Author: Нова ТВ

Од Руската амбасада за Сител велат дека досега не коментирале изјави  на поедици, но овој пат ќе направат исклучок.  „Амбасадата не ги коментира изјавите на поединечни лица, без оглед на тоа колку се фантастични. Во исто време, земајќи ја предвид посебната важност на ова прашање за граѓаните на Северна Македонија, овој пат ќе направиме единствен исклучок – немаше и нема да има никакви посредници во набавката на вакцини за РСМ: Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори“, велат од руската амбасада. Повеќе медиуми објавија дека…

Read More

СДСМ одлучи да погледне како е низ светот и да создаде нов македонски модел за дигитални, Ковид безбедни, опторни на манипулации, современи и крајно демократски партиски избори

Read More

Грција ги укина ограничувањата за летовите од Турција, Албанија и Северна Македонија, кои беа воведени за спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти во неделата нејзиниот орган за цивилно воздухопловство (ИПА). Како што јавува Ројтерс, сите патници од странство ќе треба да покажат дека имаат негативен тест за Ковид-19, направен во рок од 72 часа пред нивното пристигнување, соопшти ИПА. Тие исто така ќе мора да бидат во карантин дома или во нивното место на престој седум дена. ИПА исто така го зголеми лимитот за посетители од Русија, на 4.000 неделно од 500 претходно, со дозволени летови до аеродромите во Атина,…

Read More

Денес за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни внатрепартиски избори, порача партискиот лидер и премиер Зоран Заев, кој единствен кандидат за уште еден четиригодишен мандат. „Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ“, напиша Заев на фејсбук, откако и тој го искористи правото на глас. Инаку, право на глас имаат 68 999 членови. Како што истакнаа од Централна изборна комисија, до 12 часот најголем одзив од…

Read More

Од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека претходниот двонеделен полициски час успеал да ја стабилизира состојбата, меѓутоа во текот на следата недела ќе се знаат точните ефекти. -Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти коишто се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети коишто со менаџирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат…

Read More

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот фејсбук-профил објави дека досега се самопопишале 99.500 лица од дијаспората, од кои само во изминатите 24 часа над 11.500 лица. – Нашата дијаспора навистина е најдобра на свет. Попишувајте се на  https://census.stat.gov.mk/ , напиша Груби.

Read More

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев најавува дека планира да се натпреварува за уште еден градоначалнички мандат, но истовремено има амбиција да влезе во трка и за нов партиски лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели тој во интервју за најновиот број на неделникот Фокус, веќе подолго време работи на програма за унапредување на ДПМНЕ. Но, доколку не успее да застане на чело на партијата, Јанчев тврди дека нема намера да формира нова партија. -Нема да формирам нова политичка партија, туку тогаш можно е да си го побарам вториот мандат од граѓаните на Кавадарци, па потоа би размислувал за друго нешто. Односно, дали и понатаму…

Read More

Електронското издание на бугарскиот весник „24 часа“ пренесува дека полковник Петар Петров од Министерството за одбрана е еден од 6-те уапсени за шпионскиот скандал. Денеска Воениот суд на Бугарија ќе одлучи со какви мерки на притвор ќе бидат пет од нив. Меѓу нив е и полковникот Петров. Тој е заменик-шеф на Дирекцијата за планирање, програмирање и буџет во Министерството за одбрана, а претходно беше експерт во бугарското Министерство за одбрана. Освен што е војник, тој е и страствен тенисер. Не случајно, некои од конспиративните состаноци на групата, предводени од Иван Илиев, се одржаа на суд во Софија. Пред една година,…

Read More

Под мотото „Собир за слободатa“, денес во организација на Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ се одржа протест пред штипскиот затвор, каде, според организаторот на протестот, затворени се уставобранители, а не криминалци. Како што рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт, тие лежат во затвор поради љубовта кон Македонија. Инаку, се работи за лица што беа осудени поради упадот во Собранието во 2017 година. -Не само што не се заборавени, тие за нас тука присутните, а верувам дека и во секој македонски дом денеска, се современите маченици во 21-иот век. Маченици кој е наш светол симбол, наши светилници, дека во најцрните времиња…

Read More

Во целост ги демантирам лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека Република Северна Македонија преку „посредник – српски државјанин“, ја набавила вакцината против Ковид 19, Спутник В производство на рускиот Центар „Гамалеја“. Станува збор за чиста лага. Набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата. Првите 3.000 дози вакцини веднаш пристигнаа откако МЗ го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од производителот на вакцината Спутник В. За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В,…

Read More

„Веќе 11 години не успеваме да го добиеме назад она што ни беше одземено незаконски. 11 години се обидуваме да докажеме дека таткото на Антонио Милошоски, Милош на мафијашки начин го презеде техничкиот преглед за автомобили во Кичево и не избрка сите вработени. Моќник, како што се нарекува во судските процеси, Милошоски со неговиот татко користејќи ја политичката моќ успеа со низа притисоци да го преземе здружението. Се виде и од аудио снимките дека Антонио ја користел својата позиција да нанесува штета на луѓе за сопствена корист. Влијаел на судии, на сведоци за да го добие тоа што го сака“,…

Read More

Првата земја што ќе ја посети следниот премиер на Бугарија, е Република Северна Македонија. Прво, затоа што веќе создадовме проблем меѓу двете земји и тоа е од октомври минатата година, кога Бугарија реши да ја сопре преговарачката рамка. Ние не ставивме вето, но се покажа дека двете меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и Република Албанија беа сопрени од нас во времето на германското претседателство. Ова го истакна д-р Гема Грозданова, меѓународен секретар на ПП „Републиканците за Бугарија“ и лидер на листата на партијата за „24 МИР-Софија“ во програмата на „Дарик Радио“. Според неа, ова беше важен приоритет за германското…

Read More