Author: Mirjana

Американскиот конгресмен Дон Јанг, кој е член на Конгресот од 1973 година, почина вчера додека патуваше дома во Алјаска, соопшти неговиот кабинет. – Наследството на Дон Јанг како борец за државата ќе живее, како и неговата основна добрина и чест. Многу ќе ни недостасува, се вели во соопштението од кабинетот по повод смртта на 88-годишниот републикански конгресмен. Неговата канцеларија не ја наведе причината за смртта, но малку порано весникот Anchorage Daily News објави дека Јанг изгубил свест на летот од Лос Анџелес до Сиетл и дека не било можно да се реанимира. Јанг беше единствениот претставник на Алјаска во Конгресот…

Read More

Американски воен авион со четворица членови на екипажот се урна за време на воена вежба на НАТО во северниот дел на Норвешка, соопштија норвешките Центри за заедничка координација за спасување. Не е позната судбината на екипажот, изјави портпарол на спасувачките центри. Авионот од типот В-22 Оспри учествувал во вежбата на НАТО „Студена реакција“ кога околу 18.30 часот било пријавено неговото исчезнување, соопшти Центарот за спасување. Како што се наведува, леталото учествувало во вежбата и требало да слета во 18 часот. Временските услови во зоната за маневри биле многу лоши. – Го пронајдовме од воздух. Го најдовме откако го добивме сигналот…

Read More

Американски сенатори го повикаа претседателот Џо Бајден да го задржи својот фокус на Балканот, каде што „Русија долго време игра дестабилизирачка улога за членството во НАТО“. Тоа се наведува во писмото на група сенатори – набљудувачи во Сенатот на НАТО испратено до Бајден пред неговото патување во Брисел, каде следната недела ќе присуствува на самитот на НАТО во главниот град на Белгија. – Балканот е ранлива зона на Европа, и иако на Украина и треба итно внимание, не можеме да го изгубиме од вид овој регион, каде НАТО долго време игра важна улога во одржување на мирот. Го повикуваме НАТО…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува незадоволство и разочарување од пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која е изречена условна осуда од 6 месеци затвор за обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски, кои воедно се задолжени солидарно да платат износ од половина милион денари за материјалната штета предизвикана од кршењето на претседателската канцеларија за време на протестите на Шарената револуција. Се работи за настан од 12 април 2016 година, кога тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов објави општа аболиција на 56 лица, со која најмногу беа опфатени политичари од тогашната власт засегнати од истрагите на СЈО и неколкумина политичари од тогашната опозиција.…

Read More

Првиот човек на американската одбрана Лојд Остин денеска пристигна во дводневна работна посета на Бугарија. Според агендата за престојот која ја објави бугарското министерство за одбрана, Остин ќе се сретне со својот домаќин, министерот за одбрана Драгомир Заков а утре и со премиерот Кирил Петков. Остин и Заков ќе учествуваат и на заедничката вежбовна обука која ја изведуваат американските и бугарските војници на полигонот во Ново Село а кои ќе траат 6 месеци. Она што, на прва го подгрева интересот за оваа посета и поттикнува многу непознаници е зошто во агендата на Остин го нема бугарскиот претседател Румен Радев?! Тој…

Read More

Апелација пресече  на Здравко Савески и на Владимир Куновски им досуди условни затворски казна од по 6 месеци доколку се повтори истото дело во рок од 5 години, за демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за време на „Шарената револуција“ пред 6 години. Кривичното дело за кое се товареа двајцата беше учество во толпа што ќе стори кривично дело. По две ослободителни пресуди од пониските судови, кои ги укина апелација, денеска судот ги казни на 6 месеци условна затворска казна, која нема да се спроведе доколку во наредните 5 години не сторат ново кривично дел и надомест на…

Read More

Сабајлево во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик, информираат од МВР. Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени, известува полицијата. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Од…

Read More

Според аналитичарите за воена тактика, Русија всушност планира да ја опколи Украина од југот на земјата, обединувајќи ја армијата со други баталјони и да победи во војната со последен таканаречен  „громов удар“. Руската морнарица продолжува да се собира во Црното Море за долгоочекуваниот напад во Одеса. Експертите кои ја следат армијата и ги анализираат потезите еден по еден, сметаат дека ова е измама за да се одвлече вниманието на генералите на украинската армија и да се скрие вистинската цел. А вистинската цел може да биде многу полоша од сите претходни предвидувања и да ги зајакне најлошите очекувања на воените аналитичари,пишува…

Read More

На лондонскиот пазар цената на барел нафта вчера попладнето порасна за 7,47 долари во однос на претходното затворање, достигнувајќи го нивото од 105,49 долари. На американскиот пазар барелот денеска поскапе за 6,85 долари и достигна износ од 101,89 долари. Пазарите вчера попладне го заладија растот на акциите во САД за 4,3 милиони барели, а знаците за напредок во разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот засега не се поволни. IEA процени дека руската нафта може да биде намалена за три милиони барели дневно во април поради санкциите наметнати врз руските компании и банки. Ова значи дека понудата би…

Read More

Канада денеска соопшти дека воведува санкции за 22 високи претставници на белоруското министерство за одбрана, поради поддршка на руската воена операција во Украина. „ Како што Канада воведува остри санкции за рускиот режим, белоруското раководство мора да сноси одговорност за овозможување и поддршка на со ништо непредизвиканите напади на Владимир Путин, изјавила министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли , пренесува Ројтерс. Канада нема да се двоуми да преземе и натамошни акции, изјавила Џоли   …

Read More

Демократската Унија за Интеграција смета дека усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи е од големо значење. Како што соопштуваат од партијата, со оваа одлука со која се овозможува полициските униформи да се и на албански јазик, е исполнета уште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата…

Read More

Московскиот суд денеска објави дека и го продолжил притворот на американската кошаркарска ѕвезда со светско реноме, Бритни Гринер до 19 мај, јави руската државна новинска агенција ТАСС. -Судот го усвои барањето на истрагата и го продолжи периодот на притвор на американската државјанка Гринер до 19 мај, соопштил судот, за ТАСС. Бритни Гринер како една од најдобрите светски кошаркарки речиси еден месец е во затвор во Русија иако со години го носи дресот на најдобриот европски тим, Екатеринбург. Во средината на февруари, Гринер била уапсена на московскиот аеродром Шереметјево, откако маслото од хашиш складирано во нејзиниот багаж било складирано во кутии…

Read More