Author: Нова ТВ

Град Скопје доби поддршка за именувањето две улици во централното градско подрачје со имињата на великаните Блаже Конески и Славко Јаневски од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“. -Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го изразува своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик, меѓународно ценет лингвист, визионер, мислител, поет и препејувач од светски ранг. Конески ги препозна нијансите на словенската, но и на македонската (со сите свои специфики) народна култура, традиција, наука и реторика. Блаже Конески…

Read More

Демократскиот сојуз (ДС) го поздравува постигнатиот договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот од здравствени причини, за одблокирање на Парламентот и за постигнување договор за изборното законодавство. -Демократскиот сојуз беше единствениот коалициски партнер во Владата кој повика на одлагање на пописот, предупредувајќи дека статистичката операција нема да биде успешна и ќе даде искривени резултати, поради тоа што многу граѓани ќе се плашат да им отворат врата на попишувачите. Договорот за одлагање на пописот до септември ќе обезбеди голем дел од населението да се вакцинира, а особено попишувачите – за што исто така се залагавме и ќе даде дополнителни…

Read More

Република Северна Македонија успешно се справува со пандемијата во делот на образованието и ќе спречи генерациска катастрофа, благодарение на фокусот кој беше и се уште е ставен на забрзување на процесот на дигитализација на образованието. Не дозволивме образованието да има застој. Правото на образование е овозможено на сите, преку хибриден модел на едукација кој понуди во училиштата, зависно од ситуацијата на локално ниво, да се примени настава со физичко присуство или, пак, онлајн или друга форма на настава на далечина. Ова го соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусијата на министерскиот состанок на високо ниво организиран…

Read More

Германската влада ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, на мислење сме дека треба конечно да отпочнат пристапните преговори,изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој е во посета на Берлин. -Силно го поддржуваме португалското претседателство, како би се овозможил почеток на преговорите во јуни оваа година. Во исто време ја охрабрувам Северна Македонија паралелно да работи на реформскиот процес, пред се’ јакнење на правната држава, решителна борба против корупцијата, независно дејствување на судскиот систем, тоа не е важно само за Унијата, многу поважно е за граѓаните…

Read More

Од српскиот министер за здравство Златибор Лончар и побарав да ми даде список од наши граѓани кои се вакцинирале во Србија. Списокот ни е потребен оти планираме нашите сограѓани кои веќе се вакцинирале во Србија да се ревакцинираат во Македонија, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. „Утрово разговарав со српскиот колега Лончар и побарав од него да ми даде список од наши граѓани кои се вакцинирале во Србија. Тие што се вакцинирале таму, планирано е да се ревакцинираат дома. Апсолутно ќе имаме доволно дози за ревакцинација. Денеска завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата…

Read More

Родителите да не се плашат да ги пуштат своите деца во градинка. Тие се сè уште мали и немаат доволен број АЦ2 рецептори и помалку се заразуваат со Ковид-19, а имаат и полесна клиничка сликаа, порача проф. д-р Дејан Докиќ. Тој информира дека 80 проценти од инфицираните кои доаѓаат во поликлиниките и болниците, лесно го поминуваат коронавирусот, а 20 отсто имаат потреба од хоспитализација. Директорот на Клиниката за пулмологија рече дека не може да каже дали британскиот сој создава потешка клиничка слика, но за него е едно сигурно, дека тој побрзо се шири. -Гледаме дека британскиот сој навистина побрзо се…

Read More

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зад затворени врати во Клубот на пратениците одржаа повеќечасовна средба во четири очи од која излегоа со помирувачки изјави и договор да се одложи пописот Мицкоски оцени дека денешната средба била успешна и оставиле отворена врата и за други средби. Веќе од утре ќе биде покрената постапка за изгласување на измените на изборниот законик за да се овозможи гласање со отисок на прст.Околу работата во Парламентот се согласиле ВМРО-ДПМНЕ да работи заедно со мнозинството на сите закони кои се однесуваат на интеграцијата на Македонија во ЕУ и сите закони што се…

Read More

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. Тема на седницата ќе биде актуелната состојба поврзана со пандемијата. Како што информираат од Кабинетот на претседателот, покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. -На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Read More

Можен е договор на лидерската за одложување на пописот, рече за Телма, премиерот Зоран Заев пред почетокот на лидерската средба. Пописот најверојатно ќе биде одложен. Ваков договор се очекува од денешната средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Заев и Мицкоски која ќе се одржи во Клубот на пратеници. Покрај за пописот на средбата ќе се разговара и за пандемијата, вакцинирањето, а ќе се отворат и прашањата за влада и измени на Изборниот законик околу набавката на апарати за отисок на прст за гласање.

Read More

Денеска се завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините кои стигнаа во нашата држава на Астра Зенека да бидат пуштени во употреба, а денеска и утре тие ќе се дистрибуираат во сите градови во земјата и во среда ќе започне процесот на имунизација онака како што најавивме, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека 20 000 граѓани кои се веќе пријавени се на возраст над 75 години, во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време од среда натаму да…

Read More

Очекувам да најдеме заеднички решенија за пописот да се спроведе непречено, со целосна заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите и истиот да го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, изјави за МИА премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на денешната лидерска средба со претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, која ќе се одржи во 13 часот во клубот на пратеници. -Одам да разговарам, да чујам став и да поттикнам да вложиме максимум за интересите на граѓаните, истакна Заев. Нагласи дека останува отворен да разговараат и за прашања поврзани со работата на Собранието со цел да се отстранат сите…

Read More

Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, објави на официјалниот Твитер профилот Портпаролот на Владата. – Ова е лажна вест, објави на Твитер Портпаролот на Владата, споделувајќи фотографија од објава на Антонио Милошовски на Фејсбук дека министрите Царовска, Груби и Маричиќ преку ред добиле ВИП вакцинација. Милошоски повикувајќи се на медиуми во Албанија на својот Фејсбук профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале, а дел од порталите претходно повикувајќи се…

Read More