Author: Нова ТВ

Договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати, вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска за РСЕ

Read More

Лејла Агиќ е една од најмладите пратенички во регионалниот бриселски парламент. Родена во Белгија од босански родители бегалци од војната, Агиќ денес ја води една од најтешките политички битки: признавање и казнување на сајбер насилството, на кое и таа самата е редовно изложена. Во разговор за МИА, Лејла Агиќ објаснува што предлага за да се стави крај на овој феномен кој во 90 отсто од случаите ги засега жените и девојчињата и бара од Европската Унија да го сфати феноменот сериозно во своите преговори со големите социјални платформи. Дали можете да ни објасните каков предлог закон поднесовте неодамна за борба…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна објавена на интернет страницата на Министерството се осврнува на фискалната децентрализација: Минатата недела Министерството за финансии ја информираше Владата дека започнува со реформа која ќе ја унапреди фискалната децентрализација во земјава. Предвидено е спроведување на повеќе мерки и активности, кои треба истовремено да го зајакнат фискалниот капацитет на општините и контролата за домаќинско, транспарентно и отчетно работење. Планирано е да започне сеопфатен процес на јавни консултации со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), меѓународните развојни партнери, академската заедница, деловната заедница и останатите засегнати општествени чинители и низ еден инклузивен и транспарентен процес…

Read More

Угур Сахин, основач на компанијата БионТек (BioNTech), која со Фајзер (Pfizer) ја разви вакцината против КОВИД-19, верува дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото. Германците сè повеќе се нетрпеливи во однос на рестриктивните мерки наметнати поради корона вирусот, а владите на ЕУ се критикувани за бавната вакцинација на населението и тешкотиите при набавката на вакцините. Сахин, основачот на германската компанија БиоНТек, смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот повеќе нема да претставува таков проблем. „Во…

Read More

Растечката и забрзана примена на новите ИКТ технологии во речиси сите сегменти од општеството, особено дојде до израз во образованието кое треба да ги подготви младите за дигиталната ера – општество кое се темели на технологијата. Во Северна Македонија пандемијата на Ковид-19 ја наметна потребата од онлајн настава, која беше исправена пред бројни предизвици од аспект на постоењето информатичка инфраструра, се до обученоста на наставниот кадар за примена на дигиталните технологии во едукативниот процес. Во фокусот беше поместено прашањето на дигиталното образование кое подрзабира поседување дигитална писменост, односно дигитални вештини и компетенци кај наставниците и учениците, како и иновативна педагогија…

Read More

Дали накоро ќе бидат донесени законите што треба да овозможат реализација на мерките за работодавачите погодени од кризата да можат да им исплатат плати на вработените ќе се знае во вторник, 23 март, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред се и овие законски решенија. Компаниите се жалат дека поради нефункционалноста на Собранието не можат навреме да ги добијат платите и најавуваат дека ако тоа не се случи наскоро, може да се најдат во состојба да отпуштаат работници. Власта уверува дека пари за февруарската плата ќе има навреме, но потенцираат дека тоа зависи од пратениците. Ако нема…

Read More

Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Нова проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, како што веќе беше најавено ќе се прави утре, а Комисијата за заразни болести и министерот Филипче сметаат дека на почетокот на неделава ќе имаме…

Read More

Близу 69.000 членови на СДСМ денеска ќе избираат претседател на партијата на први директни, внатрепартиски избори. Единствен кандидат претседател е актулениот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев. За неговата кандидатура треба да се изјаснат сите активно регистрирани членови на СДСМ. Изборите ќе се спроведат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 19 часот. Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој се пријавени за гласање  68 999 членови, обезбеден…

Read More

Премиерот Зоран Заев има големи очекувања од словенечкото претседавање со ЕУ кое почнува од 1 јули, годинава. Тој во интервју за словенечко „Дело“ изразува верување дека како земја членка на ЕУ, која недвосмислено ја реафирмираше својата определба за проширување со земјите од Западен Балкан, Словенија ќе направи сѐ што треба ЕУ да не ги изгуби европските вредности и принципи и ќе продолжи да ја испраќа кон земјите кандидати пораката за поддршка за членство. Ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Северна Македонија, вели тој. -Точно е дека со неодобрувањето на преговарачката рамка…

Read More

Американското министерството за правда соопшти дека македонски и руски државјанин се осудени на казна затвор за нивните улоги во транснационална операција за компјутерски криминал, одговорна за кражба на 568 милиони долари ширум светот. 31 годишниот македонски државјанин Марко Леопард е осуден на 5 години затвор, а 33 годишниот руски државјанин Сергеј Медведев на 10 години затвор. Двајцата претходно се изјасниле за виновни. Медведев е ко-основач и администратор на Инфрауд, онлајн криминално претпријатие кое постоело за да ги збогати своите членови и соработници преку огромен број кривични дела, како кражба на идентитет и финансиска измама, наведува министерството. Тој беше уапсен во…

Read More

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред два дена давала исказ за случајот со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Предметот за тоа дали постоело бегство го води Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, а надлежна обвинителка е Ленче Ристоска. Русковска информацијата дека давала исказ ја соопшти денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77. На прашањето дали има информации што се случувало со Мијалков периодот кога беше недостапен или се уште трае истрагата, обвинителката одговори: „Знам дека колешката Ленче Ристоска го води тоа. Во четвртокот имаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија…

Read More