Author: Mirjana

Во врска со случајот „фалсификување на службена исправа“, за која ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа, вработен во АД “Пошта на Северна Македонија”, Ве информирам дека по претходна пријава, од моја страна беше доставено барање до Самостојната служба за инспекција, за обезбедување податоци и откривање дали е извршена злоупотреба на службената положба и овластување. По констатирањето на повредите и неправилностите, при извршувањето на работните задачи, од наша страна беа преземени сите мерки и активности за постапување против незаконските дејствија и случајот е пријавен до надлежните органи. Лицето против кое е поднесена кривичната пријава, поради постоење…

Read More

Кривична заработија уште 11 други лица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји. Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 09.10.2021 ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“. На 51 годишната струмичанка со иницијали В.М. , кривичната пријава и е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

Read More

Работниците се уште се обидуваат да ја оспособат електродистрибутивната мрежа за околу 20.000 домаќинства во централната турска провинција Испарта, кои веќе три дена се без струја поради обилните снежни врнежи кои предизвикаа прекини и дефекти на мрежата, изјави турскиот министер за енергетика Фатих Донмез. Како што пренесува Хабертурк, „обилниот снег и снежните виулици предизвикале сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура, поради што на почетокот без струја во провинцијата Испарта останале 113.236 корисници“. „Работници од електродистрибуција работат на терен за да ја вратат енергијата во домовите на преостанатите 20.000 корисници“, рече министерот Донмез. Од кабинетот на гувернерот во Испарта соопштија дека некои…

Read More

  Владата предводена од СДСМ е на страната на работниците, а ветувањето за покачување на минималната плата ќе биде исполнето, наведе претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук, се наведува во соопштението дистрибуирано од владејачкиот Социјалдемократски сојуз. „Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе нѐ одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе…

Read More

Видео на you tube од отворањето на Зимските Олимписки игри во Пекинг, во неколку секунди го покажува и рускиот претседател Владимир Путин кој седи на трибините и го следи планетарниот спортски настан. Претседателот неколку секунди е со затворени очи по што продолжува да го следи настанот. Дали Путин задремал или само ги „одмарал“ очите, оценете сами. https://www.youtube.com/watch?v=Q0BexcxU8LA&t=16s

Read More

Добростоечките поддржувачи на поранешниот претседател на САД  Доналд Трамп , можат за износ кој достигнува 250.000 долари, да закажат вечера со него, со тоа што собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претдседателските избори пишува Гардијан. Акцијата за собирање пари наречена „ Форум на кандидати за враќање на Конгресот“ е закажана за 23 месецов на Трамповиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида, наведува британскиот весник. Трамповиот супер PAC- организација која собира пари за неговата кандидатура , веќе испрати покани до сите потенцијално заинтересирани .

Read More

По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка“. На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал. Според условите, Карневалот кој е јубилеен, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател на меѓународниот карневал „Прочка“. – Имавме пауза од две години. Традицијата за „преправање“, маскирање на Прочка е перманентна. Ако и годинава не го организиравме карневалот, полека-полека ќе згаснат традициите за изработката на маски. Ние ќе се потрудиме да се одржи. Секако, не во тој…

Read More

Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави предлогот за минималната плата на Сојузот на синдикатите на Македонија на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи, порачаа денеска од ССМ.  Тие бараат решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати. Повторно предупредија дека доколку во четврток во Собранието не се изгласа предлог законското решение од ССМ ќе почнат со штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта. -ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кој ги вадат на секој ЕСС за да купуваат…

Read More

Британската кралица Елизабета Втора по повод 70-годишнината од нејзиното устоличување, рече дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила Паркер, да ја добие титулата кралица кога принцот Чарлс ќе стане крал. Во пораката по повод 70-годишнината од нејзиното владеење, кралицата вели дека нејзина „искрена желба“ е Камила да ја добие таа титула, пренесе Би-Би-Си. Пораката на кралицата, по повод годишнината од нејзиното доаѓање на тронот во 1952 година, директно се однесува на нерешеното прашање за идната титула на војвотката од Корнвол, пишува Би-Би-Си. „И кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека ќе му ја дадете и нему и на…

Read More

Комората ги има 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители, 10-те најуспешни бизнисмен, а во својот апарат и 10-те најдобри коморски кадри и многу домашни и регионални експерти, со што е создадена комора на иднината, за да биде во служба и на бизнисот и на државата Во мега интервјуто на Претседателот на Бранко Азески во економскиот магазин „Економија и Бизнис“ по повод 100 годишнината од Стопанска комора на Македонија кое е веќе во продажба, претседателот Азески потенцира дека, „Комората денес во своите редови ги има 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители и 10-те најуспешни бизнисмени.…

Read More

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа. Тој, во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.

Read More

Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување, реагираат од Здружението на новинари на Македонија и бараат дефиницијата за навреда соодветно да се коригира на начин што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година. -Иако во локалната судска пракса предметите кон медиумски работници се пред се…

Read More