Author: Нова ТВ
Македонска пролет, македонска офанзива, будење, нова политика, пресврт… Многу слични изрази искористија партиите за да ги најават своите претстојни активности, посегајќи по пролетта како синоним за будење и промени. Како инспирација за опишување на претстојната партиска „офанзива“, пролетта се најде и во речникот на Програмата на реизбраниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Неговиот опонент Христијан Мицкоски смета дека не е најстрашно што социјалдемократите ја копираат терминологијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку што не ги реализираат најавените активности. „Јавноста се изнаслуша различни најави за некакви акции на власта. Најпрво тие беа дека ќе се случела некаква чистка и раскрстување со компромитираните кадри во…
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година, според кој расте примената на нетранспарентна постапка со преговарање без објавување на оглас. Од Центарот утврдиле дека институциите не се консултираат со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во мониторираниот период, спроведен е технички дијалог само за 1,4 % од тендерите, а и во овој симболичен процес на консултации се забележуваат пропусти. -Во мониторираниот период, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11…
Почина професор Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование и пратеник. Веста за загубата на Герамитчиоски на социјалните мрежи ја објави неговиот син, а денеска членови на СДСМ се простуваат од својот колега. – Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него, објави Радмила Шекеринска. Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет…
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во интервју за „360 степени“ најавува казни за оние што нема да ги примат попишувачите, без оглед од која причина. Тој е зачуден од поттикнувањата бојкот оценувајќи дека тоа го прават тие што не и посакуваат добро на државата. -Тоа е нешто што навистина не можам да го разберам. Тоа се луѓе коишто очигледно не ѝ сакаат добро на сопствената држава и на сопствените граѓани. Не знам, јас со години укажувам, а и во принцип секаде во светот пописот е статистичка операција и таа е во интерес на сите граѓани. Значи, пописот…
„Бурсаќ, ти и жена ти морате да ја напуштите Бањалука до утрото! Не сте баш сигурни. Или попрецизно, не можеме да ви гарантираме безбедност.“
Бугарскиот европратеник и извесувач за Македонија, Илхан Ќучук, се најде на списокот со десет личности и четири организации за кои Кина воведе контрасанкции откако ЕУ стави на црн список четири лица и една организација поради состојбата на Ујгурите во автономниот регион Ксинџијанг. Уште четворица европратеници се наоѓаат на оваа листа. Има и дипломати, институти и семејства на кои им е забрането да тргуваат со Кина. Ќучук, кој е член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, беше меѓу иницијаторите за доделување на наградата „Сахаров“ на активистот за човекови права на Ујгурите, Илхам Токти. Соединетите држави, Европската унија, Велика Британија…
Во Собранието нема да се гласа за законите поврзани со петтиот пакет антикризни мерки за Ковид-19 се додека владејачките партии не соберат мнозинство, односно 61 пратеник. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера попладне го потпиша решението за неодредено одложување на 36. седница што требаше да се одржи денеска, а на која освен овие закони имаше и други 27 точки. Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување. Собранискиот претседател Џафери вчера на прес-конференција го образложи својот потег, обвинувајќи ја опозицијата дека ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците,…
Вработени од некогашното Кичевско здружение на возачи со отворенп писмо бараат од јавната обвинителка Вилма Рускоска да отвори нова истрага и да стави крај на децениското барање правда околу, според нив, незаконското преземање од страна на Милош Милошоски, таткото на актуелниот пратеник во Собранието. -Минатиот месец официјално се обративме до јавното обвинителството, каде ги доставивме сите документи за нашиот децениски случај. Сакаме уште еднаш да ве повикаме вас обвинителке Рускоска да го испитате и да покренете нова истрага за Кичевското Здружение. По низа изгубени пресуди бараме јавното обвинителство да го преземе предметот кој во 2017 година го оформи Специјалното јавно…
Субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија е една од опциите која се разгледува за да се осигура дека парите кои ќе ги добијат ранливите категории ќе ги потрошат за подмирување на сметките за електрична или топлинска енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски. Втората можност, како што рече Бислимовски во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24, е парите за субвенции да се исплаќаат директно на снабдувачот кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства. -Проширувањето на опфат на ранливите категории…
Оваа година прославуваме годишнина од полноправното членство во НАТО. Северна Македонија денеска е дел од трансатлантското семејство на држави и стоиме рамо до рамо со нашите сојузници, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи кој во Брисел учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии. -Ги споделуваме заедничките вредности и сме фокусирани врз заштита на заедничката безбедност, и ширејќи ги вредностите на НАТО во регионот, придонесуваме за надминување на заедничките предизвици заедно, изјави Османи пред почетокот на состанокот на Алијансата. Ова е прв состанок на Советот што ќе се одржи со физичко присуство во…
Собранието на Косово денеска со 67 гласа „за“, 30 „против“ и ниеден воздржан го изгласа лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово. Кабинетот на Курти го сочинуваат 18 членови, од кои тројца вицепремиери. Прв вицепремиер задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог е Бесник Бислими, втора вицепремиерка задолжена за надворешни работи и дијаспора e Доника Грвала, додека трета вицепремиерка за малцински и човекови права е Емилија Реџепи. Нов министер за финансии е Хекуран Мурати, за правда Албулена Хаџиу, за здравство Арбен Витиа, за образование и наука Арберие…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево на иницијатива на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, учествуваше на координативната видео средба заедно со колегите од регионот. Како што информира Секретаријатот за европски прашања, на состанокот биле разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен Балкан. – Се работи за дополнителни дози вон Ковакс механизмот за кои Европската унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА фондовите, се додава во соопштението