Author: Mirjana

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, Државниот архив отвори изложба на тема: ,,Македонската жена во Големата војна 1914-1918”. На изложбата се презентирани значајни документи од нашите архивски фондови и жената е претставена од тој период како: мајка, сопруга, борец, лекар, уметник, работник… Оваа е изложба, што зборува за улогата на сите жени на територијата на Македонија во периодот на Првата светска војна, е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност и ќе трае една недела.

Read More

Поминаа повеќе од петнаесет години од бизарната случка во владата кога тогашниот премиер Владо Бучковски за 8 Март ги почести колешките министерки со парфеми и накит, што толку многу ја скандализираше јавноста што некои од нив веднаш ги вратија подароците. Тогашните министерки Радмила Шекеринска, Илинка Митрева и Мери Младеновска, заедно со премиерот буквално се најдоа на столбот на срамот поради фактот што со државни пари се финансирани осмомартовски подароци на жените министерки. Камо дискусијата да се водеше и во друг правец. На пример, зошто од 19 министри во тогашната влада, само три беа од женскиот пол. Можеби ако тогаш јавноста…

Read More

Соединетите Американски Држави потврдија дека се во преговори со европските сојузници за потенцијално санкционирање на руската сурова нафта како одговор на тековната агресија на Москва во Украина, со што цената на нафтата накратко е над 130 долари за барел , пишува OILPRICE. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата за време на ток-шоуто на „NBC Meet the Press“ истакна : „Сега сме во многу активни дискусии со нашите европски партнери за забрана на увозот на руска нафта во нашите земји, додека, се разбира, во исто време се одржува  стабилно нивото на глобалното снабдување со нафта“. Последните размислувања следат по низата…

Read More

Gulf oil Македонија непречено и неограничено ги снабдува граѓаните со нафта и нафтени деривати. И покрај новонастанатата ситуација и неизвесноста на меѓународен план бензинските на Gulf oil во државата, продолжуваат со редовно и неограничено снабдување на граѓаните и коминтентите со гориво. Во нашите складови има доволни количини на нафта и нафтени деривати за да ги задоволиме потребите на пазарот. Сите бензински станици на Gulf oil во Северна Македонија продолжуваат со континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со гориво со врвен квалитет според највисоките европски и светски стандарди.

Read More

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во Женева денеска соопшти дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, може да ја потврди смртта на 406 цивили, вклучувајќи и 27 деца, но додаде дека вистинската бројка најверојатно ќе биде многу поголема, пренесуваат британските медиуми. Најновите податоци на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, што ја има набљудувачката мисија во Украина, го покриваат периодот од 24 февруари до 6 март. Во претходниот извештај на организацијата од вчера бројката на потврдени цивилни жртви изнесуваше 364. (МИА)

Read More

– Војната може да запре во било кој момент, доколку се појави интерес од украинска страна за соработка.Треба да донесат амандмани на Уставот според кои Украина ќе ги отфрли напорите да влезе во било кој воен блок во иднина,изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, таксативно набројувајќи ги условите за птрекин на огнот. – Украина да биде воено неутрална, да го признае Крим како руска територија, а сепаратистичките републики Доњецк и Луганск како независни територии. Само ако Украина ги исполни овие наши барања војната ќе биде прекината, дополни Песков за руските медиуми. Путин пак претходно кажа дека целта на Русија била…

Read More

– Потегот на Руската Федерација воопшто не е изненадување. Имајќи предвид дека тие се во една сериозна воена операција, напад врз соседна земја, се во состојба кога целиот свет им е виновен и целиот свет е  одговорен. За ова, не гледам дека нешто посебно ќе значи едноставно во оваа фаза можеме само да ги следиме политиките кои што претседателот Путин ќе ги имплементира во следниот период, вели за НоваТВ Професор Никола Дујовски, прашан да коментира дали ваквиот потег е очекуван и дали би имало некакво безбедносно значење и импликации врз земјава. – Ние сме земја членка на НАТО, сме кандидат…

Read More

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договорија да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција, објави денеска турскиот МНР Мевлут Чавушоглу. Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присустува на средбата закажана за четврток. ( МИА)

Read More

САД и други членки на НАТО досега и испратиле на Украина 17.000 противтенковски проектили и 2.000 противвоздушни ракети Стингер, изјави висок американски функционер за Си-Ен-Ен. Дури и пред да почне руската инвазија на 24 февруари, небото над Европа беше исполнето со воени товарни авиони на САД и други, особено C-17, столбот на американската воздушна флота. Летовите ги репозиционираа војниците долж источното крило на НАТО, но исто така го преместуваа оружјето до местата за пренос каде што може да се достави во Украина. А темпото на летовите само се зголеми. Откако започна руската инвазија, 14 земји испратија безбедносна помош во Украина,…

Read More

Портпаролот за надворешна политика во Европската Комисија, Петер Стано, потврди дека Европската Унија не ја исклучува Кина за притисок врз Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, е во контакт со кинеските власти со цел да се најде решение за руско-украинскиот конфликт, изјави денеска портпаролот Стано. Во контекст на војна помеѓу Русија и Украина, Европската Унија полага надеж во добрите односи помеѓу Москва и Пекинг за да се изврши притисок врз руската влада да стави крај на инвазијата на Украина. -Велиме дека Кина е клучна за притисок врз Русија да ја прекине агресијата…

Read More

Насред војна во Украина се случуваат и убави нешта. Лесија Ивашченко и Валери Филимонов стапија во брак на воен пункт во Киев. Со овој чин ја испратија моќната порака ДА ЉУБИМЕ А НЕ ДА ВОЈУВАМЕ! https://www.youtube.com/watch?v=paI0QZsOHpk&t=13s

Read More

Нови санкции за Русија и уште оружје за Украина , ова се главните очекувања на официјален Киев, по денешната средба на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Во изјавата за новинарите Кулеба рекол дека е разочарувачко тоа што НАТО одбива да создаде зона на забранети летови над Украина и дека тоа ќе доведе до уште цивилни жртви.  Блинкен и Кулеба се сретнаа денеска на границата на Украина со Полска за да разговараат за напорите на Западот да ја поддржи Украина и да ја изолира Русија во надеж дека така ќе се оконча војната која…

Read More