Author: Нова ТВ

Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации, објавија од ДЗС на официјалниот ФБ профил. – Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање…

Read More

Премногу негативно се гледа на работите во Владата и непотребно се критикуваат надлежните институции, смета Горан Милевски од ЛДП во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24. Според него, ништо не е спорно што се појавија фотографии како министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, возат мотори, додека во земјава има по 30 починати од корона вирус. „Многу негативни и непотребни критики има кон Владата. Филипче и Заев возеле мотори. А, Филипче ако беше во болница, никој немаше да почине од корона вирусот? Јавноста се буни дека во другите земји стигнале многу вакцини, а кај нас се…

Read More

Во Албанскиот театар – Скопје денеска ќе се одржи комеморација во чест на животот и делото на актерот Луран Ахмети кој почина минатата недела, на 46 години, по компликации од коронавирусот. Ахмети дипломирал на Факултетот за драмски уметности, а беше еден од најталентираните актери во Албанскиот театар во Скопје, каде играше во голем број претстави. Последниве години тој се прослави по своите улоги во дел од најгледаните турски телевизиски серии, а имаше и успешна филмска кариера со улоги во филмовите „Бал-кан-кан“, „Тејкен 2“ и „Лимоната“.

Read More

– Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес од 1 март до денес, информираат од Државниот завод за статистика. Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице. – Интересни се и бројките по земји: Дали сте знаеле дека во Џибути има тројца македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу и во Свалбард и Јан Мајен по четири, во Северни Маријански Острови 11 итн. Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме, се вели во соопштението од ДЗС. Процесот…

Read More

Премиерот Зоран Заев во четвртокот вечерта соопшти дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нивна тет-а-тет средба, која како што најави ќе се одржи денеска во 13 часот во Клубот на пратеници. – Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на својот фејсбук-профил во четвртокот вечерта. Објавата на Заев уследи откако Мицкоски претходно го повика на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат…

Read More

Вчера во земјава пристигнаа вакцините на „АстраЗенека“ и „Спутник V“. Вакцините на „АстраЗенека“ кои стигнаа преку Ковакс, ќе бидат наменети за да се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови, каде вакцинацијата се спроведува според редовниот календар од страна на кадар со искуство. Според најавите до крајот на април се најавени уште 76.000 вакцини од истиот производител. Министерот за здравство најави дека имунизацијата ќе започне во среда и дека се спремаат пунктовите и Спортскиот центар „Борис Трајковски“. – Спремни сме тој…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на покана на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе престојува работна посета на Германија. Покрај Рот, во рамки на престојот на Димитров во Берлин предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Нилс Шмид, портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Бундестагот, Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во Министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други…

Read More

На 82-годишна возраст синоќа почина Трајан Петровски, поранешен амбасадор на СФРЈ и на Македонија во Египет, Турција, С. Арабија, ОАЕ, Узбекистан, Казахстан, Азербејџан и Киргистан. Тој беше дипломат од кариера, потписник на повеќе билатерални договори за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со други држави. Петровски е автор на многу збирки поезија, романи, а неговите дела се преведени на повеќе од 20 јазици ширум светот.

Read More

Од денска Словенија ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на единаесетдневно целосно затворање за време на Велигден. Патувањето во земјите од црвената листа, во кое се вклучени сите соседи на Словенија, ќе биде забрането, освен за транзит, стока и некои други исклучоци. Освен секојдневните прекугранични патници, кои веќе треба да се тестираат на секои седум дена со брз тест за антиген, сите патници ќе треба да покажат PCR-тест направен во земја на ЕУ или во Шенген зоната, со цел да се избегне задолжителен карантин. Според Владата, главната причина зошто мерките на границата треба да се зајакнат е да…

Read More

Македонската Влада вечерва ѝ одговори на официјална Софија изјавувајќи дека ја „оценува како несоодветна постапката да биде повикан на разговор вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија Владимир Крстевски во бугарското Министерство за надворешни работи за ставови изразени oд трета страна, во анализа која никако не е поврзана со Владата, а е изготвена од Институтот за балкански и блискоисточни студии (ИФИМЕС) од Љубљана“. Владата потврдува дека ИФИМЕС бил ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на довербана регионално и глобално ниво, но дека договорот со него…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче сподели информација кој ќе им биде од корист на сите граѓани кои примија доза од вакцината на АстраЗенека. -За сите наши граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат, еве неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет. По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична…

Read More