Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Како и за сите други истраги, за осомничениот и во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ се подготвува барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија, соопшти Јавното обвинителство за „Слободен печат“. Јавното обвинителство на РСМ потврди и дека при претресите во становите на Груевски пронајдени се повеќе предмети. Обвинителството сепак ќе ги чека извештаите од МВР како надлежен орган за вршење на претресите па ќе одлучи со кои информации ќе излезе во јавност за да не се попречува натамошното водење на истрагата. -Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“,…
Премиерот Зоран Заев денеска од Велес најави дека утре ќе одржи средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со цел, како што рече, да се разгледаат одредени можности што ни стојат на располагање за да го одблокираме Собранието. Изрази надеж дека блокадата на Парламентот е од времен карактер поради позитивни пратеници на Ковид-19, по чие враќање ќе се стави во функција Собранието за поголем дел од точките на дневен ред и поважните закони. -Еден дел од важните закони за жал се изблокирани. Горчината што ја носиме сите ја носам и јас. Да…
Законот ќе важи за сите, борбата против корупцијата и криминалот, но и одговорноста за сите постапки ќе продолжи уште посилно и уште понеселективно, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. -Покажавме на дело дека нема недопирливи, дека законот важи за сите, дека сега сите се соочени со правдата и одговорноста, ќе ги подобриме уште повеќе условите и уште повеќе млади луѓе ќе веруваат во државата и во институциите ќе се вратат назад. И нема назад од таа политика и од таа работа која што на многу структури во земјата, на…
Реформите во правосудството биле во фокусот на разговорите што денеска во Брисел ги имал министерот за правда Бојан Маричиќ со европратеникот и претседавач на ЛИБЕ Комитетот, Хуан Фернардо Лопе Агулар и хрватскиот европратеник Тони Пицула. Маричиќ, како што соопшти ресорното Министерство, ги потенцирал реформите во судството и се осврнал на проектот за дигитализација на судовите преку кој се дигитализирани над 100 судници. – Тоа ќе придонесе за побрзи и поефикасни судски постапки, а правдата ќе може непречено да биде испорачана и при услови на пандемија, а со тоа ќе се заштити и здравјето на сите вклучени со процесите, се вели…
Нема да има одложување на пописот, изјави денеска премерот Заев апелирајќи сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполат граѓанската обврска кон државата. Одложувањето рече, е беспредметно, затоа што, како што истакна, никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега. -Сега нормално самата пандемија е проблематична тоа не значи дека треба да се откажеме од пописот. Ако сега се откажеме следуваат есента избори, пролетта никој не може да гарантира дека нема да биде иста со бројки како сега, така што треба сите да ја преземеме…
При вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, пронајдено е и одземно оружје, дознава „Слободен печат“ од извори во Обвинителството. Станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага, дознава „Слободен печат“. Според шефицата на јавното обвинителство Вилма Русковска, вчера полицијата и обвинителството извршија претрес во објектите за кои дополнително се обезбедени материјални и вербални докази дека се сопственост на Никола Груевски. Јавното обвинителство на РСМ вчера кратко соопшти дека по барање на Основното јавно обвинителство за гонење…
Сопственикот на компанијата „Брако“ и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека по завршување на пандемијата многу фирми може да стават клуч на врата. Според него излезот е во инвестиции и освојувањето нови пазари. „Најлоша и најтрагична е загубата на човечките животи. Но, ако морталитетот кај луѓето поради пандемијата е 0,5, еден или два отсто, се мери со неколку проценти, во зависност со која база се споредува, што повторувам е наголема трагедија, во економијата морталитетот на фирмите ќе почне од поголеми проценти“, изјави Анѓушев во за Утрински брифинг на Слободна ТВ. Тој смета дека кога сето ова ќе…
Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика ги отфрли забелешките дека кампањата за учество на пописот е насочена кон една етничка заедница, како што се создава вчечаток во јавноста. Таа соопшти дека главниот комуникациски канал се социјалните медиуми и контактите со здруженијата и организациии на иселениците низ светот, иако според неа некои од нив одбиле да соработуваат околу пописот. Таа најави за деновиве голема онлајн дебата во која ќе бидат вклучени сите тие и ќе можат да постават прашања околу дилемите што ги имаат околу статистичката операција. Околу одзивот на пописот таа соопшти дека почнале да растат и бројките во…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од Владата утре на собраниска седница да ги стави на гласање четирите закони што се од инетн интерес на граѓаните, т.е. пакетот со помошта. -Со цел да нема изговори и да излезе на површина фактот кој работи за интересите на граѓаните, а кој за свој личен интерес, барам од Собранието на утрешната седница каде и така има предвидено пратенички прашања, пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони кои се од интерес за граѓаните, стопанството и поврзани со кризната состојба, или поточно: Одлуката…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и министерот за здравство, Вили Берош, утринава во седиштето на владата во Загреб беа јавно вакцинирани со вакцината на „АстраЗенака“. -Мислам дека беше испратена силна порака до медицинската наука и професијата, особено затоа што бевме вакцинирани со „АстраЗенека“, изјави Берош пред новинарите по вакцинацијата. Тој изрази верување дека со вакцинирањето тие, исто така, ги охрабруваат граѓаните „да ги следат по патот на сузбивање на епидемијата и враќање во нормалниот живот“. -Секој вакциниран поединец придонесува во заштитата на населението и е чекор поблиску до старата нормала, но и чекор поблизу до успешна…
Исплатената просечна месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесувала 28.272 денари, што е за 2,7 проценти повисока од истиот месец лани, или зголемување од 732 денари за една година, објави денеска премиерот Зоран Заев. – Согласно податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4%), Уметност, забава и рекреација (8,4%) и Информации и комуникации (8,3%). Според статистика, просечната исплатена нето-плата за јануари е највисока во секторот Информации и комуникации и изнесува 53.928 денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за јануари…
Поради исклучително сложената и тешка здравствена состојба, немање на вакцини за имунизација на населението, како и последиците по бизнисот, укажувам на потребата Парламентот веднаш да профункционира, во спротивно се повеќе се јакнат идеите за прогласување на вонредна состојба, вели претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. Предлага уште денес собранискиот спикер Талат Џафери, да свика координација на сите пратенички групи и независни пратеници на која ќе се утврдат врвните приоритети за кои треба да заседава Парламентот. -Треба да се дефинираат кои се приоритетни закони, посебно оние кои се во функција на заштита на здравјето на граѓаните, спречување на ширење на вирусот…