Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без Фонд за животна средина парите од еколошките такси „се губат“ во буџетот, сметаат од „Еко – свест“

0
By Mirjana on February 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 22, 2022 10:18

Додека Црна Гора уште пред 4 години донесе одлука за формирање Еко-фонд што веќе 2 години е во функција, нашата земја сè уште не ги почнала подготовките иако е меѓу првите земји на Балканот што во минатото имало обиди за формирање на ваков фонд, но, за жал, двапати неуспешно. Потребна е силна политичка волја за создавање Фонд за животна средина, во кој би се слевале парите од еколошките такси и надоместоците што ги плаќаат граѓаните и фирмите, а од каде што потоа правилно би се распределувале. Во моментов, средствата од овие такси одат директно во државниот буџет и не се трошат за она за што во суштина и биле собрани.

Å ar Mountains, Republic of Macedonia – 06.10.2018: Panoramic view of the glacial lake Black Lake

Искуствата од Црна Гора треба да бидат искористени и овде, предлагаат од црногорскиот Еко-фонд.

– Еко-фондот во Црна Гора своите активности ги врши во соработка со органите на државната управа, локалните самоуправи, стручните и научните институции и со граѓанскиот сектор – истакнува Лидија Шкатариќ, раководителка на службата за проекти на енергетска ефикасност и ОИЕ во Еко-фондот на Црна Гора.

Таа вели дека преку своите активности, задачата на Еко-фондот е да обезбеди финансиски средства за реализација на проекти, програми и активности насочени кон постигнување систематско и сеопфатно зачувување на квалитетот на сите еколошки компоненти, биодиверзитетот, рационално користење на природните ресурси и енергијата како основни услови за одржлив развој.

Restless weather over Mount Korab and Мал Кораб 2683m. After rainy night the atmosphere was so clean and whole pallet of beautiful colors were highlighted. National park Mavrovo, Macedonia

– Главната цел е остварување на основното право на граѓаните на чиста и здрава животна средина. Со кофинансирање проекти и програми за заштита на животната средина, климата и енергетската ефикасност, Еко-фондот ќе стане еден од двигателите за посилен економски и инфраструктурен развој на Црна Гора, со транспарентност и ефикасност во процедурите за обезбедување, управување и користење на средствата – додава Шкатариќ.

Милија Чабаркапа е извршна директорка на невладината организација „Еко-тим“ од Црна Гора, кои главно реализираат проекти поврзани со заштитата на водите, со фокус против изградбата на мали хидроцентрали. Тие како организација биле директно вклучени во одреден степен во формирањето на овој Фонд, со што биле консултирани по одредени прашања како експертска јавност и таа смета дека Фондот ќе помогне во реализирање на нивните проекти и борбата против уништување и неконтролирано искористување на природните ресурси.

– Главниот предизвик на Еко-фондот е да ги обезбеди континуираните приходи неопходни за негово функционирање. Средствата за финансирање на Еко-фондот се обезбедуваат од буџетот на Црна Гора, од еко-надоместоци, заеми, донации и друг вид помош. Исто така, преку програми и фондови на Европската Унија, Обединетите нации и меѓународните организации, потоа странски инвестиции наменети за заштита на животната средина и други извори во согласност со законот – вели Чабаркапа.

Јавната кампања за воспоставување Фонд за животна средина, ја спроведува Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ како дел од проектот „Зајакнување на улогата на граѓанските организации во донесувањето одлуки преку застапување за воспоставување Фонд за животна средина“, финансиски поддржан од ГЕФ ПМГ – програма за мали грантови во РСМ, се наведува во соопштението на „Еко – свест“ .

Еко-Свест Фонд за животна средина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.