Author: Mirjana

Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување во ТВ емисијата на  „Курир“ „ Усијање“ изјави дека во вечерашниот разговор со Францускиот претседател Макрон . тој му рекол дека „ниту Украина ниту било кој друг нема да биде пред Србија во ЕУ“, и покрај сите овие големи геополитички разговори и тоа е важна вест за сите граѓани на Република Србија. Вучиќ пренесе дека пред недела-две на премиер од ЕУ му кажал што ќе следува а овој не му верувал, а тоа било, како што изјави Вучиќ, зашто ги знаел актерите и затоа што знаел дека кога возот ќе тргне нема запирање, „ја…

Read More

Вечерва по две годишна пауза , Струмица се обои во карневалските живописни бои и креации а први настапија струмичките мажуретки кои како и секогаш го подигнаа расположението кај многубројната публика на плоштадот „Гоце Делчев“ . На Фејсбук профилот се огласи струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов кој заедно со сопругата имаа грофовска креација .

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип го коментира моделот за покачување на пензиите, кој вчера го презентира  Владата  претставувајќи го  како модел пресликан од Швајцарија. –  Тоа што им го украдоа на пензионерите и за кое што зборувавме уште пред три години, се обидуваат сега да го санираат, претставувајќи го како некој иновативен „швајцарски модел“, а тоа е практично Законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа закон со кој им ги намалија пензиите на пензионерите, и сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат швајцарски модел, во кој нема ништо швајцарско, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ…

Read More

И во услови на двегодишна економска криза, невработеноста постојано паѓа, а последните податоци покажуваат дека таа е на историски најниски 15,2 отсто, објави денеска на својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски. – Ова е резултат на добрите економски политики на Владата, продолжуваме понатаму со посветена работа и фокус на економијата, додава премиерот во објавата.

Read More

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на фотографии од фотографот на Асошиетед прес Евгениј Малолетка јави за немил настан, на убиено 18 месечно дете за време на гранатирањето на градот Мариупол во Украина . 18 месечниот Кирил , се обидувале да го спасат медицинските лица во болницата во градот но безуспешно. Родителите на Кирил, Марина Јацко и Федор итно се упатиле во болницата по ранувањето на нивниот син, но за жал било предоцна. 

Read More

Фрлена е ракавица на целиот свет, не само на Украина и на Европа. Можеби оваа војна потполно ќе го промени светот, можеби пак ќе живееме со железни завеси, но овој ужасен и умоболен атак на една европска држава, нема оправдување и Путин веројатно ќе застане во редот на диктатори запаметени по зло. Пишува за НоваТВ: Тане Костадиновски (хроничар на руско-украинските односи и своевремено жител и во двете држави) – Дали имаше поинаков пат за рационален компромис и разбирање на два братски народа како што се Украинците и Русите? – Сакам да верувам дека двете држави имале дипломатски патишта за избегнување…

Read More

По нападот врз нуклеарна централа во Украина од страна на руски војници, Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итен состанок, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на тројца дипломати на Обединетите Нации. Руските војници ја окупираа нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа – каде пожарот што се закануваше со потенцијална катастрофа беше изгаснат во раните утрински часови во петокот, според украинскиот нуклеарен регулатор. Тоа ќе биде отворен состанок со говори, вклучително и од официјален претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија и претставник на ОН. Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство изјавија дека…

Read More

Истражителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) почнаа да ги истражуваат можните воени злосторства во Украина, изјави главниот обвинител на судот, Карим Кан. Обвинителот кажа дека неговата канцеларија ќе провери дали има докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и акти на геноцид извршени од сите страни вклучени во конфликтот. Запрашан за извештаите за артилериски напади врз украинските градови, Кан кажа дека „секоја страна која гаѓа, директно гаѓа цивили или цивилни објекти, врши кривично дело според ’Римскиот статут’ и меѓународното хуманитарно право“. -Военото право продолжува да важи и ние имаме јасна јурисдикција. Ова е потсетник за сите фракции, сите страни во…

Read More

Од овој месец на македонскиот енергетски пазар со работа почнува компанијата Renewable energy supply (RES) како друштво со ограничена одговорност чија што цел е да понуди нов квалитет на пазарот во снабдувањето со електрична енергија и повеќе поволности како за крајните потрошувачи така и за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Истовремено, RES ќе претставува компанија која што ќе ги интегрира производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар кој што ќе обезбеди стабилно снабдување за македонските компании. Компанијата е регистрирана на 2 март 2022 година, а нејзини основачи се компанијата „Централинвест“, во сопственост на проф. д-р…

Read More

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС на УКИМ) иницира помош за сместување студенти од Украина во студентските домови во земјава и за својот предлог чека одобрение од надлежните институции. Претседателката на  УСС на УКИМ Ева Цветковска за МИА вели дека  уште на денот кога изби војната во Украина, стапиле во контакт со студентските домови, за потенцијално сместување на студенти од таа земја. -Ние сме во контакт со Европската студентска унија која ни е посредник  со студентското тело во Украина. Доколку обезбедиме престој за нив во нашите студентски домови, ќе можеме да ја официјализираме комуникацијата со украинските…

Read More

Како што јавува  светскиот сервис на Дојче Веле, властите од северозападниот град во Пакистан, Пешавар информирале за експлозија на бомба во една шиитска муслиманска џамија.  До експлозијата дошло во моментот кога верниците се собрале на молитва. Пакистанската полиција , соопштила дека бомбата експлодирала во џамија , усмртувајќи најмалку 50 луѓе и повредувајќи десетици други.  Полицискиот портпарол Вахид Кан, рекол дека експлозијата се случила во џамијата Куча Рисалда каде што верниците се собрале на молитва за џума.  

Read More

Повеќе од 23.000 осигуреници лани искористиле приватно здравствено осигурување за покривање  трошоци од прегледи, интервенции, лекување и други медицински услуги. Девет осигурителни компании исплатиле 3,4 милиони евра за  медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).   Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица. Приватното здравствено осигурување останува најбрзо растечки осигурителен производ од појавата на здравствената пандемија до сега. Лани се склучени повеќе од 18.000 договори за приватно здравствено осигурување со што бројот на активни договори за оваа осигурителна класа надмина 62.000,…

Read More