Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Бирото за јавна безбедност при МВР распиша интерен конкурс за елитната единица „Тигри“. Конкурсот трае до 5 март, и вклучува ранг врз основа на три позиции. „Помлад полицаец за операции (со средно и подготвителен испит), полицаец за операции (со средно образование, 2 години работно искуство). Виш полицаец за операции (со средно образование, 3 години работно искуство)“. Потребната возраст на апликантите е тие да бидат под 30 години, што укажува на тоа дека МВР ја освежува оваа анти-терористичка единица. „Да не се постари од 30 години Да достават доказ за здравствената состојба (извештај од специјалист или интернист) Да поседуваат (или се…
Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и…
Дарко Каевски не знаеше да наброи еден капитален проект кој го направија градоначалниците на СДСМ, единствен капитален проект беа 3-те стана и 4 милиони на сметка, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ на наводите на Каевски дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ништо не работеле и се луксузирале а барале пари од Владата. – Каевски стана најмладиот милионер во Македонија, тој со државна плата стигна до милиони на сметка. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години. 1.090 проекти се почнати или завршени во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение од…
– ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, раководи со повеќе од половина од општините, а резултатите се еднакви на нула, вели пратеникот од СДСМ , Дарко Каевски. Како локална власт, ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнува ветувањата, немаат реализирани проекти. Тие само бараат пари од Владата а се луксузираат, трошат народни пари а ништо не работат. Во време на криза наместо за помош на граѓаните, наместо на проекти за развој на општините, тие парите ги трошат на луксуз и партиски вработувања. Ништо повеќе, дециден е Каевски. Како пример за, како што вели, расипничкото трошење на парите на граѓаните, Каевски ја наведе набавката на скапи компјутери вредни околу 38.000 евра…
Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгорел во германскиот град Билефелд, пренесува „Експрес.мк“. Според порталот кој пренесува изјава од сопственикот на компанијата Станко Цонев, „ Метак Транс“ од 18 декември почнал два пати неделно да сообраќа на релација Струмица-Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија, изјавил Цонев , пренесува „Експрес.мк“. Тој за порталот не ја исклучува можноста, инцидентот со палењето на автобусот, наводно да е дело на „диви“ превозници, но сепак последниот збор го има истрагата. На веб страната на „Метак Транс“ стои дека компанијата има редовни линии до Италија…
Цените на нафтата надминаа 99 долари на почетокот на тргувањето на лондонскиот пазар по признавањето од страна на Русија на двата забранети проруски региони во источна Украина, јави Би Би Си. На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари. Русија синоќа ги призна Доњецк и Луганск и ги испрати своите „мировни“ сили во двата проруски сепаратистички украински региони кои прогласија независност во 2014 година. Западот ја обвинува Русија дека подготвува инвазија…
Додека Црна Гора уште пред 4 години донесе одлука за формирање Еко-фонд што веќе 2 години е во функција, нашата земја сè уште не ги почнала подготовките иако е меѓу првите земји на Балканот што во минатото имало обиди за формирање на ваков фонд, но, за жал, двапати неуспешно. Потребна е силна политичка волја за создавање Фонд за животна средина, во кој би се слевале парите од еколошките такси и надоместоците што ги плаќаат граѓаните и фирмите, а од каде што потоа правилно би се распределувале. Во моментов, средствата од овие такси одат директно во државниот буџет и не се…
Директорот на јавното градско претпријатие за „Водовод и Канализација – Скопје “, Златко Перински во гостување во Утрински Брифинг, настапи со уверување дека нема да побараат покачување на цената на водата и дека иако има предизвици со кои се соочува претпријатието, тоа истите нема да ги надминува преку повеќе пари што евентуално би легнале на сметката на претпријатието преку корекција на цената на водата. Воедно , Перински апелира до граѓаните да ја искористат можноста за исплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање и на рати која завршува на 15 март 2022. Имено во овој период , информирал…
Американската амбасада во Скопје ја објави фотографијата на државниот секретар Ентони Блинкен со премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Во постот на Амбасадата на САД на ФБ, пишува: Секретарот Блинкен на кратко се сретна со премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на маргините на Минхенската безбедносна конференција реафирмирајќи ја силната посветеност за соработка на сите аспекти од Европската безбедност.
По коментарите за гафот со отстранувањето на македонскиот премиер од заедничката фотографија со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за кое протоколот на бугарскиот премиер Петков рече дека е грешка, Петков објави фотографија со Ковачевски на ФБ и текст со порака до злонамерните страни како што вели, нема да нѐ запрете! Замислете граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија да уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет. Двете земји треба активно да придонесуваат за развој на здружени компании, да создаваат огромна додадена вредност заедно, да имаат растечки економии, да имаат заеднички детски кампови, да имаат заеднички концерти, да…
Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на ЕГЗИТ Фестивал! Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи моќната Егзитова објава на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, како и многу други изведувачи за дури пет фестивалски бини на Петроварадинската тврдина, кои заедно бројат преку неверојатни 50 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“ и стриминг платформите! Сите тие се придружуваат на претходно најавените Ник Кејв и „Д Бед Сидс“ и Борис Брејча…
На 21 март од Свети Николе почнува Велосипедската трка ВЕРА ТУР 2022, во организација на Александар Стојков успешен деловен човек во регионални рамки со потекло од Македонија. Трката е во чест на неговата почината мајка Вера Стојкова но и во чест на сите загубени животи од пандемијата на Ковид-19. Идејата за ваков спортски предизвик, сериозен логистички и организациски потфат, дојде во момент кога поради смртта, Александар не беше во можност да ја однесе неговата мајка на местата каде што работи, создава и гради. Сето тоа го мотивираше да осмисли една ваква манифестација во форма на аматерска маратонска тура со велосипед,…