Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Во негово време Агенцијата за филм доби најмногу признанија, а филмовите многу награди, но се крена прашина и за исплата на филмаџиите за време на кризата со Ковид-19. Ги поддржува младите автори и се спротивставува на авторите кои бараат мегаломански буџети. Во интервјуто за а1он.мк, продуцентот, поранешен директор на Агенцијата за филм, член на Европски продуцентски клуб и Европската филмска академија, Горјан Тозија говори за стратегијата што ја воведе во филмот, за мотивот на нападите кон него и иднината на кинематографијата… Целото интервју за а1он.мк
Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции. Согласно дискусијата, Владата ја усвои Информацијата поднесена од Министерството и донесе серија заклучоци за постапување, како и за зајакнување на работата на институциите од сите области, вклучително и од културата. Имајќи предвид дека сите стручни дејствија кои се содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се имплементираат преку НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и Управата…
Истрагата за плацевите на Водно на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски купени со пари од членарините на сопартијците, се проширува и на новооткриени негови станови купени со пари на членството, дознава СДК.МК. Денеска истражителите на Обвинителството за организиран криминал и корупција вршат претрес во новооткриените станови на Груевски, кои не гласеле на негово име. Информацијата за СДК.МК ја потврди шефицата на ОЈО за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Според првичните информации, еден од новооткриените станови за кои има сомневања Обвинителството дека се стекнати незаконски, гласи на име на една од секретарките на Груевски. Обвинителството не открива на…
Владимир Крстевски, раководител на амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, бил повикан денес на состанок во Министерството за надворешни работи со в.д. директор на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Ива Крулева. Ова се наведува во изјавата на Министерството за надворешни работи за медиумите. Според него, Крстевски бил повикан по наредба на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева. „Причината за разговорот се честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во Република Северна Македонија од страна на службени лица против граѓани на земјата кои декларирале бугарски идентитет или дури и симпатија кон Бугарија и нејзиниот народ“, се додава во соопштението. Бугарската…
Централниот совет на Демократскиот сојуз донесе одлука за самостоен настап на партијата на локалните избори или во коалиција со сродни политички партии, за што го овласти претседателот да води соодветни преговори, соопшти ДС. Оваа одлука била донесена на седницата на Централниот совет, која, како што информираат од партијата, се одржала вчера онлајн на платформата Зум. На седницата се расправало околу актуелните политички случувања, здравствената криза, пописот и претстојните локални избори. Дополнително, на седницата, Централниот совет бил информиран за состојбите околу пандемијата и одржувањето на пописот, при што зазеле став да ги повикаат граѓаните во дијаспората и во Македонија да се…
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес конференција истакна дека целата опозиција во Собранието прави се за да се блокираат сите процеси важни за граѓаните и иднината на државата. -ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица се на спротивната страна од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата. За опозицијата во Собранието не е важно здравјето на нивните колеги, не им е важно здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет, обвини Костадинов. Тој побара од овие пратеници да ја…
Претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп се вршени утрово, дознава „Слободен печат“. Од јавното обвинителство потврдуваат дека имало претреси во објекти во Прилеп но не прецизираат кој станува збор. „Слободен печат“ дознава дека полициски претреси по налог на јавен обвинител се вршени во станови на Никола Груевски во Скопје. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на екс премиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“. Пред две недели во притвор поради плацевите на…
Добитник на „Мостови на Струга“ за 2021 година, награда за најдобра дебитанстка поетска збирка од млад автор (под 35 години), што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ во соработка со УНЕСКO , е српскиот поет Владан Кречковиќ. Според возобновената традиција, оваа одлука беше соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, по повод Светскиот ден на поезијата. Оваа година, свечениот настан се одржа во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, чиј јубилеј беше вклучен во Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО. Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното…
Владата останува посветена на спроведувањето на клучните реформи истакнати во Извештајот на Европската комисија за 2020 година и организирање ефикасен пристапен дијалог со Европската унија. Процесот на интеграција во ЕУ останува стратешки приоритет за развој, стабилност и просперитет на земјата и ние остануваме посветени на овој процес, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во воведното обраќање на денешниот 17. состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика во Европската комисија. Шаќири, кој се обрати во својство на копретседавач, ја потенцираше посветеноста на земјава кон исполнувањето на сите задачи во рамки на Поткомитетот, наспроти сите предизвици…
Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел се сретна со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова. На средбата се разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и за европските интеграции на земјата. Маричиќ на средбата кажа дека владеењето на правото е основа за развој на сите држави, па затоа и земјите кандидатки за членство во унијата треба да бидат вклучени во постојниот механизам за владеење на правото во земјите членки на ЕУ. Маричиќ на Јурова и ја пренел одлучноста на Влада да продолжи со европската агенда…
Министерката за образование, Мила Царовска вели дека основното образование се менуваме затоа што време е децата да излезат од начинот на механичкото учење. -Тие треба не само на слушаат туку и активно да учествуваат во наставниот час. Сигурни сме дека овој нов начин на учење ќе донесе попродуктивни часови, поголема интеракција меѓу учениците, поголема слобода за комуникација со менторот и секако повесели часови. Новата концепција за основното образованието започнува со учениците од прво и четврто одделение од следната учебна година. Децата ќе ги учат обучувани наставници по нови наставни програми и учебници, пишува Царовска на Фејсбук.
Бугарија ја држи како заложник политичката судбина на Северна Македонија со барања без преседан и ја злоупотребува ЕУ и меѓународните правни правила, поради што земјава би можела да покрене правен спор пред меѓународните судови, оценува германската невладина организација „Џаст аксес“ во анализата насловена „Негиран пристап до ЕУ и правдата: Како постапките на Бугарија против Северна Македонија претставуваат злоупотреба на процедуралните правила за пристапување во ЕУ“. Како што пренесува Дојче Веле на македонски, оваа невладина организација, која е специјализирана за меѓународни правни спорови и заштита на човековите права, наведува дека бугарската тактика на „виткање на раката” започна во 2019 година, кога…