Author: Нова ТВ
Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се политизира, особено од страна на политичари и дипломати Албанци и се претставува како важна статистичка операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница. Организациите и друштва на Македонците во дијаспората во последните денови позасилено се вклучија во повикувањето на иселениците да учествуваат во пописот. Обединетата македонска дијаспора ги повикува и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот. До денеска податоци за себе дале близу 80 илјади државјани на Македонија кои над една година претстојуваат во странство или таму трајно…
Петар Богојески од Македонски концепт, во гостувањето во „Студио 10“ го искоментира одложувањето на вонредниот конгрес за смена на Мицкоски кој беше предложен од иницијативниот одбор и требаше да се одржи на 28 март. -Многу едноставно е брате промена на еден човек, а што нудете за возврат стани од „ фотелјата да седма јас“, ако таа иницијатива беше сериозна ќе понудија платформа различна од политиките на Мицкоски . Без платформа без визија за поинакво ВМРО, оваа инцијатива е во рамките на калкулациите на мермерната плата како Мицкоски да остане што подолго на лидерската позција. Мицкоски е кадар на Сашо Мијалков,…
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, разговараше на телефон со шефот на македонската влада, Зоран Заев, за да му го честита реизборот како претседател на СДСМ. – Зборував на телефон со Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. И двајцата се согласивме дека одлуките што двете земји мора да ги донесат во духот на Договорот за добрососедство и пријателство не смеат да се одложуваат и во име на нашата заедничка историја и во името на нашата заедничка европска иднина, објави Борисов на…
Летовите од Северна Македонија и Албанија, од денеска се дозволени на сите грчки аеродроми, а не само на атинскиот како што беше случајот досега, додека пак прекината е забраната за летови од Турција кон Грција, согласно новите упатства (NOTAM) на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.Сепак, ова не значи дека македонските државјани можат авионски да патуваат во Грција, бидејќи забраната за влез на државјани на трети земји е продолжена до 5 април 2021 година. Во министерската одлука што во саботата вечер беше објавена во Службен весник на Грција, а стапи во сила во 6 часот утрово, во посебен член е…
Експертите од Светската здравствена организација (СЗО), истражувајќи го изворот на ширење на коронавирусот во кинескиот град Вухан, навестуваат дека трговијата со диви животни може да биде причината за ширењето на вирусот САРС-КоВ-2, јави „Блумберг“. Меѓународна група експерти на СЗО од 14 јануари речиси еден месец престојуваше во Кина и притоа спроведе заедничко истражување со кинески експерти за да се утврди потеклото на Ковид-19. Експертите на СЗО, наводно, развиле четири главни хипотези за можното потекло на вирусот. Коронавирусот веројатно не влегол во човечкото тело директно од лилјаците на пазарот за морска храна Вухан. Веројатно имало меѓупреносител на вирусот. Истражувачите, исто така,…
Како и што се очекуваше, Владата на денешната седница донесе одлука да биде продолжена да биде продолжен полицискиот час во целата државаод 22:00 до 05:00 часот. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести. Досегашната одлука истекуваше денеска. Епидемиолозите и здравствените власти изјавуваа дека резултатите од полицискиот час во изминативе денови треба да се видат веројатно оваа седмица. Последниве десетина дена Македонија е на самиот врв од третиот бран со многу заболени и починати, а масовната вакцинација уште не е почната. Министерот за здравство, Венко Филипче, неколку пати изјавуваше дека ќе се размислува за порестриктивни мерки ако ситуацијата…
Стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Република Северна Македонија е 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто. Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто. Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто. Од вкупниот број невработени во 2020…
Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска ќе се одржи чествување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески. Настанот е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО. Како што соопшти Министерството за култура, во рамките на настанот, со кој се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на годинашното, 60. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО. По тој повод, со видеопорака ќе се обратат министерката за култура Ирена Стефоска и претседателот на државата…
„Бранители на граѓански права“ наведува дека новинарите се соочуваат со закани, говор на омраза и физички напади. Извештајот нагласува и дека обвиненијата против новинарите се користат како метод за стимулирање на автоцензура.
Воспоставивме нов стандард на политичката сцена, како што личи за државотворна партија, изјави старо-новиот лидер на СДСМ Зоран Заев, кој по денешните внатрепартиски избори им се заблагодари на членовите за масовниот одзив и за поддршката да ја води партијата во трет мандат. -Државотворни партии имаат одговорност да ја унапредуваат демократија во своите редови и во татковината. Ми укажавте чест да бидам по трет пат прв меѓу еднаквите. Чувствувам одговорност да ја оправдам довербата и ќе сторам се достојно да го предводам СДСМ, да биде локомотивата што ќе го движи општеството напред. Денес испишавме историја – рече Заев. Тој јавно се…
Трет претседателски мандат за Зоран Заев во владејачката партија СДСМ. На прес конференцијата изјави дека за краток период добил доверба од различни страни. Нов стандард на македонскста политичка сцена, СДСМ испишува историја, Вистинските државотворни партии ја имаат одговорноста да ја унапредуваат демократијата во своите редови но и во татаковината „Прво довербата од граѓаните на последните парламентарни избори и честа да ја водам владата и да му служам на овој народ и на оваа наша прекрасна земја. Доверба искажаа и пратениците во највисокиот законодавен дом – Собранието. Денеска македонските социјалдемократи ставија потпис и печат на нивната доверба во мене.…
Зоран Заев со 60.840 гласа „за“, 888 „против“ и со 249 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори. Заврши гласањето на непосредните партиски избори на СДСМ, при што за прв пат членовите директно гласаа на избори. Единствен кандидат беше актуелниот партиски лидер Зоран Заев. „На сите 237 избирачки места во сите општини се спроведоа целосно безбедни избори со строго почитување на здравствените препораки, со излезност од 90%“, информираа на прес-конферeнција од партиската Централната Изборна Комисија. Промовирајќи ја својата програма како кандидат за претседател на партијата, Заев истакна дека таа е базирана на пет клучни…