Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, информира дека македонска и бугарска делегација од ресорните министри за трансорт и туроператори од двете држави ќе бидат патници на промотивниот лет што треба да се реализира на 11-ти месецов на релацијата Софија-Скопје. Компанијата „Гуливер“ е заинтересирана да го реализира летот, а на оваа релација се очекува да има редовни летови во текот на следниот месец. -На 10 февруари ќе имаме средба во Софија заедно со нашите тимови на Комисијата за транспорт и инфаструктура и на 11-ти веќе ќе се организира првиот лет од Софија за Скопје каде заедно со делегациите од нашата…
Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 13 726 лица, од кои во последните 24 часа до вчера, регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи, меѓу кои 13 проценти или 195 се реинфекции. Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, од кои три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети. Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а во западните делови зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од – 4 до 14 степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Британската кралица Елизабета Втора, покрај најавата дека во јуни официјално ќе ја прослави 70-годишнината од нејзиното владеење, и денеска славеше во својата резиденција во Сандрингам, пренесоа светските агенции. Таа таму приреди мал прием за претставници на локалната заедница и група волонтери. Меѓу гостите беше и Ангела Вуд, која посетуваше училиште за готвење во 1953 година и помогна да се создаде специјално јадење со пилешко месо и кари по повод доаѓањето на тронот на Елизабета Втора. Кралицата денеска ги пречека гостите во светло син фустан. Потоа пресече специјално подготвена торта од еден локален жител и слушаше музичка изведба од локален бенд.…
Ни треба решение, засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности. Ова решение треба да резултира со укинувањето на ветото на Бугарија и да послужи како основа за добра соработка меѓу нашите две земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за белгискиот најтиражен дневен весник „Ла Либре“. Тој додаде дека процесот за започнување на преговорите со ЕУ на земјава трае долго и поради тоа не се штедат напори за забрзување на разговорите со Бугарија. -Кај нас постои консензус за евро-атлантските интеграции. Постигнавме една од нашите цели со влезот во НАТО. Онаа за членство во Европската Унија сè уште не е…
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 93 возачи. Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес оствари средба со германските пратениците Кристијан Петри (СПД), Борис Мијатовиќ од (Die Grünen) како и директорот на ФЕС во Скопје, Рене Шли. Спорот со Бугарија и решавањето на овој проблем беше дел од разговорот меѓу Груби и германските пратеници Петри и Мијатовиќ. На оваа средба соговорниците размениja мислења и за подготвеноста на страните за постигнување еден достоинствен компромис меѓу двете земји. Скопје и Софија водат конструктивен дијалог преку работни групи за да се постигне компромис кој нема да влијае на ниту една страна и би го…
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во тридневна посета на Кина на отворањето на Зимските олимпски игри, денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, јави дописникот на МИА од Белград. -Ова е седма официјална средба со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг. За нас е важно да продолжиме да градиме добри односи и нашата соработка да расте во сите области, објави Вучиќ на Инстаграм. Тој кажа дека е многу задоволен од средбата и посочи дека кинескиот претседател потврдил дека многу сака да ја посети Србија, како и дека разговарале за стратешки теми. -Разговаравме за стратешки прашања, взаемната поддршка,…
Сојузот на Синдикатите на Македонија најави нови форми на притисок со цел издејствување минималната плата да биде позиционирана на 18.000 денари.За таа цел веќе за четврток во 11 часот е најавен протест за пред Собранието кога на дневен ред на собраниска седница е ставен Предлог законот за покачување на минималната плата.
Русија префрли непознат број борбени авиони Сухој Су-25СМ во Белорусија, неколку дена пред планираните воени маневри во таа земја, која граничи со Украина. Авионите се испратени на 7.000 километри од брегот на Јапонското Море до воените аеродроми во регионот Брест во западна Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, без да наведе точен број. Москва планира да одржи воени маневри во Белорусија, нејзин близок сојузник, од 10 до 20 февруари. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека во вежбите во Белорусија ќе бидат вклучени помалку од 13.000 руски војници, 300 тенкови, 500 оклопни возила и 3.500 падобранци. Западните сојузници…
Првите американски војници, како дел од военото засилување за Европа, пристигнаа во Полска, јави денеска полската новинска агенција ПАП.Според агенцијата, авионот со војниците на американската 82. Воздушно-десантна дивизија слетал на аеродромот „Јасионка“ во близина на Жешов. Се очекува во Полска да бидат распоредени вкупно 1.700 војници. Американската воена опрема почна да пристигнува во земјата претходно оваа недела. Во средата, американските власти ги објавија плановите за распоредување војници како засилување во Романија, Полска и Германија. Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека тие сили нема да се борат во Украина, туку „ќе обезбедат силна одбрана на нашите НАТО сојузници“. Во вчерашните…