Author: Нова ТВ

Во врска со пратката од над 1.000 книги (920 нови и 250 стари) задржани на границата, каде како примач на донацијата се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, Царинската управа на својот профил на Фејсбук објави дека и покрај тоа што царинскиот орган, преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, побарал изјава дека пратката е наменета за Културно информациониот центар, таква изјава не била доставена ниту од Центарот, ниту од Бугарската амбасада во Скопје. – Согласно Царинскиот закон предметите што се увезуваат, а имаат образовен, научен и културен карактер, согласно со прописот од членот 199…

Read More

На меѓународниот аеродром во Скопје денеска во 14.30 часот стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В. Како што информираа од Министерството за здравство, овие вакцини се наменети за ревакцинација на 3.000 здравствени работници. На Меѓународниот аеродромот Скопје утрово пристигнаа и 24.000 вакцини од „АстраЗенека“, произведени во Јужна Кореја, кои се доставени на земјава преку Ковакс механзимот.

Read More

Северна Македонија е вреден сојузник на НАТО, нагласува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во честитката за, како што вели, успешната прва година на Северна Македонија во Алијансата. Во видео обраќањето по повод годишнината, Столтенберг, истакна дека Северна Македонија е суверена земја во силната Алијанса, со свое место на масата на НАТО и еднаков глас во обликувањето на одлуките. – Тоа е крај на едно патување поплочено со храброст и одлучност, што ја постави Северна Македонија на патот на стабилноста и просперитетот, опкружена со 29 пријатели и сојузници, а тоа е добро за граѓаните на Северна Македонија, за регионалната безбедност…

Read More

Kабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија остро реагира на наводите изнесени на денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на која се инсинуира наводна поврзаност на претседателот Стево Пендаровски со лица вмешани во случајот „Планина“. Претседателот Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Претседателот Пендаровски лично не се познава со лицата од посочената фотографија. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи,…

Read More

Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука партијата на следните локални избори, кои треба да се одржат во 2021 година, да настапи самостојно. – Синоќа Централниот одбор донесе конечна одлука, но како партија ја оставивме отворена можноста за коалиција со други партии, здруженија на граѓани но и поединци кои имаат сродни програмски и политички определби со ЛДП, рече претседателот на партијата Горан Милевски. За време на состанокот ЦО на ЛДП ги овласти претседателот и генералниот секретар во следниот период да ги преземат сите неопходни мерки во насока на подготовка на партијата за успешен настап на локалните избори. Претходно, одлуката за…

Read More

Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, поради, како што соопшти бугарското МНР, одлуката на царинските власти на граничниот премин „Деве Баир“ да не дозволат влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјава. Како што јави дописникот на МИА од Софија, книгите со наслов „Бугарски народни песни од Браќата Миладинови“ биле пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој, според бугарското МНР, покажал договор за донација, со којшто книгите требале да бидат доставени до културниот центар. Како што се наведува во соопштението на бугарското МНР, и покрај присуството на…

Read More

Германија мора да го потисне вирусот сега или да ризикува да ја изгуби контролата, вели помошничката на Меркел Германија мора да ги спушти коронавирусните инфекции во следните неколку недели или да ризикува нови вирусни мутации кои се отпорни на вакцини и треба да воведе ноќен полициски час во региони со висок број на работни места, изјави главниот соработник на канцеларката Ангела Меркел според Ројтерс. „Ние сме во најопасната фаза на пандемија“, изјави шефот на кабинетот на Меркел, Хелге Браун, за весникот „Билд ам Зонтаг“. „Следните неколку недели ќе утврдат дали може да се предвиди пандемијата под контрола“. Доколку бројот на…

Read More

Подобрувањето на финансиската едукација е од големо значење за економскиот развој на една земја, бидејќи колку финансиски пописмено е населението – толку подобри финансиски одлуки се носат, велат од Министерството за финансии и посочуават дека како член на меѓуресорското тело за финансиска едукација, во континуитет преку различни активности делуваат во насока на подигање на финансиската писменост. Во рамки на меѓународната кампања „Глобална недела на пари“, која се одржуваше неделава, претставници на МФ одржаа повеќе он-лајн предавања за високо, средно и основно образование. Министерот за финансии Фатмир Бесими се приклучи кон кампањата со свое предавање за Буџетот – неговите функции и…

Read More

Вицепремиерот за евопски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во посета на Берлин и Љубљана, претходното и идното претседателство со Европската Унија.Димитров, на покана на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, утре ќе оствари работна посета на Берлин. Покрај Рот, како што соопшти СЕП, во рамки на посетата предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Нилс Шмид, портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјал-демократската партија во Бундестагот, Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во Министерството…

Read More

Пописот не е пазар, не е отворање на алваџиски тефтер, туку спроведување на закон, вели заменик директорот на Државниот завод за статистика Иљми Сељaми во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој не гледа ништо лошо во лобирањето дијаспората да се попише. Запрашан околу впечатокот на јавноста дека министрите  Артан Груби и Бујар Османи одат по Европа и апелираат да се попишат Албанците, тој вели: -Ние како Државен завод за статистика сакаме да се обраќаме до граѓаните, бидејќи пописот се прави за граѓаните. Ова е однос  меѓу Заводот за статистика и граѓаните. Ние им се обраќаме на нив, ние им…

Read More

Хармонизираното содејство на популистичките методи и културниот образец придонесоа за општиот впечаток дека, кога станува збор за владеењето на правото, Србија денеска е многу поблиска до архаичните ориентални деспотии отколку до модерната, манифестно посакувана Европа.

Read More

Дипломатскиот кор во земјава, којшто беше присутен при пристигнувањето на првите 24.000 дози вакцини преку Ковакс механизмот на Меѓународниот аеродром во Скопје, порача дека нивна цел е вакцината да дојде до сите луѓе, бидејќи, посочија, никој не е безбеден додека сите не се безбедни. Американската амбасадорка Кејт Брнз по пристигнувањето на вакцините истакна дека е среќна што вакцините преку Ковакс механизмот пристигнаа денеска во земјава. -Сите земји треба да имаат пристап до вакцините против Ковид-19 со цел да се стави крај на пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 ни покажа дека ниту една нација не може да делува сама кога станува…

Read More