Њујорк тајмс објави видео од експлозија која се случила пред една административна зграда во вториот по големина град во Украина , Харков. Според последните информации пренесува весникот , 7 лица се убиени и 24 повредени, и целосно уништени неколку возила. Ова го поттикна стравот дека руските воени сили напаѓаат и области со цивили а не само воени зони и тоа со моќно оружје.

Експлозијата ва Харков доаѓа на ден откако последно беа убиени 9 лица во источниот дел на градот. Конвој со руски тенкови и приколки во должина од 40 милји , се видени исто на сателитските снимки, пишува Њујорк Тајмс.