Author: Нова ТВ
Владата вечерва упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата. – Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен. Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни до сега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме…
Добитник на „Златен венец“ за 2021 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е британската поетеса,есеист, драматург, професор и креативен директор на „Школата за пишување“ на Универзитетот „Манчестер Метрополитен“. Керол Ен Дафи. Според возобновената традиција, оваа одлука беше соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, по повод Светскиот ден на поезијата. Оваа година, свечениот настан се одржа во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, чиј јубилеј беше вклучен во Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО. Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се…
Одложувањето на пописот не е опција, бидејќи ова е широка операција која се работи месеци наназад преземени се сите мерки, ангажирани се сите капацитети во државата. Веќе неколкупати рековме дека сите највисоки стандарди ќе бидат запазени и во целосост ќе бидат заштитени и попишувачите и оние кои треба да бидат попишани, рече денеска владиниот портпарол Душко Арсовски. Пописот, нагласи тој, е задолжителна операција, односно учеството во пописот е задолжително. Убедени сме, додава Арсовски, дека најголем дел од граѓаните разбираат колку е важно тој да се спроведе. – Во однос на безбедноста уште еднаш ќе повториме дека стандардите за заштита се највисоки…
На прес конференцијата по министерскиот состанок за надворешни работи на ЕУ, високиот претставник Жосеп Борел ги увери земјите од регионот дека тие остануваат приоритет за Унијата. Иако регионот од минатата година не е веќе на агендата на министрите, ниту ЕУ испорачала вакцини на западен Балкан до сега, Борел им упати на лидерите од регионот уверување дека земјите се важни за ЕУ и дека тоа било потврдено на денешниот министерски состанок во Брисел. -Разговаравме за неодамнешната посета на Мирослав Лајчак во регионот и ќе имаме целосна дискусија за Западен Балкан на наредниот Совет за надворешни работи. Западниот Балкан е и ќе…
Свои видео-обраќања на меѓународното чествување на Блаже Конески во Париз имаа претседателот Пендаровски и министерката Стефоска
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изрази надеж дека Собранието ќе даде зелено светло за да се отвори можноста за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра. – Измените на Законот за служба во Армијата во прво читање едногласно поминаа на собраниската Комисија за одбрана и на Законодавно правната комисија. Се надевам дека час поскоро и Собранието ќе даде зелено светло за да отвориме можност за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра и да ставиме крај на политичката злоупотреба на Армијата, наведе Шекеринска на нејзиниот фејсбук-профил.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на Твитер соопшти дека се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија и дека разговарале за пристапниот процес со Скопје и Тирана. -Добра дискусија со МНР Хајко Мас денес. Разменивме мислења за западниот Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побргу, напиша Вархеји на Твитер. Вархеји и Мас разговарале и за поддршката на ЕУ на западен Балкан во борбата против пандемијата од Ковид-19.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја одложи расправата по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот Ковид-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија поради поднесени околу 400 амандмани, изјави за МИА претседателот на комисијата Миле Талевски.…
Граѓанскиот инспекциски совет, формиран од вкупно 26 невладини организации, здруженија на граѓани и високо образовни институции ќе има за цел да се влијае врз Државниот инспекторат за животна средина, меѓутоа и врз другите јавни институции поврзани со оваа проблематика во насока на подобрување на инспекцискиот надзор за намалување на загадувањето. Лилјана Поповска од Зелен институт на денешната онлајн прес-конференција посочи дека оваа кампања се покажала како инзвонредна алатка за вклучување на граѓанските активисти и за влијание врз институциите во насока на поодговорно вршење на своите работи и спроведување на законите. -Добивме потврден одговор, по што се обративме до Инстиутот за…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, доставија писмо упатено до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и до целиот пратенички состав, за важноста на законодавниот дом во процесите поврзани со борбата против корупцијата и криминалот. Во писмото се посочува на потребата од единство во носењето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, заедно со Акцискиот план за нејзино функционирање како и за потребните законски измени поврзани за навремена реализација на…
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска обвини дека опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати. Џафери на прес-конференцијата, што ја свика по прекинување на средбата со координаторите на пратеничките групи, рече дека двајца пратеници од мнозинството од здравствени причини се спречени да учествуваат на утрешната 36. седница, поради што го поставил прашањето за кворумот. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, според него, побарал на седницата да се разгледуваат само продолжување на кризната состојба и трите точки поврзани со мерките за Ковид-19,…
Преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08.30 часот изутрина се евидентирани вкупно 121.520 лица. Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата на РСМ, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и…