Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје информира дека од 15:00 часот денеска почнат е, како што велат, незаконски штрајк од страна на машиновозачите и помошниците машиновозачи во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје. Започнувањето на штрајкот од страна на машинскиот персонал писмено не е најавен. Со почетокот на штрајкот не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај. Со наредно соопштение подетално ќе Ве известиме кои возови почнувајќи од 16.03.2022 година не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај, со име и презиме на машиновозачот и помошникот машиновозач кои требале да ги опслужуваат наведените возови. ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека во…
Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да се санкционира, вклучително и со одземање на дозволата за работа, порачува гувернерката. -Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи…
Ролинг Стоунс летово ќе тргнат на европска турнеја, играјќи на стадиони и арени, за да ја одбележат нивната 60-годишнина како бенд, соопштија вчера британските рокери, објави Ројтерс. Фронтменот Мик Џегер (78) и гитаристите Кит Ричардс (78) и Рони Вуд (74) ќе бидат придружувани од тапанарот Стив Џордан на турнејата, додека тапанарот на стоунсите, Чарли Вотс, кој му се придружи на бендот во 1963 година, почина минатата година на 80-годишна возраст. Наречена „SIXTY“, турнејата од 14 концерти ќе започне во Мадрид на 1 јуни а вклучува вкупно 10 земји меѓу кои и Британија. Бендот ќе настапи на стадионот „Енфилд“ во Ливерпул,…
Осомничениот за серијата престрелки овој месец, насочени кон бездомници во Њујорк и во Вашингтон, е уапсен рано утрово, соопшти полицијата во Вашингтон, пишува Њујорк Тајмс. Најмалку пет мажи беа застрелани, од кои двајца фатално. Осомничениот, кој не беше веднаш идентификуван, е уапсен во Вашингтон, соопшти градската полиција. „Тој моментално е на интервју во нашата канцеларија за убиства“, се вели во твитот од одделот. „Благодарам на заедницата за сите ваши совети“. Полицијата понуди 70.000 долари за информации што доведоа до апсење и осуда. Продолженото пукање поттикна интензивна потрага низ двата града. Властите соопштија дека мажот застрелал тројца мажи кои спиеле на…
На Марина Овсијаникова, новинарката која вчера упадна на вестите на државниот Прв телевизиски канал во Русија, со транспарент на кој пишуваше дека се е пропаганда и гледачите да не веруваат и да не ја следат повеќе, и се закануваат 15 години затвор јавуваат странските медиуми. Би Би Си дури објави дека од синоќа новинарката била исчезната. Кремљ денеска соопшти дека постапките на новинарката со која ги прекина вестите во живо за да ја осуди војната во Украина се „хулиганство“. „Што се однесува до оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, притоа истакнувајќи го Канал…
ЕУЛЕКС ја засилува својата специјализирана полициска единица на Косово во следните неколку недели, со резервна група од 92 жандарми и како таква ќе му се приклучи на контингентот од 105 полски полицајци. Резервната полициска единица е составена од 92 припадници на европските жандармериски сили (ЕУРОГЕНДФОР) од Португалија, Франција и Италија, а привремено ќе биде распоредена на Косово и Метохија со цел зајакнување на капацитетите на постојната специјализирана полициска единица (СПУ) на ЕУЛЕКС, соопшти командата на ЕУЛЕКС во Приштина. Резервната СПЈ ќе го поддржи ЕУЛЕКС во исполнувањето на своите задачи, како втор степен за реагирање на безбедносните состојби на Косово, доколку…
Непродуктивното трошење во време на сериозна економска криза е практика на работењето на оваа Влада. Наместо антикризни мерки, тие продолжуваат да се луксузираат и да трошат буџетски пари на непродуктивни работи, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Цели 2 милиони евра изминативе месеци СДСМ ги троши на работи без кои што можат да преживеат нивните функционери, децидна е опозицијата. Телефонски услуги во Собранието, режано цвеќе во СОЗР, 1.700 кафиња на ден цела година набавени од СОЗР, златни лажици и вилушки и многу други работи. Сето тоа за личен луксуз на Владата во време на сериозна економска криза за која што…
Вредна колекција на фотографии од приватни архиви на мисијата Аполо 8-17 биле продадени на аукција во Копенхаген за 157 илјади евра. Меѓу фотографиите е и онаа од прошетката по месечината на Баз Олдрин за време на првата мисија од јули 1969 година, која е продадена за 7000 евра. Тука е и фотографијата која го отсликува Нил Армстронг на визирот на Олдрин ,а која фотографија се најде на насловните страници на магазините Life и National Geographic од 1969 година. …
Тројца европски лидери денеска ќе престојуваат во Киев за да ја изразат „недвосмислената поддршка“ на Европската унија за Украина и да понудат финансиска помош, соопштија чешките и полските влади, јавува Њујорк Тајмс. Лидерите на Чешката Република, Полска и Словенија денеска ќе престојуваат во главниот град на Украина, Киев додека борбите беснеат низ градот, со 6 – 7 силни експлозии што го потресоа централното градско подрачје во претпладневните часови. Како што се зголемуваат доказите дека напредувањето на Русија заглави на повеќе фронтови, разговорите меѓу руските и украинските преговарачи треба да продолжат денеска во обид да се дојде до дипломатско решение. Претседателот…
На иницијатива на група компании формирана е ТИМ 40, нова Асоцијација во рамки на најмоќниот бизнис колектив, Стопанската комора на Северна Македонија. Целите и задачите на ТИМ 40 ќе бидат насочени кон обединување на младите претприемачи, во насока на изнаоѓање решенија следејќи ги новите трендови и практики во услови во кои функционираат помладите генерации со различна перспектива на гледање на работите, со потенцијал да внесат свежина и нови трендови на менаџирање и делување. На Конститутивната седница за претседател со мандат од 4 години беше избран Жарко Димитриоски од маркетинг агенцијата „Еден на еден“, кој вели дека иако се обединуваат компании…
Трудницата која беше повредена кога во средата беше бомбардирано породилиштето во украинскиот град Мариупол, почина заедно со нејзиното новороденче, потврди денеска хирургот кој ја лекуваше, пренесе Си-Ен-Ен. Хирургот Тимур Марин за украинската телевизија од Мариупол изјави: „Додека таа беше реанимирана и се преземаа мерките против шок, направивме царски рез и го извадивме детето без знаци на живот. Реанимацијата на детето траеше повеќе од половина час но безуспешно. Реанимацијата на мајката исто така траеше половина час или повеќе но и таа не даде никакви резултати.Починаа и мајката и детето.” Минатата недела ширум светот беше прикажана слика на Асошиетед прес на работници…
Заменикот-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во изјава за подгорички „Вијести“ апелира до земјите од Западен Балкан да го повикале рускиот претседател Путин на одговорност, поради неговите одлуки со кои предизвикал нехумано страдање на украинскиот народ. – Ако Путин предизвика хуманитарна катастрофа која се зголемува во делот на цивилни жртви, на народ кој религиозно му е близок и исповеда православна вера, мора да се запрашате што е уште Путин спремен да направи на други места вклучително и на Западен Балкан, изјавил Ескобар. Тој ова го кажал во контекст на оценка на Резолуцијата на…