Author: Нова ТВ

Масовната вакцинацина на населението ќе започне или со вакцината на „АстраЗенека“ или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја. Ова го соопшти минситерот за здравство Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општата болница во Кочани. -Секојдневно сме во комуникација. Производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството со Ковакс системот, сите тие се…

Read More

Финансиски скандали ја тресат ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски не одговора која е неговата улога во финансискиот скандал поврзан со германскиот пратеник Цех, порача Социјалдемократскиот сојуз. Владејачката партија наведува дека ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски никако да се одлепи од скандали, откако угледните германски медиуми “Шпигел” и “Фокус”, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“. Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои според германските медиуми, Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ. „По оставката на…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за интернет изданието на словенечко „Дело” го пренесува искуството на земјата со хибридните кампањи со кои се соочува и истакнува дека тие се придружувани постојано со дезинформации, со ширење говор на омраза, со штети по македонскиот идентитет, со подгревање опасен внатредржавен и меѓудржавен национализам и други облици на хибридни закани против демократијата во нашето општество и во регионот. „Она што треба да го знаат граѓаните на Словенија, на Северна Македонија и на сите земји во регионот и во светот кои се справуваат со пропагандните лаги, е дека владите кои…

Read More

Задолжителен карантин за враќање во Словачка од 22 март ќе важи за сите, вклучително и за оние кои биле вакцинирани против коронавирусот или закрепнале од инфекцијата, одлучи канцеларијата за јавно здравје на земјата. Одлуката беше оправдана со премалку информации за новите мутации на вирусот. – Тоа е превентивна мерка затоа што се уште го сумираме знаењето за новите мутации, вклучително и знаење за можни реинфекции и инфекции по вакцинацијата – изјави портпаролката на канцеларијата Даша Рачкова. Одлуката нема да важи за медицинските работници кои доаѓаат да им помагаат на словачките граѓани.

Read More

„Оваа година славиме три годишнини кои силно ја илустрираат современата историја и развој на Северна Македонија: 30 години од прогласувањето независност, 20 години од Охридскиот рамковен договор и 1 година од нашето членство во НАТО. Поубав пресек од тоа каде беше и каде е денеска нашата земја не може да се посака. Има ли нешто поубаво од мозаик? А, македонскиот мозаик сјае со најубавите бои”, потенцира претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за електронското издание на угледниот словенечки весник „Дело”. Премиерот Заев во интервјуто вели дека со Охридскиот рамковен договор во август 2001 година беше ставен крај на конфликтот…

Read More

Одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и процесот е отворен за сите сугестии и предлози во насока на најдобро решение кое ќе ги опфати сите аспекти за заштита на природата на планината, како и на другите аспекти за заштита. Ова, како што соопшти владината прес-служба, го порачаа премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на средба со претставници на повеќе граѓански организации од сферата на заштитата на природата и животната средина, предводени од организациите „Го сакам Водно“ и „О2“, како и повеќемина експерти…

Read More

Дали јавноста ќе му пресуди на годинешниот македонски претставник на Евровизискиот натпревар Васил Гарванлиев и дали тој ќе остане или замине за Ротердам, зависи од одлуката на Македонската радио телевизија која треба да биде донесена денеска. За ДВ Гарванлиев вели: „Музиката е мојот искрен пасош. Јас сум амбасадор на музика, полн со приказни, корени и нема никогаш да се извинам за тоа.“ Разговорот погледнете го тука

Read More

Во ниту еден од 87-те случаи на напади врз новинари или имот на медиуми, ниту еден обвинител во Црна Гора не е сменет, ниту пак одговарал дисциплински, дури никој не беше казнет ни парично поради пропусти во истрагите.

Read More

Први внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, со само еден кандидат – актуелниот лидер на партијата и премиер Зоран Заев, по што се најавени кадровски промени во врвот на партијата, барање за вонреден конгрес на незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ, обединување и повик за нови членови, први чекори за реализација на договорот за надминувања на несогласувањата во партиското раководство во ДУИ… Дали овие случувања навестуваат промени во трите најголеми партии во земјата во можеби најтешката година за нас поради кризата предизвикана од Ковид-19 и во пресрет на локалните избори? Близу 69.000 членови утре ќе избираат претседател на СДСМ. Ова ќе бидат…

Read More

Северна Македонија стана лакмусов тест за кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија, и затоа преговорите за нејзино пристапување во Унијата не смеат и понатаму да се одложуваат, истакнува министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еурактив, кое го пренесува МИА. – Одложувањето на почетокот на преговорите, кои ја засегаат и Албанија, би било сериозна геостратешка грешка бидејќи ќе има последици за целиот балкански регион, нагласува Османи. Напредокот на Северна Македонија во прифаќањето на различностите, помирувањето и односите со соседните земји, според него, треба да се гледа како репер за регионот…

Read More

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почнало да ја собира докоментацијата од генералниот секретаријат на Владата и другите институции и фирмата Инвока-груп за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски. -Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање, изјави обвинителката Вилма Русковска за ТВ 24. Во меѓувреме Рашковски ја покани ВМРО-ДПМНЕ преку поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на дуел. -Правните дилеми треба да…

Read More

Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) во четвртокот потврди дека вакцината АстраЗенека е безбедна и ефикасна, имунизацијата со вакцината денес продолжи во повеќе европски земји. Премиерот на Франција, Жан Кастекс, денес ја прими првата доза на вакцината „АстраЗенека“ во болницата Бегин, во Сен Манде, близу Париз. Вакцината треба да ги увери Французите во нејзината исправност, по краткоти прекин на имунизацијата со неа против ковид-19,. – Не чувствував ништо, иако сум малку нежен, коментираше 55-годишниот премиер. Вакцината денес ја примија и словенечките политичари во Љубљана, вклучувајќи ги премиерот Јанез Јанша, претседателот Борут Пахор, претседателот на парламентот Игор Зорчиќ и претседателот на…

Read More