Русија и на Украина закажана е за утре, понеделник, 21 март.  Состанокот ќе се одржи онлајн , објави украинска „Правда“ повикувајќи се на извори од високорангирани извори. Освен тоа, весникот го цитирал членот на украинската делегација Давид Арахамиј , кој напоменал всушност дека разговорите се во тек секој ден. -Дури и денеска на ниво на експертски групи, рекол Арахамиј. 

Read More

Денеска на 20-ти март Денот на среќата, на задоволство на сите граѓани, информираме за убави вести. По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња. „Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов. Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња. …

Read More

Папата Франциск денеска ја нарече војната во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да биде прекинатата оваа неприфатлива војна. „За жал, насилната агресија против Украина не стивнува“, нагласи папата во неделната миса пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар  во Ватикан. Тој потенцира дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства. „Нема оправдување за ова“, рече папата Франциск, кој повторно не ја наведе Русија како агресор. Тој, исто така, ги повика сите актери во меѓународната заедница да работат на прекин на војната.

Read More

Последните 24 часа  направени се 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на КОВИД-19. Сликата  по градови изгледа вака: Скопје – 135, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци –  8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1. Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г)…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е „подготвен за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако не успеат „тоа би значело дека ова е Трета светска војна“. „Подготвен сум за преговори со него. Бев подготвен во последните две години. И мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, изјави тој за Фарид Закарија на Си-Ен-Ен. „Мислам дека треба да искористиме кој било формат, секоја шанса за да имаме можност за преговарање, можност за разговор со Путин. Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е трета светска војна“, додаде…

Read More