Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Состанокот на Комисијата за заразни болести е презакажан за утре, изјави за МИА министерот за здравство Венко Филипче. Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок, на кој требаше да биде разгледана состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.
Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денеска пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси, информира министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил. Онлајн настанот го отворила министерката, охрабрувајќи ги нашите компании да се пријават. – Ја отворивме вратата кон НАТО, а сега ја отвораме и вратата на пазарот во НАТО, напиша Шекеринска на Фејсбук.
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за бугарскиот „24 Часа“ нагласува дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите. -Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот. Во Република Северна Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии и народот – 83,8 отсто од граѓаните не се согласуваат да ја поддржат Pепублика Северна Македонија за членство во ЕУ се додека не се постигне договор за фактите за историското минато на Бугарија, смета Захариева. Таа тврди дека неодамнешните постапки на властите во Скопје не…
Нормализирање на работата на Собранието, усвојување измени на Изборниот законик со примена на терминалот за отчитување на отисок од прст и вградување на препораките на ОБСЕ/ ОДИХР, најавија вчера претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, а веќе од денеска се очекуваат конкретни активности во законодавниот дом и работните групи. Со законски измени треба да се овозможи и договореното одложување на пописот на населението за наесен, од петти до 30 септември, како и на локалните избори за кои првиот круг треба да се одржи во втората половина на октомври, а во ноември вториот. Во собраниска процедура,…
Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 303 случаи на коронавирусот од направени 1.405…
Повеќе од 20 светски лидери на држави, влади и меѓународни организации ја поддржаа идејата за меѓународен договор за борба против пандемиите во иднина. Тоа го објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг. Поддржувачи на иницијативата се францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус. Државите изразија уверување дека земјите мора да работат заедно за „рано да се подготват и да се борат против пандемиите“. Во заедничкото писмо тие велат: „По уништувањето од двете светски војни, политичките лидери се собраа да го креираат мултилатералниот систем. Целите беа јасни:…
Иако тие се групата најпогодена од кризата со коронавирусот, младите Европејци се повеќе се чувствуваат изоставени од плановите за закрепнување по пандемијата. Експертите се залагаат за насочени мерки за поддршка на младите луѓе и обезбедување брза имплементација на Гаранции на ЕУ за младите на национално ниво. Пред четири години, Европската комисија презентираше „бела книга“ за иднината на Европа со јасно предупредување за ризикот за европскиот проект. „За првпат по Втората светска војна, постои реален ризик младите денес да живеат полошо од нивните родители“, предупредува документот. Пандемијата „Ковид-19“ само ги влоши изгледите на милениумците и генерациите по нив. Младите во Европа…
Ова е проблем во Албанија. Владеењето на правото е замислено како спроведување на законот. Законот е замислен како владеење на мнозинството. Значи, владеењето на правото станува владеење на секој што има владејачко мнозинство, моќ.
Актуелната состојба поврзана со пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. -На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Анѓелко Ѓорчев, пензиониран професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, е татко на поранешниот пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев Познатиот пулмолог Ангелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник Владимир (Влатко) Ѓорчев, е 73-годишниот Македонец кој паднал во кома откако се вкацинирал вчера во Ниш, Србија. Според информациите на „360 степени“ од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, неговата состојба е непроменета. Како што претходно изјави директорот на Центарот, Зоран Перишиќ, причината за влошувањето на состојбата на пациентот засега не е позната. „Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани…
Министерството за надворешни работи на Македонија до Министерството за надворешни работи на Бугарија упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски. „Ќе ги известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите…
Во пописот на Република Северна Македонија се попишуваат граѓаните кои имаат македонско државјанство, истакна денеска премиерот Зоран Заев по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со попишувањето на дијаспората и некои тврдења дека се самопопишуваат лица, кои не се државјани на Северна Македонија. -Јас не мислам дека некој може да го спречи тоа попишување, но тоа не е валидно, затоа што ние во базата на податоци имаме кој има македонско државјанство. Во пописот на Република Северна Македонија се попишуваат сите граѓани кои се државјани. Тоа значи дека секој што нема државјанство не…