Author: Mirjana

Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија, соопштија денеска ОН додека речиси 6,5 милиони се смета дека се внатрешно раселени во државата. УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, соопшти дека 3.328.692 Украинци заминале од почетокот на војната на 24 февруари, а уште 58.030 се приклучиле на егзодусот по вчерашното ажурирање. Околу 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца. Украинските мажи на возраст од 18 до 60 години поради воен повик и не можат да заминат. Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН, исто така, соопшти дека од средата, 162.000 државјани на трети земји…

Read More

Одделенијата за криминалистички работи во Единиците за внатрешни работи при СВР Скопје во содејство со Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, во текот на изминатата недела превземаа мерки и активности по претходно подготвени планови за спречување на социопатолошката појава „питачење“ при што лишени од слобода биле Ј.Д.(44) и Н.Ј.(30) двете од Скопје поради тоа што биле затекнати како заедно со своите малолетни деца питачат на улица на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот ќе следат кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени биле 2.799 тестови, од кои регистрирани биле 273 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови е следна:  Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни 273 во овој случај,  регистрирани се…

Read More

Да се усогласи минималната плата во пресметката на платата согласно колективните договори,  ова е клучното барање кое денес ги изнесе на протест  членовите на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) и Независниот синдикат на полицијата (НСП). Учесниците на протестот се собраа пред хотелот Вип од каде се упатија пред зградата на Владата. Од полицискиот синдикат побараа вредноста на бодот од 27 денари да биде покачен на 62 денари. Генералниот секретар на НСП, Орце Коцевски рече дека иако ги доставиле барања до Владата за решавање на проблемите со кои се соочуват полициските службеници добиле известување дека тие се проследени кај…

Read More

Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград-Будимпешта, денес беше пуштена за сообраќај, а во првиот брз воз „Сокол“ на таа релација кој пристигна во Нови Сад за 33 минути, се наоѓаа српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА од Белград. Возот на оваа делница ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, според возниот ред треба да сообраќа пет пати дневно, а цената на билетот во промотивниот период ќе биде 300 динари (2,5 евра) во еден правец. Делницата меѓу Белград и Нови Сад од околу 75 километри е дел од…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“.Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“. – Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем, истакна Рама, индирекно обраќајќи и се на…

Read More

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега биле пристигнати 1.597 барања, од кои решени се дури 1.437, информираат од град Скопје. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на даночните прашања, уредувањето и одржувањето на зеленилото на јавните површини, како и проблеми со јавниот превоз и чистењето на диви депонии. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните,…

Read More

Ѕвончето на Детската клиника во Скопје и денеска го разлеа својот радосен звук, зашто уште едно дете, излечено го напушти онколошкото одделение. Овој пат , ѕвончето го затресе Адријан Стојковски кој ја напушти клиниката по успешното лечење а беше испратен со аплаузи од персоналот и останатите дечиња кои останаа во надеж дека и тие еден ден како Адријан ќе заѕвонат  на ѕвончето чиј звук симболично претставува излечено дете.  Мајката на  Адријан, Марта Стојковска радосната вест и фотографиите од чинот , ги сподели на социјалната мрежа ФБ на која меѓу другото напиша: – Како да започнам да го славам овој ден…

Read More

Рускиот крајбрежен ракетен систем „Бастион“ ги уништил електронските разузнавачки центри на украинската армија во областа Одеса, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков. – „Бастион“ ги уништи разузнавачките центри во местата Велики Далњик и Великодолинское, истакна Конашенков. Тој додаде дека руски борбен авион рано утринава уништил четири ракетни системи на противвоздушната одбрана на украинската војска, меѓу кои три системи С-300 и еден Бук-М1. – Руската армија со помош на беспилотни летала во раните утрински часови гаѓаше 69 воени објекти, а меѓу целите беа и четири команди, вклучувајќи го и штабот на една бригада. Соборени се 12 украински…

Read More

На 18/19.03.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл.215 и 216 од КЗ на РСМ на подрачјето на град Скопје извршија контрола во угостителски објекти и бил извршен преглед над дваесетина лица по што лишени од слобода биле: А.С.(19), Ф.А.(25), Н.С.(31), А.А.(24) сите од Скопје, А.М.(26) од Битола, Д.Г.(27) од Куманово и М.М.(22) од Гостивар како и еден малолетник од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја. По целосното документирање…

Read More

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека западните земји ја туркаат украинската Влада во војна, додавајќи дека Минск бил подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила таа иницијатива. – Направив се за да спречам војна и да го одржам мирот пред да започне конфликтот меѓу Украина и Русија. Бев подготвен да ја блокирам границата меѓу Донбас и Русија. Всушност, сакав да ги поставам моите граничари на 400 километри долгата граница и да и пружам останата помош на Украина. Русија се согласи, но Киев одби. Зошто? Затоа што Западот ги принуди да…

Read More

– Соединетите Држави покажаа вистинска сојузничка поддршка за Бугарија и бугарската влада. За жал, веќе не постои земја која може да живее со илузијата на безбедност. Нашата безбедност е со колективната одбрана со нашите НАТО сојузници, ние сме НАТО, изјави на заедничката прес конференција со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, премиерот Кирил Петков, пренесува БГНЕС. – Им благодариме на Соединетите Држави и на Лојд Остин што одговорија на нашите барања за зајакнување на борбената група која е формирана во Бугарија. Соединетите Американски Држави ќе ни обезбедат оклопни возила „Страјкер“ за бугарската армија. Борбената група ќе биде под команда на…

Read More