Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
– Вчера се соочивме со дефект на изолаторска верига на 110кВ далекувод Скопје4-Бунарџик. Од дефектот исклучил прекинувачот на далекуводот во трафостаницата Скопје4 (Пинтија). Во исто време реагирала заштитата на трансформаторите 400/110 кВ, од кои на 110кВ напонско ниво се напојуваат сите трансформатоски станици во Скопје од 110кВ, а со тоа и цело Скопје, го објаснува вчерашниот струен дефект директорот на АД МЕПСО за НоваТВ, Орхан Муртезани. Според Муртезани, заштитата на трансформаторите како најскап елемент во трафостаницата бил осетлив со цел да ги штити трансформаторите од оштетувања од надворешни макар и куси врски. Последниве две години се правела реконструкција на трафостаницата…
Европските банки обезбедуваат милијарди долари за поголемо производство на нафта и гас, покажа денешниот извештај, иако Меѓународната агенција за енергија (MAE) даде упатства, со кои треба да се запре глобалното затоплување. Во текот на 2021 година, 25 водечки банки во Европа на енергетските компании што планираат да го зголемат производството на нафта и гас, им обезбедија 55 милијарди долари, се наведува во извештајот на ШерАкшн (ShareAction). Иако сумата е речиси половина помала од 2020, а заостанува и од онаа од 2019, кога изнесуваше 83 милијарди долари, ги надмина 2018 и 2017 година, кога за финансирањето такви проекти беа издвоени 49,…
На маршот во должина од 11,5 километри учествувале членови на планинарските друштва „Лисец” од Штип, „Бел Камен” од Радовиш и „Бела Екстреме” од Петрич, Р. Бугарија, пренесуваат локалните медиуми. – Сите горенаведени планинари направивме една рекреативна дружба за искачување на врв Борова Могила на 1219 метри надморска висина, што беше во организација на ДПС „Лисец” Штип, додека ние бевме нивни водичи, бидејќи се работи за терен кој е многу познат за нас како клуб. Маршутата започна од манастирот Св.Илија над делчевското село Ѕвегор на 800 метри надморска висина со движење во правец кон Илин Камен, Чутурски Рид се до врвот…
Пишува: Нано Ружин Колку е точна синтагмата на Клемансо дека „И кога грешел народот бил во право“? Дали секој народ има политичари какви што заслужува? Зошто живееме во општество со толку ниска политичка култура, како што деновиве констатира експертската група на списанието „Економист“? Пофалени сме дека С.Македонија конечно повеќе не поседува атрибути на „хибриден режим“, со просечен индекс седум, но нивото на политичката култура е оценет со нискиот индекс 3,13. Со оваа охрабрувачка констатација од една страна е надминат срамниот комплекс хибридниот режим воспоставен по 2008 кој се третира како „ некомплетна транзиција од авторитарен кон демократски режим“. Од друга…
И најновата корекција на цените на горивата регистрира нејзино покачување. Ова во денешното гостување во емисијата „ Студио 10“ го најави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој денес информира дека бензинот поскапува за еден денар, а дизелот за 0,5 денари. -За жал ова е осма недела како поскапува. Како РКЕ не можеме да влијаеме на цената на горивата, имајќи ја во предвид структурата. Цената на бензините отпаѓа на набавната цена која што е на берзите и немаме никакво влијание. Соодветно на тоа е и курсот на доларот, рече Бислимовски во емисијата „Студио 10“. Тој додаде дека…
„Грижата за земјоделците и конкретно за лозарите е постојана – затоа резултатите се видливи и претставуваат дополнителна мотивација. И покрај економската криза, во текот на 2021 година регистрирано е зголемено откупување на грозје кај регистрираните откупувачи, а исто така зголемен е и извозот на вино од нашата земја којашто достигна ниво од 49 милиони евра во минатата година“, рече Ковачевски при закројувањето на лозјето во село Трстеник, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и подвлече дека Владината долгорочна стратегија за обезбедување сигурно производство и откуп на грозјето ја надмина долгогодишната неизвесност на лозарите и обезбеди…
Единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации. Со тоа само се попречува процесот на разговори што се водат со Софија во духот на европските вредности, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како го коментира повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за национално обединување, кога се во прашање интересите на државата. – Таа изјава сметам дека воопшто не е искрена, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период единствено нешто што прави е креирање хистерија во однос на разговорите што се водат со Бугарија, исто така во рамки на подготовките…
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири нема информација кога ќе почне скринингот на учениците, меѓутоа вели дека процесот е во тек и најверојатно ќе се реализира во следниот период. – Немаме информација од Министерството за здравство, но тие соработуваат со Комисијата за заразни болести. Денеска има состанок, сигурно во наредниот период може да го организираат и скринингот. Нема никаква информација денеска кога почнува, изјавил Шаќири. Важно е, вели тој, дека процесот е во тек и оти со добрата комуникација, децата веднаш по пројавување симптоми не одат на училиште. – Сега сме во другата фаза во образовниот процес и мислам…
Вкупната вредност на програмата е 2,3 милијарди евра за следните 3 години, а се однесува на остварување на целите на ДОГОВОРОТ ЗА ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА, за чија примена Северна Македонија има преземено обврска. Пишува: Бранко Азески, претседател на СКСМ 1. Програмата „LIFE“ на ЕУ е една од клучните европски програми, покрај програмата „Хоризонт Европа“, за периодот 2021 – 2027 година, преку која се финансираат програми од областа на климатските промени, енергетската ефикасност, на транзицијата кон чиста енергија, циркуларната економија и природа и на биодиверзитетот. Од исклучителна важност е Република Северна Македонија да изрази интерес и да пристапи кон европската програма „LIFE“,…
По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за прекинот на струјата, од СДСМ возвратија со соопштение во кое побараа оставка и отчет од Мицкоски за судскиот случај „Титаник“. – Заврши времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски цели, Северна Македонија денеска е демократска и слободна земја. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забагеност со која режимот 11 години злоупотребуваше институции, гасеше струја, лифтови, местеше сообраќајки, фалсификуваше лични карти, возвратија преку соопштение од СДСМ. – Тоа во суштина е и признинето на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Титаник“ и целиот криминал на режимот, велат од Бихаќка. -…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за прекинот на струјата дотолку повеќе што тоа се случило во моментите кога Христијан Мицкоски давал отчет за сработеното во првите сто дена од страна на градоначалниците од нивните редови, на настан организиран во објектот на Македонска Филхармонија. – Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор, велат од партијата од каде ја повикаа власта на СДСМ и на ДУИ да сносела одговорност и да одговорела зошто снема струја? = Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, соопштуват од МЕПСО. – Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување,…