Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Законот за здруженија и фондации навистина бара ревидирање, бидејќи станува збор за закон којшто е стар веќе десетина години. Апсолутно го поддржуваме правото на слобода на здружување, но исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на кои се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, така што секој предлог што е во таа насока ќе го поддржиме, изјави денеска пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ во Собранието. Таа, одговарајќи на прашање дали на денешната пленарна седница ќе дадат поддршка на законските измени за овој закон предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека ќе дадат поддршка и оти се согласуваат дека…
Маричиќ: Ги почитуваме вредностите на антифашизмот, ќе има законски измени за граѓанските здруженија
„Слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитувано, но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5. Тој додаде дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина години треба да се ревидира. „Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа“ рече Маричиќ. Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба…
Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации соопшти дека се потресени од откритието на речиси 100 голи мажи на границата помеѓу Грција и Турција. Како што извести Би-би-си, грчката полиција спасила 92 лица во петокот во близина на нивната северна граница со Турција. Лицата биле откриени голи, а некои од нив имале и повреди. Според нивната истрага и претставници на граничната служба на ЕУ – Фронтекс, нашле докази дека мигрантите ја преминале реката Еврос кон грчка територија со гумен чамец од Турција. Од полицијата додале и дека на луѓето веднаш им била дадена облека, храна и прва помош. Засега не е…
Во главниот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, под мотото „Ние сме УКИМ, ние сме едно семејство“, вечерва во 19 часот ќе бидат презентирани модни дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека. Изложбата на дизајни насловена како „МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS“ се реализира во соработка со Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје и Францускиот институт во Скопје. Оваа изложба е остварување на првата фаза од еден амбициозен и обемен проект, чијшто добитник и носител е Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, по објавениот интерен конкурс за распределба на средства…
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе го објави новиот Предизвик за воспоставување лабаратории за производство FAB LABS „МЛАДИТЕ СОЗДАВААТ“. Предизвикот ќе биде промовиран на онлајн прес-конференција која ФИТР ќе ја пренесува во живо на својот официјален фејсбук-профил. На прес конференцијата ќе се обратат директорот на ФИТР, Коста Петров и Катерина Кречева, раководител на Секторот за програми во областа на образование, истражување, развој и иновации.
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја отвори онлајн дебатата по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата (ИДАХОТ). На дебатата, како што е најавено, ќе учествуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, пратеничката и членка на Интерпарламентарната група за поддршка на правата на ЛГТБИ заедницата Маја Морачанин, Наташа Бошкова од Коалиција Маргини, Давид Тасевски од Субверзивен фронт и Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Панел-дискусијата се организира во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и на Советот на Европа: Унапредување на различноста и еднаквоста во Северна…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Домаќин на состанокот којшто се одржува во Брдо кај Крањ, е претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. На состанокот, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, ќе учествуваат претседателот на Република Албанија, Илир Мета, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на…
Спој на искуство и нова енергија, вака лидерот на СДСМ Зоран Заев доцна синоќа ги квалификува кадровските промени и решенија изгласани на 26. партиски конгрес. Делегатите на конгресот за заменик претседател ја избраа Сања Лукаревска. За генерален секретар е реизбран Љупчо Николовски, додека нови потпретседатели се Фатмир Битиќи и Венко Филипче, покрај актуелните и повторно избрани Мила Царовска и Оливер Спасовски. На конгресот за секретар за меѓународна соработка е избран Бојан Маричиќ, а за претседавач на ЦО Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово. Членови на Извршниот одбор се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин…
Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата е во благо опаѓање. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 62 случаја, од 2.557 тестирања. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизацијата. Почна вакцинација и на пациентите со дијализа и трансплантација, а надлежните порачуваат дека најлесен начин за вакцинирање е преку пријавување на веб-страницата „www.vakcinacija.mk“. Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40-годишна возраст од Скопје, кои до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб-страницата на Министерството за здравство. Како што соопшти вчера министерот за здравство, Венко Филипче следните денови и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна…
Министерката за одбрана и досегашна претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил упати честитки за новото раководството на партијата. -Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани.Да живее СДСМ!, напиша на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска по…
СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време, рече вечерва лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес и првата седница на Централниот одбор за избор на раководни органи и тела на партијата. Соопштувајќи ги новите кадровски решенија и одлуки, Заев порача дека СДСМ почнува ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, ред, правда и…
„Преку Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ние ја потврдивме нашата искрена добрососедска намера кон сите. Република Северна Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи. Ние не сме проблем, ние решаваме проблеми“ истакна премиерот на земјава и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на 26. Конгрес на партијата. „Нашиот белег како партија беше и се уште е: никогаш да не калкулираме со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните прашања. СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата“ истакна претседателот на СДСМ и премиер на Северна…