Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Царинската управа на Република Северна Македонија од денес во Скопје е домаќин на тридневна работилница како дел од подготвителните активности на операцијата „Balkan Gate2”, организирана од Светската Царинска Организација, под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка (CCF Japan), на која учествуваат претставници на царинските и други истражни органи од девет земји од Европа и тоа од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Косово, Малта и Романија, како и високи претставници на Светска Царинска Организација, ЕУРОПОЛ и Јапонската фондација за царинска соработка. Операцијата ,,Balkan Gate 2” опфаќа откривање и спречување на трговија со фалсификувани и пиратски производи,…
Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денес симболично ќе го предаде клучот од Општината на претставници од Организацијата на Струмичкиот Карневал, охрабрувајќи ги да бидат добри домаќини на гостите и посетителите на Струмица во седмицата која претстои. Со овој чин, овогодинешното, јубилејно издание на карневалот официјално ќе биде прогласено за отворено. Во претстојните карневалски денови, општината ќе биде домаќин на голем број туристи и посетители, а во Струмица ќе пристигнат и високи претставници и членови на Федерацијата на Европски Карневалски Градови – ФЕКГ (Federation of European Carnival Cities – F.E.C.C.), меѓу кои г-дин Ларс Алгел (Lars Algell), Шведска, Претседател на…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека добила барање од украинскиот орган за нуклеарна енергија „да обезбеди итна помош во координирањето на активностите во врска со безбедноста на нуклеарната централа Чернобил другите нуклеарни постројки“. Барањето дојде откако Русија ја извести МААЕ дека нејзините сили ја презеле контролата на територијата околу украинската нуклеарна централа Запорожје, изјави генералниот директор Рафаел Маријано Гроси. Во руското писмо до МААЕ се вели дека персоналот во централата ја продолжил својата „работа на обезбедување нуклеарна безбедност и следење на радијацијата во нормален режим на работа. Нивоата на радијација остануваат нормални“. Видео снимката на социјалните мрежи, потврдена од CNN…
Возило „Порше“ кое минатата година било пријавено за украдено од жител на Битола, вчера било пронајдено во селото Песочани во Дебарца. Возилото било без регистерски ознаки а по него имало распишано централна потерница. Возилото е обезбедено за понатамошна постапка, се наведува во билтенот на МВР а него го пронашол полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, вчера во 10.35 часот.
На крајот на март Државниот завод за статистика ќе ги соопшти резултатите од пописот. Тие сеуште се предмет на обработка, вели во интервју за НоваТВ , директорот Апостол Симевски, дополнувајќи дека се работи најпрофесионално според меѓународни стандарди за овој вид статистички операции со што ги поби разно-разните „теории на заговор“ за кои вели не можеле ад спречат никого да „ играат весела математика“. Што уште изјави Симовски од интервјуто што следува. НоваТВ..Господине Симовски пописот беше и помина но резултатите и по речиси половина година се уште ги нема и стануваат предмет на лицитации? Кога ќе бидат објавени? – Крајниот…
Советниците на Емануел Макрон велат дека неговиот разговор со Владимир Путин во понеделникот бил искрен и тежок. Францускиот претседател успеал да добие неколку ветувања од рускиот лидер, но Париз се сомнева дека Путин ќе ги исполни. Телефонскиот разговор во понеделникот попладне меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин траел 90 минути. Може да се замисли колку била тешка дискусијата која траела половина час кога едниот учесник и објави војна на Украина, а другиот се приклучи на европскиот фронт кој воведува строги санкции кон Русија. Затоа, расположението во кабинетот на Макрон во Елисејската палата, во понеделникот вечерта не било премногу оптимистичко.…
Автор: Невена Смилевска, Еко-свест Стратегијата за енергетика која го мапира развојот на македонскиот енергетски сектор до 2040 година во сите свои сценарија предвидува итно затворање на ТЕЦ Осломеј. Зошто тоа е најдобар избор е кажано во многу публикации од енергетски, економски и здравствен карактер, но причините за затворање не се предмет на овој напис. Овде зборуваме што ќе се случи со Кичевскиот Регион откако ТЕЦ Осломеј ќе се затвори. Зошто зборуваме за развој без јаглен? Затворањето на еден голем економски оператор е проблематично за секој регион во кој тој се наоѓал. Таквото затворање предизвикува промени во економијата, но и во…
Не очекуваме позначителни ефекти од исклучувањето на дел од руските банки од SWIFT системот, односно меѓународна платформа за брзо и ефикасно извршување на плаќањата. Сите руски банки не се исклучени од SWIFT, а исто така постојат и други алтернативни платформи коишто можат да се користат за извршување на плаќањата. Исто така, финансиските обврски и финансиските побарувања кон овие две земји се помалку од 1% од вкупните финансиски средства и обврски, соопштија од Народната банка. – Во неколку наврати јасно посочивме на малата трговска и финансиска интегрираност со двете економии. Трговската размена со овие две економии учествува со само два проценти…
Продлабочување на соработката и заеднички проекти, беа главни теми на средбата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз. Градоначалникот Герасимовски на амбасадорката Брнз ѝ ги претстави своите програмски заложби и планови, меѓу кои и заложбите за чист, зелен и еколошки Центар и отворена и транспрентна општина. „Сакам да ѝ се заблагодарам за посетата на амбасадорката Брнз. Навистина ми е чест да бидам домаќин на амбасадорката Брнз, која е дипломатска претставничка на најголемиот пријател и поддржувач на нашата држава на меѓународен план. Со амбасадорката разговаравме за актуелните теми, како на глобално,…
Стоковите резерви ги имаат потребните количини и тие се доволни, а дополнително и компаниите имаат доволни резерви за да одговорат на потребите на пазарот, затоа нема потреба од паника, порачува министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Еуроњуз Албанија. -Државните резерви се класифициран податок и затоа немаме право јавно да го објавиме, но она што е најважно е дека тие се доволни, и не само државните резерви, туку и резервите што ги имаат компаниите за нивните потреби на пазарот кои, исто така, се доволни. Така што во моментов има доволно резерви и нема потреба од паника. Ние ќе продолжиме…
Њујорк тајмс објави видео од експлозија која се случила пред една административна зграда во вториот по големина град во Украина , Харков. Според последните информации пренесува весникот , 7 лица се убиени и 24 повредени, и целосно уништени неколку возила. Ова го поттикна стравот дека руските воени сили напаѓаат и области со цивили а не само воени зони и тоа со моќно оружје. Експлозијата ва Харков доаѓа на ден откако последно беа убиени 9 лица во источниот дел на градот. Конвој со руски тенкови и приколки во должина од 40 милји , се видени исто на сателитските снимки, пишува Њујорк…
Започнува спроведувањето на најголемиот еколошки проект во Скопје вреден 136 милиони евра. Активностите за пречистителната станица за отпадните води во Скопје, доведени во фаза на предизградба. Град Скопје и ЈП Водовод и канализација годинава започнуваат со реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица за третман на отпадни води – Скопје, како најголем еколошки проект за Скопје и скопјани, проект во вредност од 136 милиони евра. Со проектот ќе се прочистат 90% од водите во градот. Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отворија тендерските понуди за дизајн и изградба на оваа пречистителна станица на која…